Цветко Узуновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 3 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3397598 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
<references />
<references />


== Надворешни врски ==

* [http://www.utrinski.mk/?ItemID=61D30E186C0DE34F95F44C4F4FFA90A9 Виктор Цветаноски „Лена ликвидирана по налог на Абас“], „Утрински Весник“
{{македонија-биог-никулец}}


[[Категорија:Дејци на КПМ|Узуновски, Цветко]]
[[Категорија:Дејци на КПМ|Узуновски, Цветко]]

Преработка од 20:26, 23 април 2014

Цветко Узуновски

Цветко Узуновски - Абас (Царев Двор, Ресенско, 24 декември 1916 - Скопје, 24 мај 1993) е македонски комунист, учесник во НОБ и истакнат комунистички функционер по ослободувањето.

Пристапува кон комунистичкото движење во 1934 година. Во јуни 1937 година пристигнува во Шпанија каде до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна.[1] По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година.

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.

По ослободувањето беше прв началник на УДБА, а на 11 февруари 1946 година е избран за министер за внатрешни работи на НР Македонија.[2] На оваа функција останува до 1953 година. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија.

Пензиониран е како генерал мајор на ЈНА.

Наводи

  1. Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна
  2. Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр.

Надворешни врски