Август Фердинанд Мебиус: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 59: Ред 59:
* [http://www.genealogy.ams.org/id.php?id=35953 А. Ф. Мебиус] - Математичка генеалогија {{en}}
* [http://www.genealogy.ams.org/id.php?id=35953 А. Ф. Мебиус] - Математичка генеалогија {{en}}
* [http://youtube.com/watch?v=JX3VmDgiFnY Визуелен приказ на Мебиусовите трансформации] (со пишани објаснувања) - [[YouTube]] {{en}}
* [http://youtube.com/watch?v=JX3VmDgiFnY Визуелен приказ на Мебиусовите трансформации] (со пишани објаснувања) - [[YouTube]] {{en}}


{{нормативна контрола|VIAF=27139308}}


{{Лични податоци
{{Лични податоци
Ред 69: Ред 72:
| PLACE OF DEATH = [[Лајпциг]]
| PLACE OF DEATH = [[Лајпциг]]
}}
}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мебиус, Август Фердинанд}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мебиус, Август Фердинанд}}



Преработка од 20:23, 26 септември 2014

Август Мебиус
August Ferdinand Möbius
Август Фердинанд Мебиус
Роден(а)17 ноември 1790(1790-11-17)
Шулпфорта, Саксонија-Анхалт, Германија
Починал(а)26 септември 1868(1868-09-26) (возр. 77)
Лајпциг
ЖивеалиштеГерманија
НационалностГерманец
Полињаматематика
УстановиЛајпцишки универзитет
ОбразованиеЛајпцишки универзитет
Гетингенски универзитет
Универзитет во Хале
Докторски менторЈохан Пфаф
Други менториКарл Фридрих Гаус
Карл Молвајде
ДокторандиОто Вилхелм Фидлер
Други значајни студентиХерман Ханкел
Познат поМебиусова лента
Мебиусови трансформации
Мебиусова функција
Мебиусова инверзија
Мебиус–Канторов график

Август Фердинанд Мебиус (герм. August Ferdinand Möbius, 17 ноември 179026 септември 1868) — германски математичар и астрономски теоретичар.

Најпознат е по октривањето на Мебиусовата лента - неориентабилна дводимензионална површина која има само една страна кога е вметната во тридимензионален Евклидов простор. Оваа лента независно ја открил и Јохан Бенедикт Листинг, и тоа во истиот период. Го открил и Мебиусовиот распоред (конфигурација), составен од два заемно впишани тетраедри. Мебиус бил првиот математичар што вовел хомогени координати во проективната геометрија.

Заслужен е за многу математички идеи, вклучувајќи ги Мебиусовите трансформации кои играат важна улога во проективната геометрија, и Мебиусовата трансформација на теоријата на броевите. Работејќи со теоријата на броевите, ги осмислил важните математички идеи Мебиусова функција μ(n) и Мебиусовата инверзија. Во областа на Евклидовата геометрија, Мебиус систематски изработил начин на означување на аглите и отсечките како метод на упростување на резултатите и нивно сведување на еден облик.[1]

Мебиус е роден во Шулпфорта, Саксонија-Анхалт. По мајчина линија е потомок на прочуениот црковен реформатор Мартин Лутер.[2] Математиката ја изучувал кај истакнатиот математичар Карл Фридрих Гаус и Јохан Пфаф. Починал во Лајпциг во 1868, на возраст од 77 години.

Собрани дела

Занимливости

Во негова чест е именуван кратерот Мебиус на Месечината и астероидот28516 Мебиус“.

Поврзано

Наводи

  1. Howard Eves, A Survey of Geometry (1963), стр. 64 (прераб. издание 1972, Allyn & Bacon, ISBN 0-205-03226-5)
  2. Предлошка:Цитирана книга

Надворешни врски


Предлошка:Лични податоци