Никола Парапунов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12288513
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Nikola-Parapunov.jpg|мини|десно|150п|Никола Парапунов]]
[[Податотека:Nikola-Parapunov.jpg|мини|десно|150п|Никола Парапунов]]
'''Никола Парапунов''' ([[Разлог]], {{роден на|1|јули|1909}} - [[Бараково]], Горноџумајско, {{починал на|9|декември|1943}}) бил македонски комунист од [[Пиринска Македонија]].
'''Никола Парапунов''' ([[Разлог]], {{роден на|1|јули|1909}} - [[Бараково]], Горноџумајско, {{починал на|9|декември|1943}}) македонски комунист од [[Пиринска Македонија]].


Роден е во семејство на шивачки работник. Во [[1924]] година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, продолжува да се школува во среднотехничкото училиште во [[Софија]], градежна насока. Потоа работи во родниот град и активно соработува со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.
Роден е во семејство на шивачки работник. Во [[1924]] година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, продолжува да се школува во среднотехничкото училиште во [[Софија]], градежна насока. Потоа работи во родниот град и активно соработува со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

Преработка од 00:24, 1 јули 2014

Никола Парапунов

Никола Парапунов (Разлог, 1 јули 1909 - Бараково, Горноџумајско, 9 декември 1943) — македонски комунист од Пиринска Македонија.

Роден е во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, продолжува да се школува во среднотехничкото училиште во Софија, градежна насока. Потоа работи во родниот град и активно соработува со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

Во 1931 година станува член на Бугарската комунистичка партија, а на почетокот на 1932 е член на окружното раководство на БКП во Петрич. Поради своето делување како комунист е уапсен и од 1933 до 1941 година е во затвор.

По излегувањето од затвор, преминува во илегала и на 26 јули 1941 година ја формира разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот [1].

На почетокот од 1943 година станува член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинува кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа.

Извори

  1. Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година

Поврзано