Андреа Лекиќ: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бришење на "AndreaLekic.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на INeverCry пора...
AXSONNN (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox handball biography
{{Infobox handball biography
| name = Андреа Лекиќ
| name = Андреа Лекиќ
| image =
| image = Andrea Lekic.jpg
| fullname = Андреа Лекиќ
| fullname = Андреа Лекиќ
| nationality = [[Србинка]]
| nationality = [[Србинка]]

Преработка од 20:21, 26 декември 2013

Андреа Лекиќ
Лични податоци
Име и презиме Андреа Лекиќ
Роден(а) 6 септември 1987(1987-09-06)(36 г.)
Белград, Србија
Националност Србинка
Спорт Ракомет
Тежина 77 kilograms (170 lb)
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Вардар
Број 77
Сениорски клубови
0000–2005
2005–2006
2006–2007
2007–2011
2011–2013
2013-
Србија ОРК Београд
Србија ЖРК Раднички Белград
Србија ЖРК Књез Милош
Словенија РК Крим Љубљана
Унгарија Ѓер ЕТО
Македонија ЖРК Вардар
Репрезентација 1
  Србија Србија 62 (324)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 4 Декември 2010

Андреа Лекиќ ( родена 6. Септември 1987 год. во Белград) е српски ракометар кој игра за ЖРК Вардар, истотака е и член на женскиот национален тим на Србија.


Андреа Лекиќ е капитен на репрезентацијата на Србија и најдобар среден бек на ЕП 2012 во Србија. Ракомет почна да тренира на 11-годишна возраст во ОРК Београд под водство на тренерот Весна Бојковиќ. Но, пред да го избере ракометот, Андреа на рана возраст беше успешна и во неколку други спортови. Прво тренираше карате и стигна до „син појас“ пред да се префрли на спортовите со топка. Почна со одбојка, но кошарката и привлекуваше многу поголемо внимание, играше и фудбал, а се проба и во тенис кој и денес и е еден од омилените спортови. По ОРК Београд, Лекиќ две сезони беше во Раднички, а со неполни 18 години се пресели во екипата на „Књаз Милош“ од Аранѓеловац со која во 2007 година ја освои првата шампионска титула во Србија. По една сезона помината во „Књаз Милош“ следуваше ангажман во Крим Меркатор и преселба во Словенија. Со екипата на Крим Меркатор, Лекиќ освои четири шампионски титули и четири титули во Купот на Словенија. Последните две сезони таа настапуваше во дресот на Ѓер, освои две шампионски и две титули во Купот на Унгарија. Со екипата на Ѓер, Лекиќ лани играше во финалето од Лигата на шампионите, а оваа сезона стана шампион на Европа.

Во репрезентацијата на Србија, Андреа Лекиќ прв пат беше повикана во 2005 година во подготовките за двомечот со Македонија во баражот за СП 2005, а првиот официјален меч во репрезентативниот дрес го одигра на „Трофеј Карпати“ во 2006 година. Со српската репрезентација има настапено на четири Европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010, ЕП 2012). На последното ЕП 2012 на кое беше домаќин, Србија го освои четвртото место, а Андреа Лекиќ беше избрана за најдобар среден бек во ол-стар тимот на првенството. Покрај професионалната ракометна кариера, Андреа Лекиќ студира на Факултетот за туризам и угостителство во Белград.