Бисалтија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
[[File:Bisaltai Oktadrachm.jpg|thumb|right|350px|Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)]]
[[File:Bisaltai Oktadrachm.jpg|thumb|right|350px|Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)]]

'''Бисалтија''' била област во [[Античка Македонија]] по долниот тек на реката [[Стримон]]. Населението [[Бисалти]] живеело западно и источно од Стримон, област населена од [[Одоманти]]те и [[Едонци]]те. Според најстарото сведоштво кај [[Херодот]], така се нарекува областа околу градот [[Аргила]] (западно од Стримон).<ref>''Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960''</ref> [[Тукидид]] ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал [[Александар I Македонски]] и проширувањето на државата до Стримон.<ref>''Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195''</ref>
'''Бисалтија''' или '''Визалтија''' — област во [[Античка Македонија]] по долниот тек на реката [[Стримон]]. Населението [[Бисалти]] живеело западно и источно од Стримон, област населена од [[Одоманти]]те и [[Едонци]]те. Според најстарото сведоштво кај [[Херодот]], така се нарекува областа околу градот [[Аргила]] (западно од Стримон).<ref>''Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960''</ref> [[Тукидид]] ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал [[Александар I Македонски]] и проширувањето на државата до Стримон.<ref>''Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195''</ref>

Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Aлександар I Македонски во V в. пне.

Преработка од 22:12, 29 јуни 2014

Македонското кралство, непосредно по смрта на Филип Македонски, 336 гпне
Монети кои потекнуваат од Бизалтија, околу 475-465 гпне. Октадрахма (28.68 g)

Бисалтија или Визалтија — област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Стримон).[1] Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.[2]

Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Aлександар I Македонски во V в. пне.

Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.[3]

По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.

Денешна општина

По областа е именувана и општината Визалтија во Серскиот округ, согласно грчката политика на присвојвуање на древната историја на Македонија.

Наводи

  1. Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960
  2. Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195
  3. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957