Гватемала: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 115: | Ред 115: | ||
<li>[[Кецалтенанго (департман)|Кецалтенанго]] |
<li>[[Кецалтенанго (департман)|Кецалтенанго]] |
||
<li>[[Реталулеу (департман)|Реталулеу]] |
<li>[[Реталулеу (департман)|Реталулеу]] |
||
<li>[[ |
<li>[[Сакатепеке (департман)|Сакатепеке]] |
||
<li>[[Сан Маркос (департман)|Сан Маркос]] |
<li>[[Сан Маркос (департман)|Сан Маркос]] |
||
<li>[[Санта Роса (департман во Гватемала)|Санта Роса]] |
<li>[[Санта Роса (департман во Гватемала)|Санта Роса]] |
Преработка од 15:09, 15 август 2014
Република Гватемала República de Guatemala
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Libre Crezca Fecundo" "Живеј слободно и плодно" |
||||||
Химна: Himno Nacional de Guatemala |
||||||
Главен град | Гватемала 14°38′N 90°30′W / 14.633° СГШ; 90.500° ЗГД | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански и уште 22 староседелски јазици | |||||
Демоним | Гватемалец | |||||
Уредување | Претседателска република | |||||
• | Претседател | Алваро Колом Кабалерос | ||||
• | Заменик претседател | Рафаел Еспада | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | Датум | 15 септември 1821 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 108,890 км2 (106-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.4 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2009 г. | 13.276.517 (68-ма) | ||||
• | Попис јули 2007 | 12.728.111 | ||||
• | Густина | 119.38 2008 жит/км2 (85-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $68.750 милијарди 2008[1] | ||||
• | По жител | $5.300[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $38.983 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $3.020[1] | ||||
Џиниев коеф. (2002) | 55.1 висок |
|||||
ИЧР (2008) | ▲ 0.704[2] Error: Invalid HDI value · 120-та |
|||||
Валута | Кецал (GTQ ) |
|||||
Часовен појас | Централно време (UTC-6) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .gt | |||||
Повик. бр. | +502 |
Гватемала (шпански: Guatemala) или официјално Република Гватемала (República de Guatemala) е држава во копнена Северна Америка. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.
Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град Гватемала и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е претседателска република. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.[3]
Етимологија
Потеклото на името Гватемала не е сосема познато, но биле предложени неколку теории за истото. Првата теорија вели дека името „Гватемала“ потекнува од мајанско-толтечкиот јазик што во превод би значело „земја на дрва“. Друга теорија вели дека името потекнува од наватлскиот израз „Quauhtitlan“ што во превод би значело „помеѓу дрва“. Куаухтитлан било името на Тлошкалтеканските војници кои го придружувале Педро де Алварадо за време на шпанската инвазија на територијата.[4]
Историја
Географија и клима
Гватемала е планинска земја, освен во јужниот дел на земјата каде се наоѓаат низини. Два планински масива се протегаат низ Гватемала од запад кон исток и ја делат државата на три големи географски региони: висорамнини, пацифичкиот брег и регионот Петен. Скоро сите поголеми градови се наоѓаат во висорамнинските предели на пацифичкиот брег. Највисока точка во Гватемала, но и во Средна Америка, е вулканот Тахумулко со 4.220 метри надморска височина.
Реките во Гватемала се кратки и се влеваат то Тихиот Океан и Карипското Море. Поголеми реки во Гватемала се Полочик, Дулсе, Мотагуа и Усумасинта.
Гватемала долго време тврдела дека нејзини територии биле окупирани од Белизе, независна соседска држава. Гватемала го признала Белизе во 1990 година но со тоа спорот не се затворил.[5][6] Вкупната површина на Гватемала изнесува 108.890, каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е градот Гватемала. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.
Политички систем
Гватемала е претседателска република, каде шеф на државата и шеф на владата е претседателот. Извршната власт во државата е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете на владата и во Конгресот на Републиката. Судската власт е независна власт во Гватемала. Моментален претседател на републиката е Алваро Колом.
Административна поделба
Гватемала е поделена на 22 департмани, кои пак се поделени на 332 општини.
Департманите на Гватемала се:
Економија
Според ЦИА, БНП по глава на жител во Гватемала изнесува 5.000 американски долари, но сепак оваа земја во развој има многу социјални проблеми и е меѓу 10. најсиромашни држави во Латинска Америка.[7] Приходот во државата не е еднакво распореден меѓу населението и така скоро половина од населението живее во сиромаштија и државата има невработеност од 3.2%.
Што се однесува за странските инвестиции во Гветамала, приловот на пари од гватемалската емиграција се најголем странски приход.[8]
Население, јазик и религија
Според ЦИА, Гватемала има население од 12.728.111. Околу 40% од населението се мешани, односно луѓе од бело и староседелско население. 16% од населението на Гватемала е со бело потекло, воглавно од Европа или Азија, потоа следат Киче со 9.1%, Какчикелци со 8.4%, Мами со 7.9% и Кекчи со 6.3%. Околу 8.6% од населението се класифицирани како станати мајански народи, додека 0.2% не се Маи. Така, Гватемала има 40% староседелско население.[9]
Иако шпанскиот јазик е официјален јазик во државата, тој не е најмногу зборуван помеѓу староседелското население, ниту пак како втор јазик. Во Гватемала се зборуваат 21 мајански јазик и два немајански јазици односно шинкаски јазик и гарифуна јазик. Според гватемалскиот закон, шпанскиот е официјален јазик, додека останатите се национални јазици[10] Сепак шпанскиот како прв или втор јазик го зборуваат околу 93% од населението.
Околу 50 до 60% од населението се Католици, 40% се Протестанти и околу 1% се припадници на мајанска релгија.[11]
Култура
Главниот град на државата е центар на голем број библиотеки и музеи, меѓу кои се и Нациналната архива, Националната библиотека и Музејот на археологија и етнологија кои имаат голем број на артефакти за Маите. Постојат исто така и приватни музеи кои воглавно се фокусираат на мајанската цивилизација. Скоро во секоја општина во државата има по еден музеј.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Guatemala QuestConnect.org. (accessed 1 февруари, 2010).
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
- ↑ CIA - The World Factbook - Rank Order - GDP - per capita (PPP)
- ↑ CIA - The World Factbook - Guatemala
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ Предлошка:Цитирана веб страница
- ↑ state department
Видете исто така
Надворешни врски
Повеќе за Гватемала на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада на Гватемала Предлошка:Es icon
- Шеф на држава и кабинет
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Гватемала“ (англиски)
- Гватемала на UCB
- Ноќен живот во Гватемала
- Гватемала на Curlie (англиски)
- Карти за Гватемала
|