Никарагва: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 71: Ред 71:
}}
}}


'''Никарагва''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Nicaragua''); офиц. '''Република Никарагва''' (''República de Nicaragua'') — најголемата држава во [[Средна Америка]] со вкупна површина од 130.373 км². Никарагва се граничи со [[Хондурас]] на север и со [[Костарика]] на југ. На запад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]]. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е [[Манагва]], каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и официјален јазик во државата е [[шпанскиот јазик]].
'''Никарагва''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''Nicaragua''); офиц. '''Република Никарагва''' (''República de Nicaragua'') — најголемата држава во [[Северна Америка]] со вкупна површина од 130.373 км². Никарагва се граничи со [[Хондурас]] на север и со [[Костарика]] на југ. На запад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]]. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е [[Манагва]], каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и официјален јазик во државата е [[шпанскиот јазик]].


== Етимологија ==
== Етимологија ==
Ред 85: Ред 85:
{{Main|Географија на Никарагва}}
{{Main|Географија на Никарагва}}


Никарагва е држава во [[Средна Америка]], во копнениот дел. На север државата се граничи со [[Хондурас]], а на југ се граничи со [[Костарика]]. На запад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]]. Вкупната површина на Никарагва е 130.967 km². Главен град на државата е [[Манагва]]. Според пописот од 2005 година, државата имала 5,666,301 жители.
Никарагва е држава во [[Северна Америка]], во копнениот дел. На север државата се граничи со [[Хондурас]], а на југ се граничи со [[Костарика]]. На запад државата излегува на [[Тихиот Океан]], додека на исток излегува на [[Карипското Море]]. Вкупната површина на Никарагва е 130.967 km². Главен град на државата е [[Манагва]]. Според пописот од 2005 година, државата имала 5,666,301 жители.


Околу една петтина од вкупната територија на државата има статус на заштитена област, вклучувајќи ги националните паркови, природните резервати и билошките резервати. Геофизички, државата е опколена од Карипското плато, океанско-тектонското плато и Кокосовото плато. Во државата има голем број вулкани бидејќи државата се наоѓа во средноамериканскиот вулкански појас.
Околу една петтина од вкупната територија на државата има статус на заштитена област, вклучувајќи ги националните паркови, природните резервати и билошките резервати. Геофизички, државата е опколена од Карипското плато, океанско-тектонското плато и Кокосовото плато. Во државата има голем број вулкани бидејќи државата се наоѓа во средноамериканскиот вулкански појас.
Ред 159: Ред 159:
{{Main|Економија на Никарагва}}
{{Main|Економија на Никарагва}}


Економијата на Никарагва е главно фокусирана на земјоделскиот сектор. Како и да е, државата е најслабо развиена во Средна Америка и е најсиромашна во Америка по ниминалниот БДП. Во 2010 година, ениомскиот раст на Никарагва бил околу 4.5%, кој се должел на зголемениот извоз и развојот на туризмот.<ref>http://www.indexmundi.com/g/g.aspx?c=nu&v=66 IndexMundi Real GDP Growth Rate Chart</ref> Според проценките од 2011 година, никарагванската економија забележала пораст од околу 5%.<ref>http://en.centralamericadata.com/en/article/data/Nicaraguan_Economy_Grows_by_5 Nicaraguan Economy Grows by 5 Percent</ref> Од економска гледна точка, Никарагва е особено ценета по извозот и производството на банани, телешко месо, тутун и високо ценетиот рум.
Економијата на Никарагва е главно фокусирана на земјоделскиот сектор. Како и да е, државата е најслабо развиена во Северна Америка и е најсиромашна во Америка по ниминалниот БДП. Во 2010 година, ениомскиот раст на Никарагва бил околу 4.5%, кој се должел на зголемениот извоз и развојот на туризмот.<ref>http://www.indexmundi.com/g/g.aspx?c=nu&v=66 IndexMundi Real GDP Growth Rate Chart</ref> Според проценките од 2011 година, никарагванската економија забележала пораст од околу 5%.<ref>http://en.centralamericadata.com/en/article/data/Nicaraguan_Economy_Grows_by_5 Nicaraguan Economy Grows by 5 Percent</ref> Од економска гледна точка, Никарагва е особено ценета по извозот и производството на банани, телешко месо, тутун и високо ценетиот рум.


== Демографија ==
== Демографија ==

Преработка од 15:26, 14 август 2014

Република Никарагва
República de Nicaragua
Знаме Грб
ГеслоEn Dios Confiamos
"Во Господ веруваме"
ХимнаSalve a ti, Nicaragua Предлошка:Es icon
Слава на тебе, Никарагва

