Фердинанд II (Арагон): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q12860
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
| name =Фердинанд II
| name =Фердинанд II
| title = Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон
| title = Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон
| image =[[Податотека:Michel Sittow 004.jpg|200px|Фердинанд II]]
| image =Michel Sittow 004.jpg
| succession =Крал на [[Арагон]]
| succession =Крал на [[Арагон]]
| reign =[[20 јануари]] [[1479]] - [[23 јануари]] [[1516]]
| reign =[[20 јануари]] [[1479]] - [[23 јануари]] [[1516]]
| coronation =
| coronation =
| predecessor =[[Хуан II од Арагон|Хуан II]]
| predecessor =[[Хуан II Арагонски|Хуан II]]
| successor =[[Хуана Кастилјска|Хуана I]] и [[Карлос I]]
| successor =[[Хуана Кастилјска|Хуана I]] и [[Карлос I]]
| succession1 =Крал на [[Кастилја]]
| succession1 =Крал на [[Кастилја]]
Ред 25: Ред 25:
| buried =[[Гранада]]
| buried =[[Гранада]]
}}
}}
'''Фернандо II од Арагон''', познат и како '''Фернандо Католикот''' ([[шпански]]: ''Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico"'') бил крал на [[Арагон]] (1479. – 1516.), [[Сицилија]] (1468. – 1516.), [[Неапол]] (1504. – 1516.), [[Валенсија]], [[Сардинија]] и [[Навара]], Гроф на Барселона, крал на [[Кастилја]] (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.
'''Фернандо II Арагонски''', познат и како '''Фернандо Католикот''' ([[шпански]]: ''Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico"'') крал на [[Кралство Арагон|Арагон]] (1479. – 1516.), [[Сицилија]] (1468. – 1516.), [[Неапол]] (1504. – 1516.), [[Валенсија]], [[Сардинија]] и [[Навара]], Гроф на Барселона, крал на [[Кастилја]] (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.


Заедно со сопругата, кралицата [[Изабела од Кастилја]], Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.
Заедно со сопругата, кралицата [[Изабела од Кастилја]], Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.
Ред 31: Ред 31:
== Владеење ==
== Владеење ==


[[Податотека:FerdinandIsabellaSpain.jpg|thumb|left|220px|Свадбен портрет на Фердинанд II од Арагон и Изабела од Кастилја.]]
[[Податотека:FerdinandIsabellaSpain.jpg|thumb|left|220px|Свадбен портрет на Фердинанд II Арагонски и Изабела Кастилјска.]]
Преку бракот со [[Изабела I од Кастилја]] создале [[личен сојуз]] помеѓу соседните кралства [[Арагон]] и [[Кастилја]] по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава [[Шпанија]], именувана според античкото римско име ''Хиспаниа'', иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.
Преку бракот со [[Изабела I од Кастилја]] создале [[личен сојуз]] помеѓу соседните кралства [[Арагон]] и [[Кастилја]] по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава [[Шпанија]], именувана според античкото римско име ''Хиспаниа'', иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.



Преработка од 02:39, 10 март 2014

Фердинанд II
Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон
Крал на Арагон
На престол20 јануари 1479 - 23 јануари 1516
ПретходникХуан II
НаследникХуана I и Карлос I
Крал на Кастилја
На престол1475-1503
ПретходникHenry IV
НаследникХуана и Филип I
СопружникИзабела I Кастилјска
Жена
  • Жермен од Фоа
ДецаИзабела Португалска
Хуан, принц од Астуриас
Хуана Кастилјска
Марија Арагонска
Катерина Арагонска
ДинастијаДинастија Трастамара
ТаткоХуан II Арагонски
МајкаХуана Енрикез

Фернандо II Арагонски, познат и како Фернандо Католикот (шпански: Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico") — крал на Арагон (1479. – 1516.), Сицилија (1468. – 1516.), Неапол (1504. – 1516.), Валенсија, Сардинија и Навара, Гроф на Барселона, крал на Кастилја (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.

Заедно со сопругата, кралицата Изабела од Кастилја, Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.

Владеење

Свадбен портрет на Фердинанд II Арагонски и Изабела Кастилјска.

Преку бракот со Изабела I од Кастилја создале личен сојуз помеѓу соседните кралства Арагон и Кастилја по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава Шпанија, именувана според античкото римско име Хиспаниа, иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.

Фернандо и Изабела ги протерале Маврите од Пиринејскиот полуостров и ја освоиле нивната територија и последна муслиманска енклава на Европско тло - Гранада во 1492. Истата година, го испратиле Кристофер Колумбо во експедиција кон новиот свет. Исто така во 1492. со Декретот од Алхамбра ги условиле евреите да го прифатат христијанството или да ги напуштат Арагон и Кастилја, што довело до голема миграција на стотици илјади евреи кон Португалија и цела Европа. Во 1494. со Договорот од Тордесиљас постигнале спогодба со Португалија за поделба на светот надвор од Европа.

Со цел да го зајакнат католицизмот, во 1478. ја создале шпанската инквизиција, која била под нивна директна власт, за разлика од средновековната која била под контрола на папата.

Фердинанд бил не само вешт политичар, туку и талентиран воен заповедник. И покрај тоа што не бил мошне впечатлив, бил многу шармантен, а поради силната љубов кон ловот, витешките турнири, коцкањето и жените, станал своевидно овоплотување на она што се вика ренесансен владетел. По смртта на Изабела тој се нашол во непријатна положба како бивш крал, а тоа траело до 1506 година, т.е. до смртта на неговиот зет Филип Убавиот. Тогаш Фердинанд се враќа во Кастилја како регент кој ќе владее наместо својата ќерка Хуана. Славољубов, но спремен кон компромиси, Фердинанд во Италијанските војни (1511-1513) за Шпанија освојува многу територии на Апенинскиот Полуостров.[1]

Заклучок

Фернандо и Изабела постигнале ефикасен сојуз во текот на владеењето: Шпанија била обединета, териториите проширени, верски обединета со протерувањето на муслиманите и евреите, основале војска и морнарица која ќе биде основа на освојувањата на светот во следните 150 години, црквата била реформирана. Со сите овие постигнувања, како и со откритијата на нови територии и природни богатства во Новиот свет, Фердинанд и Изабела ја создале првата светска сила во денешното значење.

Наводи

  1. Историја - сеопфатен визуелен водич - Адам Харт-Дејвис, Скопје 2009