Бабуна (река): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
}}
}}


'''Бабуна''' е река во [[Македонија]], десна притока на [[Вардар]]. Таа извира под врвот [[Солунска Глава]] на планината [[Јакупица]]. Има должина од 65 километри и протекува јужно и југозападно од [[Велес]].
'''Бабуна''' е река во [[Македонија]], десна притока на [[Вардар]]. Таа извира под врвот [[Солунска Глава]] на планината [[Јакупица]]. Има должина од 65 километри<ref name="МЗШВ" /> и протекува јужно и југозападно од [[Велес]].


==Течение на Бабуна==
==Течение на Бабуна==

Преработка од 00:01, 15 мај 2014

За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
Бабуна
Местоположба
Физички особености
УстиеВардар Македонија Македонија
 • надм. вис.
155 m
Должина65 km
Особености на сливот

Бабуна е река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри[1] и протекува јужно и југозападно од Велес.

Течение на Бабуна

Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[3]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[4]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[5]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[6]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.


Галерија

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име МЗШВ.
  2. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138
  3. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138
  4. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.129
  5. Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
  6. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.138