Пергамент: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 51 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q226697 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:


== Пергаментот денес ==
== Пергаментот денес ==
И денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично ([[Версајски договор|Версајскиот договор]], [[Декларација на Обединетите нации|Повелбата на ОН]], [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] и др.).
И денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично ([[Версајски договор|Версајскиот договор]], [[Декларација на Обединетите нации|Повелбата на ООН]], [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] и др.).


== Извори ==
== Наводи ==
{{reflist}}
{{наводи}}


[[Категорија:Писмена комуникација]]
[[Категорија:Писмено општење]]
[[Категорија:Материјали за пишување]]
[[Категорија:Материјали за пишување]]
[[Категорија:Животински производи]]
[[Категорија:Животински производи]]

Преработка од 22:42, 9 март 2014

Изработка на пергамент во 1568 г.

Пергаментот е еден од најстарите материјали за пишување, кој се користи и денес.

Историја

Околу 200 г. п.н.е еден од фараоните од династијата Птоломеиди го забранил извозот на папирус од Египет, за да го спречи развојот на “библиотеките“ во другите земји.

Оваа ситуација ги натерала корисниците на папирус да најдат алтернативен материјал за пишување, однесно за пренесување на пораките и складирање на знаењата. Во градот Пергамо, (денешна Турција), бил произведен таков материјал и го добил името пергамент. Тој бил потраен и попостојан на влага за разлика од папирусот. Се до денес, се смета за еден од најдобрите материјали за пишување со перо и мастило.

Изработка

Пергаментот се изработувал со преработка на тенки кожи, најчесто од млади животни: кози, овци, телиња, магариња, па и змии.[1] Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале влакната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.

Следната фаза било брусењето со помош на вулкански песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.

Последната фаза била натопување на испегланата кожа во масло и сушење на маслото, со цел да се постигне соодветна еластичност.

Пергаментот денес

И денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично (Версајскиот договор, Повелбата на ООН, Нобеловата награда и др.).

Наводи