Универзитет на Југоисточна Европа: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Bot: Migrating 7 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2304477 (translate me) |
|||
Ред 26: | Ред 26: | ||
== Капацитет == |
== Капацитет == |
||
{{Рангирање на високообразовните институции во Република Македонија}} |
|||
Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три [[Амфитеатар|амфитеатри]], приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за [[комјутер]]и, [[библиотека]] „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти. |
Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три [[Амфитеатар|амфитеатри]], приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за [[комјутер]]и, [[библиотека]] „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти. |
Преработка од 11:51, 1 март 2014
Вид | јавен и приватен |
---|---|
Основан | 2000 |
Студенти | 5200 |
Место | Тетово, Македонија |
Официјална интернет страна |
Југоисточен Европски Универзитет или скратено ЈИЕУ е јавно-приватен универзитет со своите два кампуса во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово и формиран е во 2000 година.
Историја
Изградбата на Универзитетот започнала во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачил на 2250, а во октомври 2003 ЈИЕУ имал 3700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во ЈИЕУ е 5200.
Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик. Сите студенти го изучуваат англискиот јазик.
Почетната фаза на развојот на ЈИЕ Универзитетот била овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот Индијана кој дал поддршка на развојот на факултетите и наставниот план.
Капацитет
Универзитет | Резултат |
---|---|
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ | 100 |
Универзитет „Гоце Делчев“ | 85,9 |
Универзитет на Југоисточна Европа | 84,3 |
Универзитет за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ |
83,9 |
Универзитет „Св. Климент Охридски“ | 83 |
Универзитет Американ Колеџ Скопје | 80,7 |
Меѓународен балкански универзитет | 75,5 |
ФОН Универзитет | 58,9 |
Државен универзитет во Тетово | 56,4 |
Европски универзитет | 47,6 |
Приватна висока стручна школа за новинарство и односи со јавност |
46,8 |
Приватна висока стручна школа „Еуроколеџ“ − Куманово | 46 |
Приватна висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ − НЕОКОМ |
45,7 |
Универзитет за туризам и менаџмент | 43,2 |
Меѓународен универзитет Струга | 41,8 |
Меѓународен славјански институт „Г.Р. Державин“ | 41,7 |
МИТ универзитет | 41 |
Приватна висока стручна школа „Бизнис академија Смилевски“ |
40,3 |
Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА | 35,5 |
Универзитет Евро-Балкан | 20,8 |
Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за комјутери, библиотека „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти.
Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот Кредитен Трансфер Систем.
Формални договори за соработка Универзитетот има потпишано со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Рен, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.
Факултети
Универзитетот располага со следните факултети:
- Факултет за јазици, култури и комуникации
- Катедра за англиски јазик и студии
- Катедра за германски јазик и студии
- Катедра за албански јазик и студии
- Катедра за француски јазик и студии
- Правен Факултет
- Факултете за бизнис администрација
- Факултет за јавна администрација и политички науки
- Факултет за современи науки и технологии
Надворешни врски
- ↑ „Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013“. Министерство за образование и наука на Македонија.