Кралска академија на науките (Шведска): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 15: | Ред 15: | ||
[[Податотека:KVA.JPG|мини|десно|Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм]] |
[[Податотека:KVA.JPG|мини|десно|Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм]] |
||
''' |
'''Кралска академија на науките''' ([[швед.]] ''Kungliga Vetenskapsakademien'', KVA) — една од [[Кралски академии во Шведска|кралските академии]] во [[Шведска]]. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува [[наука|науките]], пред сè [[природни науки|природните науки]] и [[математика]]та. |
||
Академијата е основана на [[2 јуни]] [[1739]] од славниот природонаучник [[Карл Линеј]], меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.<ref name="kva-history"> |
Академијата е основана на [[2 јуни]] [[1739]] од славниот природонаучник [[Карл Линеј]], меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.<ref name="kva-history"> |
Преработка од 15:12, 2 јуни 2014
Гесло | att främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället (да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството) |
---|---|
Основана | 2 јуни 1739 |
Седиште | Стокхолм, Шведска |
Членство | 1600 академици 175 странски членови |
Претседател | Сванте Линдквист |
Постојан секретар | Стафан Нормарк |
Мреж. место | www.kva.se |
Кралска академија на науките (швед. Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.
Академијата е основана на 2 јуни 1739 од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]
Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано 1719), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, кадешто биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.
Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:
- Нобелови награди за физика и хемија[2]
- Нобелова награда за економија[3]
- Крафордови награди за астрономија и математика, геонауки, бионауки (со задршка на екологија) и полиартритис[4]
- Ролф Шокови награди за логика и философија[5]
- Награда „Грегори Арминоф“ за кристалографија[6]
- Медал „Оскар Клајн“
и државни награди:[7]
- Награда „Јеран Густафсон“ за истражни трудови во природните науки и медицината
- Седербергова награда за економија или правни науки
- Награда „Таге Ерландер“ за физика, хемија, технологија и биологија
- Награди „Ингвар Линдквист“ за наставници од областа на физиката, хемијата, биологијата и математиката.
Пишани изданија
Ова се тековните научни списанија на академијата:
- Ambio (1972-)
- Acta Mathematica (1882-)
- Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
- Acta Zoologica (1920-)
- Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
- Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
- Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
- Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
- ETAI (1997-)
Поврзано
Наводи
- ↑ Предлошка:Цмс
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
- ↑ Предлошка:Цмс (англиски)
Надворешни врски
- Кралска академија на науките (англиски) (шведски)
- ETAI - мреж. место на списанието (англиски)
|