Лагадина (општина): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с fixing dead links
Ред 22: Ред 22:


== Населени места ==
== Населени места ==
Општината Лагадина е содадена на на 1 јануари 2011 г. со спојување на седум административни единици — општините Лъгадина (Лангадас), Лахна (Лаханас), Гвоздово (Асирос), Сухо (Сохос), Калиндија, Лагадинско Езеро (Коронија), Богданска Планина (Вертискос) согласно законот „Каликратис“.<ref>[http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref>
Општината Лагадина е содадена на на 1 јануари 2011 г. со спојување на седум административни единици — општините Лъгадина (Лангадас), Лахна (Лаханас), Гвоздово (Асирос), Сухо (Сохос), Калиндија, Лагадинско Езеро (Коронија), Богданска Планина (Вертискос) согласно законот „Каликратис“.<ref>[http://web.archive.org/web/20100705024807/http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref>


=== Општинска единица Богданска Планина ===
=== Општинска единица Богданска Планина ===

Преработка од 12:41, 8 септември 2014

Општина Лагадина
Δήμος Λαγκαδά

Општината Лагадина во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област:
Население: 41 194 (2001)
Седиште: Лагадина
Нас. места: 43
Пошт. бр.: {{{поштен_број}}}
Пов. бр.: 23940-2
Портал: lagadas.gr

Лагадина или Лагадин (грчки: Δήμος Λαγκαδά, Димос Лангада) — општина во Солунскиот округ од областа централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар на општината е градот Лагадина (Лангадас).

Населени места

Општината Лагадина е содадена на на 1 јануари 2011 г. со спојување на седум административни единици — општините Лъгадина (Лангадас), Лахна (Лаханас), Гвоздово (Асирос), Сухо (Сохос), Калиндија, Лагадинско Езеро (Коронија), Богданска Планина (Вертискос) согласно законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Богданска Планина

Според пописот од 2001 г., општината Богданска Планина (Δήμος Βερτίσκου) со административен центар во Висока (Оса) има 3.350 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места на Богданската Планина (Вертискос):

Поранешната општина Богданска Планина на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Висока (996 жители)
  • село Висока (Όσσα, Оса) (835 жители)
  • село Кучкар (Γαλήνη, Галини) (161 жители)
  • Општински оддел Берово (452 жители)
  • село Берово (Βερτίσκος, Вертискос) (389 жители)
  • село Хорут (Χωρούδα, Хоруда) (63 жители)
  • Општински оддел Лофискос (638 жители)
  • Општински оддел Хаџи Маала (1.264 жители)
  • село Хаџи Маала (Πέντε Βρύσες, Пенде Врисес) (757 жители)
  • село Џами Маала (Πολυδένδρι, Полидендри) (507 жители)

Општинска единица Гвоздово

Според пописот од 2001 г., општината Гвоздово (Δήμος Ασσήρου) со административен центар во Гвоздово (Асирос) има 2.481 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места во северниот дел на Лагадинското Поле:

Поранешната општина Гвоздово на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Гвоздово (2.481)
  • село Гвоздово (или Ѓувезна; Άσσηρος, Асирос) (2.264 жители)
  • село Ексамили (Εξαμίλι, Ексамили) (217 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Ново Село

На територията на општинската единица се наоѓа и историското село Гнојна (Παλαιοχώρα, Палеохора).

Општинска единица Лагадина

Според пописот од 2001 г., општината има 16.836 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места во Лагадинското Поле:

  • Општински оддел Лагадина
  • град Лагадина (или Лагадин; Λαγκαδάς, Лангадас) (7.215 жители)
  • Општински оддел Куровали
  • Општински оддел Ракли
  • село Ракли (или Аракли, Ηράκλειο, Ираклио) (914 жители)
Поранешната општина Лагадина на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Баловец
  • село Баловец (Балевец или Балавча; Κολχικό, Колхико) (1.959 жители)
  • Општински оддел Каваларци
  • село Каваларци (или Кавалар, Καβαλλάρι, Кавалари) (1.874 жители)
  • Општински оддел Лагиново
  • село Лагиново (или Лајна, Λαγυνά, Лагина) (2.409 жители)
  • Општински оддел Сирачево
  • село Сирачево (или Сарачи, Περιβολάκι, Периволаки) (841 жители)
  • Општински оддел Саријер
  • село Саријер (Саријар или Сариер; Χρυσαυγή, Хрисавги) (1.018 жители)

