Повреда: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{бб|Неисполнување на одредени критериуми за квалитет}}

'''Повреда''' — оштетување на [[Организам|организмот]] под дејство на некој надворешен фактор т.е надворешна сила. Според причината која ги предизвикала повредите се делат на:
'''Повреда''' — оштетување на [[Организам|организмот]] под дејство на некој надворешен фактор т.е надворешна сила. Според причината која ги предизвикала повредите се делат на:
* Механички;
* Механички;

Преработка од 23:41, 2 март 2014

Повреда — оштетување на организмот под дејство на некој надворешен фактор т.е надворешна сила. Според причината која ги предизвикала повредите се делат на:

  • Механички;
  • Термички;
  • Електрични;
  • Хемиски;
  • Радијациони;

Механички повреди

Механичките повреди настануваат под дејство на механичка сила со притисок, удар или развлекување на ткивото. Тие можат да бида отворени (надворешни) и затворени (внатрешни).

Затворени (внатрешни) механички повреди

Затворени механички повреди настануваат кога ткивото е оштетено, а кожата и слузокожата не се оштетени. Такви повреди се:

  • Commotiо - потрес;
  • Contusio - нагмечување;
  • Compresio - притисок;
  • Distorsio - истегнување;
  • Luxacio - изместување;
  • Fractura - скршеница;

Отворени(надворешни) механички повреди

Отворени механички повреди се оние повреди при кој е нарушен континуитетот на слузницата или кожата.

  • Excoriacio - гребнатинка;
  • Vulnus scizum - посекотина;
  • Vulnus contusum - нагмечотина;
  • Vulnus punctum - убодна рана;
  • Vulnus lacero - contusum - нагмечотина и раздеротина;
  • Vulnus lacerum - раздеротина;
  • Vulnus morsum - каснатина;
  • Vulnus explosivum - експлозивна;
  • Vulnus sclopetarium - огнострелна рана;

Термички повреди

Термичките повреди настануваат под дејство на високи или ниски температури:

  • Изгореници Combustiones;
  • Смрзнатини Congelationes;

Изгореници (Combustio)

Изгорениците представуваат оштетување на кожата и подкожните ткива под дејство на висока температура. Степенот на изгореница зависи од висината на температура и од времето на изложување. Изгорениците се делат на четири степени и тоа:

  • Прв степен Combustio erithemathoza - црвенило;
  • Втор степен Combustio bullosa - меури були;
  • Трет степен Combustio echarotica - каде е зафатена кожата, подкожното ткиво, лојните и потните жлезди;
  • Четврт степен Carbonificatio - јагленисување;

Смрзнотици (Congelatio)

Смрзнотиците настануваат под дејство на ниски температури при што доаѓа до локални оштетувања на кожата и подлабоките ткива. Кај смрзнотиците има три степени и тоа:

  • Прв степен Congelatio erithemathosa - црвенило, болка, оток;
  • Втор степен Congelatio bullosa - ливидна боја, меури;
  • Трет степен Congelatio gangrenosa - гангрена;

Повреди од електрична струја

Струен удар(electocution) за да дојде до ова повреда треба електричната струја да мине низ организмот. Оштетувањата можат да бидат специфично електрични пратени со мускулни грчеви, застој во дишењето и работата на срцето како и елeктротермични пратени со изгореници од повисок степен.

Удар од гром (fulguratio) може на место да го усмрти лицето или пак може да доведе до привидна смрт, зашеметеност или изгореници.

Хемиски повреди

Можат да бидат предизвикани од киселини, бази, бојни отрови. Кај овие повреди најважно е брзо отстранување на агенсот со испирање или давање на средства за неутрализација (најдобро е млака вода или млеко), поставување на инфузија за побрза елиминација на отрово како и давање на соодветен против отров.

Радијациони повреди

Настануваат поради озрачување на човечкото тело со ултравиолетови, ренгенски, радиумски или други зраци. Оштетувањата можат да бида локални или општи и можат да се манифестираат рано или по подолго време.