Нестрам (општина): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с fixing dead links
Ред 22: Ред 22:


== Населени места ==
== Населени места ==
Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“<ref>[http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref> со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.
Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“<ref>[http://web.archive.org/web/20100705024807/http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref> со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.


'''''Напомена''': Називите „Акритес“ и „Аренес“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.''
'''''Напомена''': Називите „Акритес“ и „Аренес“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.''

Преработка од 15:03, 8 септември 2014

Општина Нестрам
Δήμος Νεστορίου

Општина Нестрам
на картата на Западна Македонија.

Нестрам од планината Горуша.
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Костур
Гео. област: Нестрамкол
Население: 2598 (2001)
Седиште: Нестрам
Нас. места: 24
Пошт. бр.: 520 51
Пов. бр.: 24670-31
Портал: nestorio.gr

Нестрам (грчки: Δήμος Νεστορίου, Димос Несториу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Општината ги опфаќа селата во областа Нестрамкол, а нејзин административен центар е истоименото село Нестрам. Населението брои 2 598 жители (2001).

Населени места

Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.

Напомена: Називите „Акритес“ и „Аренес“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Нестрам

Според пописот од 2001 г., општината Нестрам има 1 782 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Поранешната општина Нестрам на картата на некогашниот округ Костур.
  • Општински оддел Нестрам (1 214 жители)
  • село Нестрам (Νεστόριο, Несторио) (954 жители)
  • село Јановене (Γιαννοχώρι, Јанохори) (17 жители)
  • село Омотско (Λειβαδοτόπι, Ливадотопи) (41 жители)
  • село Пеликат (Μονόπυλο, Монопило) (20 жители)
  • село Радигоже (Αγία Άννα, Агија Ана) (70 жители)
  • село Слимница (Τρίλοφος, Трилофос) (31 жители)
  • село Стенско (Στενά, Стена) (3 жители)
  • село Тухол (Πεύκος, Певкос) (78 жители)
  • Општински оддел Грче (396 жители)
  • село Дреничево (Κρανοχώρι, Кранохори) (270 жители)
  • село Грче (или Гратче; Πτελέα, Птелеја) (56 жители)
  • село Долно Грче (или Долно Гратче; Κάτω Πτελέα, Като Птелеја) (70 жители)
  • Општински оддел Котелци
  • Општински оддел Селско

Јановени, Омотско, Пеликат, Тухол, Стенско и Слимница немаат постојани жители (2001).

Во општинската единица има неколку отселени места за време на Граѓанската војна:

  • Дреново (Γλυκονέρι, Гликонери);
  • Загар (Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас);
  • Котелци (Κοτύλη, Котили), кое географски припаѓа на Епир;
  • Мирославци (Μυροβλήτης, Мировлитис), кое географски припаѓа на Епир;
  • Лисотер (Περιστερά, Перистера);
  • Чука (Τσούκα или Αρχάγγελος, Цука или Архангелос).

На територијата на општинската единица се наоѓаат и атарите старите и одамна отселени влашки грамоштенски села Линотопи (Λινοτόπι), Ветерник (Βετέρνικ, Βετέρνικο) и Фусија (Φούσια).

Општинска единица Акритес

Поранешната општина Акритес на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општината Акритес (Δήμος Ακριτών)со седиште во Ревани има 1 109 жители и и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места в източното подножје на планината Грамошта (Грамос):

  • Општински оддел Ревани (733)
  • село Ревани (Διποταμιά, Дипотамија) (624 жители)
  • село Зеленград (Μεσόβραχο, Месоврахо) (42 жители)
  • село Калевишча (Καλή Βρύση, Кали Вриси) (67 жители)
  • Општински оддел Грлени
  • село Грлени (Χιονάτο, Хионато) (155 жители)
  • Општински оддел Крчишча
  • село Крчишча (Πολυάνεμο, Полианемо) (63 жители)
  • Општински оддел Шак
  • село Шак (Κομνηνάδες, Комнинадес) (158 жители)

На територијата на демовата единица е и денес напуштеното Ново Село (Κορφούλα, Корфула).

Општинска единица Аренес

Поранешната општинска целина Аренес на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општинската целина Аренес (Κοινότητα Αρρένων)со седиште во Борботско има 623 жители и опфаќа четири села:

  • Општински оддел Борботско
  • Општински оддел Жужел
  • село Жужел (Ζούζουλη, Зузули) (84 жители)
  • Општински оддел Слатина (246 жители)
  • село Слатина (Χρυσή, Хриси) (210 жители)
  • село Висанско (Πευκόφυτο, Певкофито) (36 жители)

Општинска единица Грамошта

Поранешната општинска целина Грамошта на картата на некогашниот округ Костур.

Според пописот од 2001 г., општината Грамошта (грцизирано: Грамос; Κοινότητα Γράμου) се состои од само едно населено место — селото Грамошта и има 28 жители.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски