Теорија за релативноста: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 114: Ред 114:
{{Главна статија|тестови за специјалниот релативитет}}
{{Главна статија|тестови за специјалниот релативитет}}


[[File:Michelson-Morley experiment (en).svg|thumb|Изглед на [[Мајкелсон–Морлиев опит|Мајкелсон–Морлиевиот опит]]]]
[[File:Michelson-Morley experiment (mk).svg|thumb|Изглед на [[Мајкелсон–Морлиев опит|Мајкелсон–Морлиевиот опит]]]]


Како и сите [[проверливост|проверливи]] научни теории, теоријата за релативитетот обезбедува предвидувања кои можат да бидат научно тестирани. Во случајот на специјалната теорија тоа се: принципот на релативитетот, постојаноста на брзината на светлината и временската дилатација.<ref name=faq>{{Cite web |last=Roberts |first=T |last2=Schleif |first2=S |last3=Dlugosz |first3=JM (ed.) |year=20 07 |title=What is the experimental basis of Special Relativity? |url=http://math.ucr.edu/home/baez/physics/Relativity/SR/experiments.html |work=Usenet Physics FAQ |publisher=University of California, Riverside |accessdate=2010-10-31}}</ref> Предвидувањата на специјалниот релативитет се потврдени со бројни тестови од моментот кога Ајнштајн го објаавил својот труд во 1905 г., но три опити кои се изведени во периодот од 1881 до 1938 г. се однајголема важност за потврдување на веродостојноста на теоријата. Ова се трите обиди [[Мајкелсон–Морлиев опит|Мајкелсон–Морлиевиот опит]], [[Кенеди-Торндајков опит|Кенеди-Торндајковиот опит]], и [[Ивес-Стивелов опит|Ивес-Стивеловиот опит]]. Ајнштајн ги добил [[Лоренцови трансформации|Лоренцовите трансформации]] од првите принципи во 1905 г., но овие три опити дозволија од резултатите да се добијат трансформациите како опитни докази.
Како и сите [[проверливост|проверливи]] научни теории, теоријата за релативитетот обезбедува предвидувања кои можат да бидат научно тестирани. Во случајот на специјалната теорија тоа се: принципот на релативитетот, постојаноста на брзината на светлината и временската дилатација.<ref name=faq>{{Cite web |last=Roberts |first=T |last2=Schleif |first2=S |last3=Dlugosz |first3=JM (ed.) |year=20 07 |title=What is the experimental basis of Special Relativity? |url=http://math.ucr.edu/home/baez/physics/Relativity/SR/experiments.html |work=Usenet Physics FAQ |publisher=University of California, Riverside |accessdate=2010-10-31}}</ref> Предвидувањата на специјалниот релативитет се потврдени со бројни тестови од моментот кога Ајнштајн го објаавил својот труд во 1905 г., но три опити кои се изведени во периодот од 1881 до 1938 г. се однајголема важност за потврдување на веродостојноста на теоријата. Ова се трите обиди [[Мајкелсон–Морлиев опит|Мајкелсон–Морлиевиот опит]], [[Кенеди-Торндајков опит|Кенеди-Торндајковиот опит]], и [[Ивес-Стивелов опит|Ивес-Стивеловиот опит]]. Ајнштајн ги добил [[Лоренцови трансформации|Лоренцовите трансформации]] од првите принципи во 1905 г., но овие три опити дозволија од резултатите да се добијат трансформациите како опитни докази.

Преработка од 08:43, 7 август 2014

Дводимензионална проекција на тродимензионалната претстава за време-просторот опишан од општата теорија за релативитетот

Теорија за релативитетот (или релативноста) — торија во физиката која впрочем опфаќа две теории од Алберт Ајнштајн: специјална теорија за релативитетот и [општа тероија за релативитетот]].[1] (Со поимот релативитет може исто така да се опише една од постарите теории т.е. Галилеев релативитет.)

Основните цели на тероијата за релативитетот сè:

Поимот „теорија за релативитетот“ е заснован на „релативна теорија“ во германскиот јазик (Relativtheorie) израз употребен Макс Планк во 1906 г. кој објаснува какотеоријата го употребува принципот на релативноста. Во расправата во истиот труд Алфред Бухерер uза првпат го употребил изразот „теорија за релативитетот“ на германски јазик (Relativitätstheorie).[2][3]

Опфат

Теоријата за релативитетот ја пробличи теориската физика и астрономијата за врема на XX век. Кога првпат беше објавена, ја наадмина 200 годишната теоријата на механичките движења создадена од Исак Њутн.[4][5][6]

Во полето на физиката, релативноста придонесе за подобро и поедноставно разбирање на појавите како што се: науката за елементраните честички и нивните основни заемодејства, кои знаења доведуваат до создавањето на нуклеарната ера. Со помош на релативноста, космологијата и астрофизиката ги предвидоа астрономските појави како што се неутронските ѕвезди, црните дупки и гравитационите бранови.[4][5][6]

Преглед на двете теории

Теоријата за релативитетот содржи повеќе од една физичка теорија во себе. Постојат неколку објаснувања за ова. Прво, специјалната теорија за релативитетот беше објавена во 1905 г., а конечниот облик на општата теорија за релативитетот беше објавен во 1916 г.[4]

Второ, специјалниот релативитет се применува кај елементрните честички и нивните заемодејства, додека пак општиот релативитет се применува во космологијата и астрофизиката како и во астрономијата.[4]

Трето, специјалниот релативитет беше целосно прифатен од заедницата на физичарите до 1920 г. Оваа теорија забрзано стана значаен и потребен алат за теоретичарите и опитниците во новите полиња на атомската физика, нуклеарната физика и квантната механика. Општиот реалтивитет, се покажал дека е неупотреблив. Се покажало дека има мала применливост во опитите бидејќи скоро сите примени биле со астрономски големини. Се чинела ограничена за правење на мали незначајни исправки на предвидувањата на Њутновата теорија за гравитацијата.[4]

Конечно, математиката на општиот релативитет се покажала како многу тешка. Како последица теоријата била позната на одрден број на луѓе, и постоеле само неколку луѓе кои целосно ја разбирале општата теорија, но сето ова за теоријата било негирано од Ричард Фејнман. Околу 1960 г. се засилува интересот за општиот релативитет со што теоријата има централно значење во физиката и астрономијата. Новите математички методи кои се применети во општиот релативитет значително ги олесниле пресметките. Одовде се добиени најразлични физички концепти. Исто така со откривањето на нови астрономски појави, во кои општиот релативитет е од важност го засилија интересот за теоријата. Вакви астрономски појави биле квазарите (1963 г.), 3 К микробраново позадинско зрачење (1965 г.), пулсарите (1967 г.), и со откривањето на првите кандидати за [[црна дупка (1981 г.).[4]

Нешто за теоријата за релативитетот

Ајнштајн тврдел дека теоријата за релативитетот припаѓа на класа од на „принципи-теории“. И како таква користи аналитички метод. ова значи дека поединечните делови на теоријата не се засновани на претпоставки туку на искуствени откритија. Искуствените откритија довеле до разбирање на општите особини на природните процеси. Математичките модели кои се добиени ги претвораат природните процеси во теориско-математички записи. Затоа, со помош на аналитички средства се обезбедуваат потребните услови. Одделни случаи мора да ги задоволат овие услов. Искуствено добиените резултати се поклопуваат со овие услови.[7]

Специјалната теорија за релативитетот и општата теорија за релативитетот се поврзани. Како што ќе биде пообјаснето подолу, специјалната теорија за релативитетот се применува на сите физички појави освен на гравитацијата. Општата теорија го објаснува законот за гравитација и неговиот однос со останатите сили на природата.[7]

Специјална теорија за релативитетот

Податотека:Albert Einstein 1979 USSR Stamp.jpg
Поштенска марка со Алберт Ајнштајн од СССР

Специјалната теорија е теорија за структурата на време-просторот. Беше промовирана од Ајнштајн во неговиот труд од 1905 г. „За електродинамиката и телата во движење“ (за придонесите на други физичари Видете Историја на специјалната теорија). Специјалната теорија се заснова на два постулати ки се во спротивност со класичната механика:

  1. Законите од физиката се исти за сите набљудувачи истовремени движења релативни едни на други (принцип на релативноста).
  2. брзината на светлината во вакуум е иста за сите набљудувачи, без разлика од релативното движење или движењето на светлинскиот извор.

Добиената теорија се справува подобро со опитите отколку класичната механика, на пример во Мајкелсон–Морлиевиот опит кој го потврдува вториот постулат, но има и многу неочекувани последици. Некои од нив се:

Главната особина на специјалниот релативитет е замената на Галиелевите трансформации на класичната механика со Лоренцовите трансформации. (Видете Максвелови равенки и електромагнетизам).

Општа теорија за релативитетот

Општиот релативитет е теорија за гравитацијата развиена од страна на Ајнштајн во периодот од 1907-1915 г. Развојот на теоријата за општиот релативитет започнува со принципот на еквивалентността, кој вели дека забрзаното движење и стоењето во едно место при гравитационо поле (на пример кога стоиме на површината на Земјата) се физички подеднакви. Поволноста на ова тврдење е дека слободниот пад е инерцијално движење: тело при слободен пад паѓа бидејќи таков е начинот на кои телата се движат кога постои отсуство на сила која би дејствувала на телата, наместо да се смета дека тоа е поради гравитацијата како што е случајот во класичната механика. Ова не е во согласност со класичната механика и специјалниот релативитет бидејќи во овие теории телата кои се движат инерцијално не можат да забрзуваат во споредба едни со други, но телата во слободен пад го можат тоа. За да ја разјасни оваа потешкотија Ајнштајн првично предложил дека време-просторот е закривен. Во 1915 г., ги запишал Ајнштајновите равенки кои се поврзани со закривеноста на време-просторот во однос на масата, енергијата и импулсот.

Некои од последиците на општата теорија за релативитетот се:

технички, општиот релативитет е теорија на гравитацијата чија дефинирачка особина е употребата на Ајнштајновите равенки. Решенијата на равенките се метрички тензори кои ја дефинираат топологијата на времепросторот и како телата се движат инерцијално.

Опитни докази

Тестови за специјалниот релативитет

Изглед на Мајкелсон–Морлиевиот опит

Како и сите проверливи научни теории, теоријата за релативитетот обезбедува предвидувања кои можат да бидат научно тестирани. Во случајот на специјалната теорија тоа се: принципот на релативитетот, постојаноста на брзината на светлината и временската дилатација.[9] Предвидувањата на специјалниот релативитет се потврдени со бројни тестови од моментот кога Ајнштајн го објаавил својот труд во 1905 г., но три опити кои се изведени во периодот од 1881 до 1938 г. се однајголема важност за потврдување на веродостојноста на теоријата. Ова се трите обиди Мајкелсон–Морлиевиот опит, Кенеди-Торндајковиот опит, и Ивес-Стивеловиот опит. Ајнштајн ги добил Лоренцовите трансформации од првите принципи во 1905 г., но овие три опити дозволија од резултатите да се добијат трансформациите како опитни докази.

Максвеловите равенки – основата на класичниот електромагнетизам – ја опишуваат светлината како што истаат се движи со својата постојана брзина. Современото гледиште е дека на светлината не и е потребна средина за да се движи, но Максвел и неговите современици беа убедени дека светлината се движи во средин а на начин како што звукот се движи низ воздухот, брановите се движат по површината на барата. Оваа хипотетичка средина се нарекувала етер, која мирувала во однос на „статични ѕвезди“ и низ кој Земјата се движи. Френеловата претпоставка за парцијално завлекување на етерот го исклучувала мерењето на ефектите на величината од прв ред (v/c), иако постоелеможност за набљудувања на ефекти од втор ред (v2/c2), Максвел сметал дека овие ефекти се премногу мали за да бидат забележани од тогашната технологија.[10][11]

Мајкелсон–Морлиевиот опит бил осмислен да ги забележи ефектите од втор ред во „струењата на етерот“ – движењата на етерот релативно во однос на Земјата. Мајкелсон осмислил инструмент наречен Мајкелсонов интерферометар со кој би ги извршил мерењата. Справата била доволно прецизна за да ги забележи овие ефекти,но не добил никакви резултати кога го извел опитот во 1881 г.,[12] и повторно во 1887 г.[13] Иако не успеал да го забележи струењето на етерот, tрезултатите биле прифатени од научната средина.[11] Во обид да го спаси тврдењето за етерот, Фитцџералд и Лоренц независно создале ад хок хипотеза во која должината на материјалните тела се менуваспоред начинот на движењето низ етерот.[14] Ова е зачетокот на Фитцџералд–Лоренцовата контракција, но нивната хипотеза немала теориска основа. Толкувањето на нултиот резултат на Мајкелсон–Морлиевиот опит е дека времето потребно за изминување на кружниот пат за светлината е изотропен (независен од насоката), но резултатот сам по себе не е доволен за да се прифати или отфрли теоријата за етерот и предвидувањата на специјалната теорија за релативитетот.[15][16]

Кенеди-Торндајковиот опит прикажан со интереферентните прстени.

Додека Мајкелсон–Морлиевиот опит покажал дека брзината на светлината е изотропна, не покажал ништо за тоа како големината на брзината се менува (ако и воопшто се случува) во различни инерцијали појдовни системи. Кенеди-Торндајковиот опит бил осмислен токму за таа цел, и за првпат бил изведен во 1932 г. од страна на Рој Кенеди и Едвард Торндајк.[17] И тие добиле нула какао резултат, и заклучиле дека „не постои ефект ... освен во случајот кога брзината на сончевиот систем во просторот е помалку од половина од брзината на Земјата во сопствената орбита“.[16][18]Таа можност се сметала за премногу за да обезбеди прифатливо објаснување, па од добиениот резултат со вредност нула се заклучува дека временскиот период потребен на светлината за изминувањето на кружниот пат на светлината е подеднаков во сите правци на инерцијалните појдовни системи.[15][16]

Ивес-Стивеловиот опит за првпат бил изведен од Херберт Ивес и Г.Р. Стивел first во 1938 г.[19] и повторно со подобрена прецизност во 1941 г.[20] Бил осмислен да го тестира Доплеровиот ефектцрвеното поместување на светлината на подвижен извор во насока нормална на сопствената брзина – што и било предвидено од Ајнштајн во 1905 г. Целта била да се споредат набљудуваниите Доплерови промени со она што било предвидено од класичната теорија, и да се добие Лоренцовиот фактор за исправки. Ваква исправка била набљудувана, од која се заклучува дека фреквенцијата на подвижен атомски часовник се менува според специјалната теорија за релативитетот.[15][16]

Овие класични опити се повторени многупати со зголемена прецизност. Други опити се, на пример, тестовите дека релативистичката енергија и импулс се зголемуваат при големи брзини, временската дилатација на подвижните честички, и современите потраги за прекршување на Лоренцовите трансформации.

Тестови за општиот релативитет

Општата релативност била потврдена многупати, извршените опити се: перихеловата прецесија на орбитата на Меркур, закривувањето на светлината од страна на Сонцето и гравитационото црвено поместување на светлината. И други опити го потврдиле принципот на еквилалентност и звлекувањето на инерцијалните појдовни системи.

Историја

Историјата на специјалната теорија се состои од многу теоретски резултати и искуствени резултати добиени од страна на Алберт Абрахам Мајкелсон, Хендрик Лоренц, Анри Поанкаре и останатите. Сето тоа сдовело до создавањето на специјалната теорија за релативитетот предложена од Алберт Ајнштајн, и последователната работа на [[Макс Планк], Херман Минковски и други.

Општиот релативитет (ОР) е теорија за гравитацијата кој била развиена од страна на Алберт Ајнштајн меѓу 1907 и 1915 г., и со придонеси од многу други по 1915 г.

Моментално, може да се каже дека не се работи само за едноставен теориски научен интерес или потреба од опит потврда, анализата на релативистичките ефекти за мерење на времето е важно практичен инженерски проблем при работата на глобалниот позиционен систем како што се ГПС, ГЛОНАСС, и системот кој се гради Галилео, како и високо прецизното расејување на времето.[21] Инструментите како што се електронските микроскопи па се до забрзувачите на честички едноставно не би работеле ако не се земени во предвид релативистичките ефекти.

Секојдневни примени

Теоријата на релативитетот е употребена во многу современи електронски уреди како што се глобалниот позиционен систем (ГПС). ГПС системите се направени од три дела, контролен дел, просторен дел и дел за употреба. Просторниот дел со состои од сателити кои се поставени во специфични орбити. Контролниот дел се состои од станица до која сите податоци се испраќаат од просторната компонента. Многу од релативистичките ефекти кои се случуваат во ГПС системите. Бидејќи секој од деловите е во различен појдовен систем, сите релативистички ефекти треба да се земат во предвид за да ГПС работи прецизно. Часовнивците кои се користат во ГПС треба да се синхронизирани. Во ГПС системите, а треба да се земе во предвид и гравитационот поле на Земјата. ГПС системите работат толку прецизно благодарение на теоријата за релативитетот. [22]

Различни гледишта

Не сите Ајнштајнови современици ги прифатиле неговите теории. Но денес, теоријата се смета за основа на современата физика.

Иако е широко прифатено дека Ајнштајн е создавачот на теоријата за релативитетот и неговото современо разбирање, некои веруваат дека други се заслужни за нејзиното настанување.

