Градоначалник на Прилеп: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 21: Ред 21:


== Листа на Градоначалници на Прилеп ==
== Листа на Градоначалници на Прилеп ==
[[Податотека:Map of Prilep Municipality.svg|мини|десно|Општина Прилеп според територијалната поделба од 2013]]



{| class="wikitable"
{| class="wikitable"

Преработка од 16:29, 28 јуни 2014

Градоначалникот на Прилеп ја застапува и ја претставува општината. Тој се избира на непосредни и слободни избори на секои четири години.

Надлежности на градоначалникот

Градоначалникот на Прилеп ги има следниве надлежности:

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  • Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  • Го обезбедува извршувањето на работите кои што со закон и се делегирани на општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската админстрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
  • Врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.

Листа на Градоначалници на Прилеп

Општина Прилеп според територијалната поделба од 2013


Име Слика Во служба Избран во Политичка партија
Сашо Пирганоски 2000 2006 2000 СДСМ
Марјан Ристески 2005 сега 2005
2009
2013
ВМРО-ДПМНЕ

Наводи