Вуелта а Еспања: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 36: Ред 36:
{{Светска турнеја UCI}}
{{Светска турнеја UCI}}
{{Вуелта а Еспања}}
{{Вуелта а Еспања}}
{{Генерален пласман на Вуелта а Еспања}}
{{Планински пласман на Вуелта а Еспања}}
{{Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања}}
{{Комбиниран пласман на Вуелта а Еспања}}
{{Вуелта а Еспања Бодовен пласман}}
{{Бодовен пласман на Вуелта а Еспања}}


[[Категорија:Вуелта а Еспања| ]]
[[Категорија:Вуелта а Еспања| ]]

Преработка од 13:56, 17 септември 2014

Вуелта а Еспања
Лого на трката
За трката
Датумсептември (од 1995)
РегионШпанија
Месно имеVuelta Ciclista a España Предлошка:Es icon
ПрекарВуелта
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја UCI
ВидГранд Тур
ОрганизаторUnipublic
Директор на тркатаХавиер Гвиљен
Историја
Прво одржување1935 (1935)
Одржувања69 (до 2014)
Прв победник Густаф Делор (БЕЛ)
Најмногу победи Тони Ромингер (ШВА)
 Роберто Ерас (ШПА)
 Алберто Контадор (ШПА)
(3 победи)
Неодамнешен победник Алберто Контадор (ШПА)

Вуелта а Еспања (шпански: Vuelta a España; позната и како Трка околу Шпанија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Шпанија, иако повремено поминува и низ соседните земји. Поттикната од успехот на Џиро д’Италија и Тур де Франс, трката била првпат организирана во 1935.[1] Трката била спречена да биде одржана низ периодот на двете светски војни и Шпанската граѓанска војна во раните години на нејзиното постоење; меѓутоа, трката започнала да се вози секоја година од 1955.[1] Како Вуелта постигнувала значајност и популарноста на трката растела, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Од 1979, трката е организирана од Unipublic. Групата на возачи на почетокот била составена само од шпански велосипедисти, но сега секоја година учествуваат возачи од целиот свет. Вуелта е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката се главно UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[2][3]

Заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[4] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на најмалку два хронометра, премин низ планинскиот масив на Пиринеите и завршница во шпанскиот главен град Мадрид. Поновите изданија на Вуелта а Еспања се состои од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.

Сите етапи се мерат на крајот, а завршните времиња на возачите се составени од нивните претходни етапни времиња. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната црвена маичка. Додека генералниот пласман привлекува најголемо внимание, постојат и други пласмани на трката: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, комбинираниот пласман за сите универзални возачи и екипниот пласман за најбрзите екипи. Вуелта а Еспања 2012 била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[5][6]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Предлошка:Цитирана веб страница
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
  5. Предлошка:Цитирана веб страница
  6. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски

Предлошка:Светска турнеја UCI