Поврзано

Наводи

  1. Einstein A. (1916 (translation 1920)), Relativity: The Special and General Theory , New York: H. Holt and Company Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. Planck, Max (1906), „Die Kaufmannschen Messungen der Ablenkbarkeit der β-Strahlen in ihrer Bedeutung für die Dynamik der Elektronen (The Measurements of Kaufmann on the Deflectability of β-Rays in their Importance for the Dynamics of the Electrons)“, Physikalische Zeitschrift, 7: 753–761
  3. Miller, Arthur I. (1981), Albert Einstein's special theory of relativity. Emergence (1905) and early interpretation (1905–1911), Reading: Addison–Wesley, ISBN 0-201-04679-2
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Relativity“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Посетено на 2010-08-01.
  5. 5,0 5,1 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Space-Time Continuum“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Посетено на 2010-08-01.
  6. 6,0 6,1 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Fitzgerald–Lorentz contraction“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Посетено на 2010-08-01.
  7. 7,0 7,1 Einstein, Albert (November 28, 1919). „Time, Space, and Gravitation“. The Times.
  8. Feynman, Richard Phillips; Morínigo, Fernando B.; Wagner, William; Pines, David; Hatfield, Brian (2002). Feynman Lectures on Gravitation. West view Press. стр. 68. ISBN 0-8133-4038-1., Lecture 5
  9. Roberts, T; Schleif, S; Dlugosz, JM (ed.) (20 07). „What is the experimental basis of Special Relativity?“. Usenet Physics FAQ. University of California, Riverside. Посетено на 2010-10-31. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  10. Maxwell, James Clerk (1880), „On a Possible Mode of Detecting a Motion of the Solar System through the Luminiferous Ether“, Nature, 21: 314–315
  11. 11,0 11,1 Pais, Abraham (1982). "Subtle is the Lord ...": The Science and the Life of Albert Einstein (1st ed.. изд.). Oxford: Oxford Univ. Press. стр. 111–113. ISBN 0192806726.CS1-одржување: излишен текст (link)
  12. Michelson, Albert A. (1881). „The Relative Motion of the Earth and the Luminiferous Ether“. American Journal of Science. 22: 120–129.
  13. Michelson, Albert A. & Edward W. Morley (1887). „On the Relative Motion of the Earth and the Luminiferous Ether“. American Journal of Science. 34: 333–345. Text "Morley, Edward W. " ignored (help)
  14. Pais, Abraham (1982). "Subtle is the Lord ...": The Science and the Life of Albert Einstein (1st ed.. изд.). Oxford: Oxford Univ. Press. стр. 122. ISBN 0192806726.CS1-одржување: излишен текст (link)
  15. 15,0 15,1 15,2 Robertson, H.P. (July 1949). „Postulate versus Observation in the Special Theory of Relativity“. Reviews of Modern Physics. 21 (3): 378–382. Bibcode:1949RvMP...21..378R. doi:10.1103/RevModPhys.21.378.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Taylor, Edwin F.; John Archibald Wheeler (1992). Spacetime physics: Introduction to Special Relativity (2nd ed.. изд.). New York: W.H. Freeman. стр. 84–88. ISBN 0716723271.CS1-одржување: излишен текст (link)
  17. Kennedy, R. J.; Thorndike, E. M. (1932). „Experimental Establishment of the Relativity of Time“. Physical Review. 42 (3): 400–418. Bibcode:1932PhRv...42..400K. doi:10.1103/PhysRev.42.400.
  18. Robertson, H.P. (July 1949). „Postulate versus Observation in the Special Theory of Relativity“. Reviews of Modern Physics. 21 (3): 381. Bibcode:1949RvMP...21..378R. doi:10.1103/revmodphys.21.378.
  19. Ives, H. E.; Stilwell, G. R. (1938). „An experimental study of the rate of a moving atomic clock“. Journal of the Optical Society of America. 28 (7): 215. Bibcode:1938JOSA...28..215I. doi:10.1364/JOSA.28.000215.
  20. Ives, H. E.; Stilwell, G. R. (1941). „An experimental study of the rate of a moving atomic clock. II“. Journal of the Optical Society of America. 31 (5): 369. Bibcode:1941JOSA...31..369I. doi:10.1364/JOSA.31.000369.
  21. Francis, S.; B. Ramsey; S. Stein; Leitner, J.; M. Moreau. J. M.; Burns, R.; Nelson, R. A.; Bartholomew, T. R.; Gifford, A. (2002). „Timekeeping and Time Dissemination in a Distributed Space-Based Clock Ensemble“ (PDF). Proceedings 34th Annual Precise Time and Time Interval (PTTI) Systems and Applications Meeting: 201–214. Посетено на 14 April 2013.CS1-одржување: display-автори (link)
  22. http://relativity.livingreviews.org/Articles/lrr-2003-1/download/lrr-2003-1Color.pdf