Анастас Јанков: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Додадов биографија, ја преведов од бугарската верзија на Википедија.
Ред 9: Ред 9:
починал-место= {{починал во|Влахи|Бугарија}} |
починал-место= {{починал во|Влахи|Бугарија}} |
}}
}}
'''Анастас Јанков''' ([[1857]]-[[1906]])<ref>Енциклопедия България. Том 7, Академично издателство "Проф. Марин Дринов", Софиja, 1996, стр. 579.</ref>, познат и како „'''Македонскиот Гарибалди'''“<ref>Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.62, 107</ref> е македонски револуционер, деец на [[Врховен македонски комитет|Врховниот македонски комитет (ВМК)]] и офицер од [[Бугарската армија]] ([[полковник]]) од село [[Загоричани]]. Еден од најголемите идеолошки противници на [[ВМОРО|BMPO]] во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија и на [[Русија]].
'''Анастас Јанков''' (?-[[1906]]) бил офицер од [[Бугарската армија]] ([[полковник]]) од село [[Загоричани]], кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: ''„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...”''<ref>''Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2''</ref> Учествува во [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна (1877-1878)]] и [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]] (1885) година.


== Биографија ==
Полковник Анастас Јанков е женет за сестрата на [[Рајна Кнегиња]] и е татко на деецот на Бугарската комунистичка партија [[Коста Јанков]].

Анастас Jaнков Динков е роден во костурското село Загоричани на [[1 април]] [[1857]] г. Учи во родното село, а подоцна во егзархиското училиште во [[Цариград]], коешто го завршува во [[1875]] година, со одличен успех.

Прогонуван од отоманските власти, бива затворен, но успева да избeга во [[Одеса]], денешна [[Украина]]. Учествува како доброволец во српската армија во [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна (1877-1878)]] и во Српско-турската војна ([[1876]]), во којашто е награден со српски орден и е унапреден во чин пoмлад унтерофицер, по битката при Гредетин<ref>Димитър Михайлов: „Полковник Анастас Янков Храбрият македонски войвода“, в. „Трета възраст“, бр. 30, 28.7 - 3.8.10 г., стр. 10</ref>. За време на Руско-турската војна ([[1877]]-[[1878]]) е доброволец во V-та дружина на Бугарското ополчение, кога го добива чинот унтерофицер. Кај [[Шипка]] и [[Шејново]] е ранет и за пројавена храброст добива „Георгиевски крст“. Во [[1885]] г. учествува во [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]]<ref>[http://www.kroraina.com/bugarash/macedonia/opalchenci.html Ополченци од Македониja]</ref> (на страна на Бугарите) и добива орден „За храброст“ од 4-ти степен.

Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во [[1902]] г. заминува за Македонија<ref>Ангел Динев: Илинденската епопея, стр. 249, том I, Софија, 1946 г.</ref>, со цел да им помогне на своите сонародници Македонци. Подоцна оди во [[Грција]] и [[Србија]], со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија.

Со самото негово пристигнување во Костурско, почнале несогласувањата со дејците на Внатрешната Организација, co коишто Јанков, намерно со умисла, или не, донекаде ја компромитирал Организацијата пред отоманските власти. Неговата преголема доверба и наклонетост кон [[Гркомани|гркоманот]] [[Коте Христов]] од село [[Руља]] исто така ѝ наштетиле на Организацијата. <ref>Полковник Анастас Янков: „[[http://www.sitebulgarizaedno.com/index.php?option=com_content&view=article&id=395:2012-03-20-15-20-48&catid=29:2010-04-24-09-14-13&Itemid=61/ Моите възспоменания по македоно-одринския въпрос]]“, „От София до Костур“, Синева, София, 2003</ref><ref>Пандо Кљашев, „Спомени“: Полковник Јанков во Костурско сака да крева востание - [[http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.html (1)]], [[http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk16.html (2)]], [[http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk17.html (3)]]</ref>

Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон афирмирањето на [[Македонски извори за македонскиот идентитет|македонското национално дело]]. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонесле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на македонската етничка припадност и потекло на Македонците.

[[Податотека:Povik do Makedoncite Anastas Jankov 1902.jpg|лево|350п|мини|Повик до Македонците од Анастас Јанков]]
Кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: - ''„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот [[Александар Македонски]]; сетете се за храбриот цар [[Самоил]], македонскиот великан, за прекрасниот [[Марко Крале]], општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. '''Да се покажеме достојни нивни потомци''': да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”''<ref>''Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2''</ref>

Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:
:– „''Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави''."<ref>в. “Штампа”, 01.12.1903 г.</ref>

[[Крсте Мисирков]] во „[[За македонцките работи]]“ вели:
: - „''Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство... И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството. Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. '''Сарафов, Радев, Iанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа''', и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите балкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?''“<ref>[http://mk.wikisource.org/wiki/За_македонцките_работи/_Нaционалниiот_сепаратизм:_земiшчето_на_коiе_се_имат_развиiено_и_ке_се_развиiат_за_однапред. „За македонцките работи“ (Нaционалниiот сепаратизм - земiшчето на коiе се имат развиiено и ке се развиiат за однапред)]</ref>

