Цветници: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 28: Ред 28:


Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.<ref>''„Зубовце“ од Гале Фиданоски, Скопје 2008 г.''</ref>
Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.<ref>''„Зубовце“ од Гале Фиданоски, Скопје 2008 г.''</ref>



== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}


{{Христијанство-никулец}}

[[Категорија:Христијанство]]
[[Категорија:Христијански празници]]
[[Категорија:Христијански празници]]

Преработка од 19:53, 12 април 2014

За истоимениот фолк-фестивал видете тука
Торжественото влегување во Ерусалим - Цветници. Фреска во црквата Св. Илија во Велгошти

Цветници (Цветоносна недела, Врбица) — христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнувањ секогаш е една недела пред Велигден.[1]

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога Бог ќе ти даде”.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор”. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати”. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините”.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека. Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден.


Во Македонија

Во Македонија овој празник се празнува различно. На пример во гостиварско Зубовце, на овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во рацете, одат на прошетка во селските ливади. Берат цвеќиња. Прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред домашната икона.

По берењето на цвеќињата и при правањето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:

Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре
Цвеќе да си береме, Лазаре,
Китки да си китиме, Лазаре,
Кому китка по китка, Лазаре,
На Лазара пет китки, Лазаре.

Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.[2]

Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 120
  2. „Зубовце“ од Гале Фиданоски, Скопје 2008 г.