Гватемала: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Пазій Юра (разговор), вратено на последната верзија на Addbot
Нема опис на уредувањето
Ред 66: Ред 66:
}}
}}


'''Гватемала''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Guatemala'') или официјално '''Република Гватемала''' (''República de Guatemala'') е држава во копнена [[Средна Америка]]. Гватемала се граничи на север и запад со [[Мексико]], на северозапад со [[Белизе]] и на југоисток со [[Ел Салвадор]] и [[Хондурас]]. На југозапад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]].
'''Гватемала''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Guatemala'') или официјално '''Република Гватемала''' (''República de Guatemala'') е држава во копнена [[Северна Америка]]. Гватемала се граничи на север и запад со [[Мексико]], на северозапад со [[Белизе]] и на југоисток со [[Ел Салвадор]] и [[Хондурас]]. На југозапад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]].


Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град [[Гватемала (град)|Гватемала]] и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е [[претседателска република]]. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.<ref>{{цитирана веб страница |title= Biodiversity Hotspots-Mesoamerica-Overview |publisher= Conservation International |url= http://www.biodiversityhotspots.org/xp/Hotspots/mesoamerica/ |accessdate= 2007-02-01 }}</ref>
Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град [[Гватемала (град)|Гватемала]] и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е [[претседателска република]]. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.<ref>{{цитирана веб страница |title= Biodiversity Hotspots-Mesoamerica-Overview |publisher= Conservation International |url= http://www.biodiversityhotspots.org/xp/Hotspots/mesoamerica/ |accessdate= 2007-02-01 }}</ref>

Преработка од 15:02, 15 август 2014

Република Гватемала
República de Guatemala
Знаме Грб
Гесло"Libre Crezca Fecundo"
"Живеј слободно и плодно"
ХимнаHimno Nacional de Guatemala
Местоположба на Гватемала
Главен градГватемала
14°38′N 90°30′W / 14.633° СГШ; 90.500° ЗГД / 14.633; -90.500
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански и уште 22 староседелски јазици
Демоним Гватемалец
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Алваро Колом Кабалерос
 •  Заменик претседател Рафаел Еспада
Независност од Шпанија 
 •  Датум 15 септември 1821 
Површина
 •  Вкупна 108,890 км2 (106-та)
 •  Вода (%) 0.4
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 13.276.517 (68-ма)
 •  Попис јули 2007 12.728.111 
 •  Густина 119.38 2008 жит/км2 (85-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $68.750 милијарди 2008[1] 
 •  По жител $5.300[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $38.983 милијарди[1] 
 •  По жител $3.020[1] 
Џиниев коеф. (2002)55.1
висок
ИЧР (2008) 0.704[2]
Error: Invalid HDI value · 120-та
Валута Кецал (GTQ)
Часовен појас Централно време (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .gt
Повик. бр. +502

Гватемала (шпански: Guatemala) или официјално Република Гватемала (República de Guatemala) е држава во копнена Северна Америка. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град Гватемала и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е претседателска република. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.[3]

Етимологија

Потеклото на името Гватемала не е сосема познато, но биле предложени неколку теории за истото. Првата теорија вели дека името „Гватемала“ потекнува од мајанско-толтечкиот јазик што во превод би значело „земја на дрва“. Друга теорија вели дека името потекнува од наватлскиот израз „Quauhtitlan“ што во превод би значело „помеѓу дрва“. Куаухтитлан било името на Тлошкалтеканските војници кои го придружувале Педро де Алварадо за време на шпанската инвазија на територијата.[4]

Историја

Географија и клима

Карта на Гватемала.

Гватемала е планинска земја, освен во јужниот дел на земјата каде се наоѓаат низини. Два планински масива се протегаат низ Гватемала од запад кон исток и ја делат државата на три големи географски региони: висорамнини, пацифичкиот брег и регионот Петен. Скоро сите поголеми градови се наоѓаат во висорамнинските предели на пацифичкиот брег. Највисока точка во Гватемала, но и во Средна Америка, е вулканот Тахумулко со 4.220 метри надморска височина.

Реките во Гватемала се кратки и се влеваат то Тихиот Океан и Карипското Море. Поголеми реки во Гватемала се Полочик, Дулсе, Мотагуа и Усумасинта.

Гватемала долго време тврдела дека нејзини територии биле окупирани од Белизе, независна соседска држава. Гватемала го признала Белизе во 1990 година но со тоа спорот не се затворил.[5][6] Вкупната површина на Гватемала изнесува 108.890, каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е градот Гватемала. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Политички систем

Гватемала е претседателска република, каде шеф на државата и шеф на владата е претседателот. Извршната власт во државата е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете на владата и во Конгресот на Републиката. Судската власт е независна власт во Гватемала. Моментален претседател на републиката е Алваро Колом.

Административна поделба

Департмани на Гватемала.

Гватемала е поделена на 22 департмани, кои пак се поделени на 332 општини.

Департманите на Гватемала се:

  1. Алта
  2. Баха Верапаз
  3. Чималтенанго
  4. Чикимула
  5. Петен
  6. Ел Прогресо
  7. Киче
  8. Ескуинтла
  9. Гватемала
  10. Хуехуетенанго
  11. Изабал
  12. Халапа
  13. Хутијапа
  14. Кецалтенанго
  15. Реталхулеу
  16. Сакатепекез
  17. Сан Маркос
  18. Санта Роса
  19. Солола
  20. Сучитепекез
  21. Тотоникапан
  22. Закапа

Економија

Пазар во Зунил.

Според ЦИА, БНП по глава на жител во Гватемала изнесува 5.000 американски долари, но сепак оваа земја во развој има многу социјални проблеми и е меѓу 10. најсиромашни држави во Латинска Америка.[7] Приходот во државата не е еднакво распореден меѓу населението и така скоро половина од населението живее во сиромаштија и државата има невработеност од 3.2%.

Што се однесува за странските инвестиции во Гветамала, приловот на пари од гватемалската емиграција се најголем странски приход.[8]

Население, јазик и религија

Лингвистичка карта на Гватемала.

Според ЦИА, Гватемала има население од 12.728.111. Околу 40% од населението се мешани, односно луѓе од бело и староседелско население. 16% од населението на Гватемала е со бело потекло, воглавно од Европа или Азија, потоа следат Киче со 9.1%, Какчикелци со 8.4%, Мами со 7.9% и Кекчи со 6.3%. Околу 8.6% од населението се класифицирани како станати мајански народи, додека 0.2% не се Маи. Така, Гватемала има 40% староседелско население.[9]

Иако шпанскиот јазик е официјален јазик во државата, тој не е најмногу зборуван помеѓу староседелското население, ниту пак како втор јазик. Во Гватемала се зборуваат 21 мајански јазик и два немајански јазици односно шинкаски јазик и гарифуна јазик. Според гватемалскиот закон, шпанскиот е официјален јазик, додека останатите се национални јазици[10] Сепак шпанскиот како прв или втор јазик го зборуваат околу 93% од населението.

Околу 50 до 60% од населението се Католици, 40% се Протестанти и околу 1% се припадници на мајанска релгија.[11]

Култура

Гватемалки во традиционална облека.

Главниот град на државата е центар на голем број библиотеки и музеи, меѓу кои се и Нациналната архива, Националната библиотека и Музејот на археологија и етнологија кои имаат голем број на артефакти за Маите. Постојат исто така и приватни музеи кои воглавно се фокусираат на мајанската цивилизација. Скоро во секоја општина во државата има по еден музеј.

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски

Предлошка:Link FA