Општинска единица Лагадинско Езеро

Според пописот од 2001 г., општината Лагадинско Езеро (грч. Коронија, т.е. Δήμος Καλλινδοίων) до административен центар во Јеракару има 4.286 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик, по јужниот брег на Лагадинското Езеро (Корония):

Поранешната општина Лагадинско Езеро на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Јеракару
  • село Јеракару (Γερακαρού; веројатно старо Геракарци) (1.293 жители)
  • Општински оддел Свети Васил
  • село Свети Васил (или Аја Васил; Άγιος Βασίλειος, Агиос Василиос) (1.275 жители)
  • Општински оддел Ардамери
  • Општински оддел Левен
  • село Левен (Βασιλούδι, Василуди) (681 жители)
  • Општински оддел Љангавич
  • село Љангавич (Λαγκαδίκια, Лангадикија) (729 жители)

Општинска единица Лахна

Според пописот од 2001 г., општината Лахна (Δήμος Λαχανά) со административен центар во Негован (Ксилополи) има 3.779 жители и во неа влегуват следние општински оддели и населени места во северниот дел на Богданската Планина (Вертискос):

Поранешната општина Лагадина на картата на некоашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Негован
  • село Негован (Ξυλόπολη, Ксилополи) (1.381 жители)
  • Општински оддел Зарово
  • село Зарово (Νικόπολη, Никополи) (315 жители)
  • Општински оддел Караџаќој (891 жители)
  • Општински оддел Клепе
  • село Клепе (Λευκοχώρι, Левкохори) (406 жители)
  • Општински оддел Лахна (786 жители)
  • село Лахна (Λαχανάς, Лаханас) (542 жители)
  • село Ајвалакдере (или Ајваџикдре; Κυδωνιά, Кидонија) (61 жители)
  • село Караџали (Ευαγγελίστρια, Евангелистрија) (183 жители)

Општинска единица Калиндија

Според пописот од 2001 г., општината Калиндија (Δήμος Καλλινδοίων) со административен центар во Загливер има 4.689 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места во северниот дел од полуостровот Халкидик:

Поранешната општина Калиндија на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Загливер
  • село Загливер (Ζαγκλιβέρι, Загливери) (2.311 жители)
  • Општински оддел Адам
  • село Адам (Αδάμ) (781 жители)
  • Општински оддел Кариѓол
  • село Кариѓол (Καλαμωτό, Каламото) (800 жители)
  • село Гирево, Кирен или Гирен (Μεσόκωμο, Месокомо)
  • Општински оддел Равна
  • село Равна (Πετροκέρασα, Петрокераса) (494 жители)
  • Општински оддел Саракиново (303 жители)
  • село Саракиново (Σαρακήνα, Саракина) (195 жители)
  • село Чифлик (Άγιος Χαράλαμπος, Агиос Хараламбос) (108 жители)

Општинска единица Сухо

Според пописот од 2001 г., општината Сухо (Δήμος Σοχού) со административен центар во Сухо (Сохос) има 5.773 жители и во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места на Богданската Планина (Вертискос):

Поранешната општина Сухо на картата на некогашниот Солунски округ.
  • Општински оддел Сухо
  • село Сухо (Σοχός, Сохос) (2.920 жители)
  • Општински оддел Грамич (1.360 жители)
  • село Грамич (Гранич или Граничево; Κρυονέρι, Крионери) (901 жители)
  • село Авги (Αυγή) (459 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Јаникија

Поврзано

Наводи