== Семејство ==

Полковник Анастас Јанков е женет за Марија Атанасова Попгеоргиева Футекова, сестра на бугарската револуционерка [[Рајна Кнегиња]]. Негов син е мајорот [[Коста Јанков]] (1888–1925, зет за ќерка на социјалистот [[Димитар Благоев]] и деец на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]]), кој бил убиен во полициска хајка по терористички напад спроведен од неговата партија врз бугарскиот цар и армискиот врв.<ref>[http://www.kultura.bg/media/my_html/2344/razum.htm „Разумът няма цветове“, Филип Панајотов, в. „Култура“, бр. 42, 5 ноември 2004 година]</ref><ref>Енциклопедия България, том 7, Академично издателство Проф. „Марин Дринов“, Софија, 1996 г.</ref>

Полковник Jaнков загинува во битка со турска војска, во април [[1906]] година, на пат за Бугарија, при месноста Полјана кај селото [[Влахи]] во [[Пиринска Македонија]].


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 18:29, 1 мај 2014

Анастас Jанков
Роден 18 март 1857
Загоричане, Егејска Македонија, Отоманска империја (ден. Грција)
Починал 15 април 1906
Влахи, Бугарија

Анастас Јанков (1857-1906)[1], познат и како „Македонскиот Гарибалди[2] е македонски револуционер, деец на Врховниот македонски комитет (ВМК) и офицер од Бугарската армија (полковник) од село Загоричани. Еден од најголемите идеолошки противници на BMPO во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија и на Русија.

Биографија

Анастас Jaнков Динков е роден во костурското село Загоричани на 1 април 1857 г. Учи во родното село, а подоцна во егзархиското училиште во Цариград, коешто го завршува во 1875 година, со одличен успех.

Прогонуван од отоманските власти, бива затворен, но успева да избeга во Одеса, денешна Украина. Учествува како доброволец во српската армија во Руско-турската војна (1877-1878) и во Српско-турската војна (1876), во којашто е награден со српски орден и е унапреден во чин пoмлад унтерофицер, по битката при Гредетин[3]. За време на Руско-турската војна (1877-1878) е доброволец во V-та дружина на Бугарското ополчение, кога го добива чинот унтерофицер. Кај Шипка и Шејново е ранет и за пројавена храброст добива „Георгиевски крст“. Во 1885 г. учествува во Српско-бугарската војна[4] (на страна на Бугарите) и добива орден „За храброст“ од 4-ти степен.

Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во 1902 г. заминува за Македонија[5], со цел да им помогне на своите сонародници Македонци. Подоцна оди во Грција и Србија, со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија.

Со самото негово пристигнување во Костурско, почнале несогласувањата со дејците на Внатрешната Организација, co коишто Јанков, намерно со умисла, или не, донекаде ја компромитирал Организацијата пред отоманските власти. Неговата преголема доверба и наклонетост кон гркоманот Коте Христов од село Руља исто така ѝ наштетиле на Организацијата. [6][7]

Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон афирмирањето на македонското национално дело. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станувала сè посвесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонесле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на македонската етничка припадност и потекло на Македонците.

Повик до Македонците од Анастас Јанков

Кога во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: - „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самоил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале, општословенската слава, дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века.”[8]

Во весникот “Штампа” на 01.12.1903, тој изјавува:

– „Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија ѝ посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави."[9]

Крсте Мисирков во „За македонцките работи“ вели:

- „Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство... И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството. Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Iанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа, и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите балкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?[10]

Семејство

Полковник Анастас Јанков е женет за Марија Атанасова Попгеоргиева Футекова, сестра на бугарската револуционерка Рајна Кнегиња. Негов син е мајорот Коста Јанков (1888–1925, зет за ќерка на социјалистот Димитар Благоев и деец на Бугарската комунистичка партија), кој бил убиен во полициска хајка по терористички напад спроведен од неговата партија врз бугарскиот цар и армискиот врв.[11][12]

Полковник Jaнков загинува во битка со турска војска, во април 1906 година, на пат за Бугарија, при месноста Полјана кај селото Влахи во Пиринска Македонија.

Наводи

  1. Енциклопедия България. Том 7, Академично издателство "Проф. Марин Дринов", Софиja, 1996, стр. 579.
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.62, 107
  3. Димитър Михайлов: „Полковник Анастас Янков Храбрият македонски войвода“, в. „Трета възраст“, бр. 30, 28.7 - 3.8.10 г., стр. 10
  4. Ополченци од Македониja
  5. Ангел Динев: Илинденската епопея, стр. 249, том I, Софија, 1946 г.
  6. Полковник Анастас Янков: „[Моите възспоменания по македоно-одринския въпрос]“, „От София до Костур“, Синева, София, 2003
  7. Пандо Кљашев, „Спомени“: Полковник Јанков во Костурско сака да крева востание - [(1)], [(2)], [(3)]
  8. Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2
  9. в. “Штампа”, 01.12.1903 г.
  10. „За македонцките работи“ (Нaционалниiот сепаратизм - земiшчето на коiе се имат развиiено и ке се развиiат за однапред)
  11. „Разумът няма цветове“, Филип Панајотов, в. „Култура“, бр. 42, 5 ноември 2004 година
  12. Енциклопедия България, том 7, Академично издателство Проф. „Марин Дринов“, Софија, 1996 г.

Предлошка:Никулец за биографија