Местоположба на Никарагва
Главен градМанагва
12°9′N 86°16′W / 12.150° СГШ; 86.267° ЗГД / 12.150; -86.267
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  69% мешани
17% белци
5% староседелци
9% црнци
Демоним Никарагванец
Уредување претседателска република
 •  Претседател Даниел Ортега
 •  Заменик претседател Хаиме Моралес Каразо
Независност од Шпанија 
 •  Објавена 15 септември 1821 
 •  Призната 25 јули 1850 
 •  Револуција 19 јули 1979 
Површина
 •  Вкупна 130,373 км2 (97-ма)
 •  Вода (%) 7.14
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 5.891.199 (110-та)
 •  Попис 2005 5.148.098 
 •  Густина 42 жит/км2 (133-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $16.709 милијарди[1] 
 •  По жител $2.698[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $6.365 милијарди[1] 
 •  По жител $1.028[1] 
Џиниев коеф. (2007)40.1
среден
ИЧР (2007) 0.699[2]
Error: Invalid HDI value · 124-та
Валута Кордоба (NIO)
Часовен појас (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .ni
Повик. бр. 505

Никарагва (шпански: Nicaragua); офиц. Република Никарагва (República de Nicaragua) — најголемата држава во Северна Америка со вкупна површина од 130.373 км². Никарагва се граничи со Хондурас на север и со Костарика на југ. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е Манагва, каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и официјален јазик во државата е шпанскиот јазик.

Етимологија

Точното потекло и значење на зборот „Никарагва“ не е познато. Сепак има неколку теории и предлози како на пример дека наводно шпанските колонисти го создале терминот по името на водачот Никарао и со додавање на зборот вода (agua). Покрај таа теорија, се верува дека терминот значи и „опколено од вода“ на некој од локалните јазици. Сепак двете теории се однесуваат околните мориња и езера.

Историја

Географија и клима

Карта на Никарагва.

Никарагва е држава во Северна Америка, во копнениот дел. На север државата се граничи со Хондурас, а на југ се граничи со Костарика. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на Никарагва е 130.967 km². Главен град на државата е Манагва. Според пописот од 2005 година, државата имала 5,666,301 жители.

Околу една петтина од вкупната територија на државата има статус на заштитена област, вклучувајќи ги националните паркови, природните резервати и билошките резервати. Геофизички, државата е опколена од Карипското плато, океанско-тектонското плато и Кокосовото плато. Во државата има голем број вулкани бидејќи државата се наоѓа во средноамериканскиот вулкански појас.

Никарагва има три различни географски региони: тихоокеанските низини, кои се плодни долини, планинскиот регион и атлантските низини. Низините покрај Карипското Море се широки околу 60 милји.

Политички систем

Никарагва е демократска република со претседателски повеќепартиски систем на управување. На чело на државата, а воедно и на владата, е претседателот на Никарагва. Извршната власт во државата е во рацете на владата на Никарагва. Законодавната власт во Никарагва е поделена меѓу владата и Националното собрание на Никарагва. Според законите и уставот, сусдската власт е независна.

Во периодот меѓу 2007 и 2009 година, главните политички партии во државата отвориле разговори за тоа да се премине од претседателски кон парламентарен систем. Политичките партии како причина го навеле јасното разграничување на ингеренциите меѓу премиерот и претседателот. Сепак, времето покажало дека ова било обид да се пронајде легален начин како сегашниот претседател Ортега да остане на власт по завршувањето на неговиот мандат во јануари 2012.

Војска

Воените сили на Никарагва се состојат од различни воени формации. Никарагва има армија, морнарица и воздухопловни сили. Во државата има околу 14.000 активен ангажиран персонал, бројка која е слична со никарагванската армија за време на револуцијата. Иако армијата имала сурова воена историја, дел од силите кои биле познати како Национална гарда, станале интегриран дел од денешната Национална полиција на Никарагва. Всушност полицијата станала жандармерија, но ретко се етикетира како таква. Служењето војска во Никарагва е задолжително за лица со наполнето 17 години. Според податоците од 2006 година, воениот биџет бил околу 0.7% од буџетот на државата.

Административна поделба

Податотека:Departments of Nicaragua in English.png
Департманите на Никарагва.

Никарагва е унитарна република. За административни цели, државата е поделена на 15 департмани и два самоуправни региони, засновани на шпанскиот модел. Департманите понатака се поделени на 153 општини. Двата автономни региони биле познати како Северноатлантски Автономен Регион (Región Autónoma Atlántico Norte) и Јужноатлантски Автономен Регион (Región Autónoma Atlántico Sur). Пред да се стекнат со автономија, тие го сочинувале департманот Зелаја.[3]

 Департман Гл. град
1  Боако Боако
2  Каразо Хинотепе
3  Чинандега Чинандега
4  Чонталес Хуигалпа
5  Естели Естели
6  Гранада Гранада
7  Хинотега Хинотега
8  Леон Леон
9  Мадриз   Сомото
 Департман Гл. град
10  Манагва   Манагва
11  Масаја Масаја
12 Податотека:Flag of Matagalpa.gif Матегалпа Матегалпа
13  Нуева Сеговија Окотал
14  Ривас Ривас
15  Рио Сан Хуан Сан Карлос
16  Северноатлантски Автономен Регион Билви
17  Јужноатлантски Автономен Регион Блуфилдс

Економија

Економијата на Никарагва е главно фокусирана на земјоделскиот сектор. Како и да е, државата е најслабо развиена во Северна Америка и е најсиромашна во Америка по ниминалниот БДП. Во 2010 година, ениомскиот раст на Никарагва бил околу 4.5%, кој се должел на зголемениот извоз и развојот на туризмот.[4] Според проценките од 2011 година, никарагванската економија забележала пораст од околу 5%.[5] Од економска гледна точка, Никарагва е особено ценета по извозот и производството на банани, телешко месо, тутун и високо ценетиот рум.

Демографија

Леонската катедрала е главна катедрала во Леон и е дел од Светското културно наследство.
Тројазичен знак во Никарагва, на англиски, шпански и мискито.
Население

Според податоците на CIA, Никарагва има население од 5,891,190 жители. Од вкупната бројка, 69% се местици, 17% се белци, 5% се староседелци, 9% се црнци. Околу 84% од населението е урбано. Според проценките во 2009 година, животниот век во Никарагва е 71.5 години.[6] Според стапката на морталитет, Никарагва е на 91 место.[7] Најнаселен град во државата е главниот град Манагва, кој има население од околу 1.8 милиони жители (2005 г.)

Религија

Религијата има голема улога во никарагванската култура. Слободата на религиска определба која била дадена во 1939 година и религиската толеранција се почитувани како од уставот, така и власта. Никарагва нема официјална религија. Најголемата религија во државата е Христијанството, поточно Римокатоличката црква. Сепак, во последните декади се забележал пад на следбениците на Римокатоличката црква, но се забележал пораст на следбениците на Евангелистичката, Протестантската и Мормонската црква. Исто така, во државата постојат и Маравската и Англиканската црква. Римокатолицизмот во Никарагва бил воведен во 16 век од шпанските конкистадор. Останатите гристијански цркви во Никарагва биле донесени во 19 век, но се стекнале со поголеми групи следбеници за време на 20 век. Поради имиграцијата, во државата се забележува и одредена група на Будисти.[8]

Јазик

Официјален јазик во Никарагва е шпанскиот јазик, поточно во државата се зборува Никарагвански шпански дијалект. Никарагванскиот дијалект подлегнал на голем број влијанија од локалните староседелски јазици, како што се наватлски јазик. мангвески јазик и мајанските јазици.[9] Никарагванскиот акцент потекнува од андалузискиот говор од 16 век, и поради одредената изолација на земјата, дијалектот не подлегнал на големи измени.

Покрај карипското крајбрежје живее население со африканско потекло и тие зборуваат на англиски креолски јазик, кој им е мајчин јазик, а шпанскиот го зборуваат како втор јазик. Покрај тоа, староседелското американско население сè уште зборува на еден од староседелските јазици, како што се јазиците мисикито, сумо, рама и гарифуна.[10]

Шпанскиот јазик во државата е задолжителен во образованието. Англискиот јазик се изучува во средно образование и се стреми да стане втор јазик во државата. Никарагва била дом на три изумрени јазици, од кои едниот никогаш не бил класифициран. Никарагванскиот знаковен јазик во лингвистиката важи за еден од најмладите јазици во светот.[11]


Култура

Жена во местичка облека. Мешавина од локалната облека и шпанското влијание.

Културата во Никарагва има развиен фолклор, музика и религиски традиции. Никарагванската култура имала и има силно влијание од европската култура, но истата била збогатена и од староседелската американска култура. Глобално гледано, никарагванската култура е поделена на неколку културни региони. Тихоокеанското крајбрежје има високо развиен фолклор, музика и религиска традиција, која била под директно влијание на европската. Регионот бил колонизиран од Шпанците и поради тоа овој регион споделува сличност со останатите поранешни шпански колонии во Средна и Јужна Америка. Староседелското население кое со векови живее во овој регион полека било асимилиано во денешното население наречено местици. Карипското крајбрежје било во минатото британски протекторат. Англискиот јазик во овој регион е сè уште доминантен и истиот се зборува секојдневно заедно со шпанскиот и староседелските јазици. Оваа култура е слична со културата на Карипските Острови кои биле под британска управам како што се Јамајка, Белизе или Кајманските Острови. За разлика од западниот брег, локалното староседелско население на истокот ги задржал својот идентитет и култура.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Предлошка:Цитирана веб страница
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. „Background and socio-economic context“ (PDF). стр. 9. Посетено на 2007-05-09.
  4. http://www.indexmundi.com/g/g.aspx?c=nu&v=66 IndexMundi Real GDP Growth Rate Chart
  5. http://en.centralamericadata.com/en/article/data/Nicaraguan_Economy_Grows_by_5 Nicaraguan Economy Grows by 5 Percent
  6. Life expetancy at birth, CIA World Factbook
  7. Total fertility rate, CIA World Factbook
  8. Con Todo el Poder de la Informmación – El Nuevo Diario –Managua, Nicaragua. Archivo.elnuevodiario.com.ni. Retrieved on 2011-04-29.
  9. Americans—History, Indigenous Socieites, Colonial Period, Independence, Modern Era
  10. „Languages of Nicaragua“. Ethnologue. Посетено на 2007-05-09.
  11. „Nicaragua“. Indiana.edu. 1999-10-24. Посетено на 2010-06-26.

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општо
Патување