Хамлет: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 213.135.180.244 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:213.135.184.114|213.135.184...
с Отстрането уредувањето на Raso mk (разговор), вратено на последната верзија на 213.135.180.244
Ред 19: Ред 19:


==Ликови во драмата==
==Ликови во драмата==
*[ne e poznato ime ] - кралот на Данска
*[[ne e poznato ime]] - кралот на Данска
*[[Принцот Хамлет|] - син на поранешниот крал и внук на сегашниот крал
*[[Принцот Хамлет|Принцот Хамлет]] - син на поранешниот крал и внук на сегашниот крал
*[[Гертруда (Хамлет)|Гертруда]] - кралицата на Данска и мајка на Хамлет
*[[Гертруда (Хамлет)|Гертруда]] - кралицата на Данска и мајка на Хамлет
*[[Полониј (Хамлет)|Полониј]] - управник на кралскиот имот
*[[Полониј (Хамлет)|Полониј]] - управник на кралскиот имот

Преработка од 12:16, 11 декември 2013


Актерот Дејан Лилиќ во улогата на Хамлет.

Трагичната повест на Хамлет, Принцот Дански, или скратено Хамлет, е трагедија од Вилијам Шекспир, за која се верува дека ја напишал во периодот помеѓу 1599 и 1601 година. Драмата, која се случува во Kралството Данска, раскажува за начинот на кој принцот Хамлет му се одмаздува на вујко му Клавдиј, поради убиството на стариот крал Хамлет (братот на Клавдиј и татко на принцот Хамлет) и наследување на круната, како и поради венчавката со Гертруда (вдовицата на кралот Хамлет и мајка на принцот Хамлет). Драмата живописно ги отсликува вистинското и одглуменото лудило, од неизмерна тага до зовриен гнев, и ги истражува темите на предавство, одмазда, инцест и морално пропаѓање.

Опстанати се три различни и рани верзии на драмата, познати се како:

  • првото кварто (Q1)
  • второто кварто (Q2) и
  • првото фолио (F1).

Во секоја од нив има стихови, па дури и сцени, кои ги нема во другите верзии. Шекспир ја напишал Хамлет врз основа на легендата за Амлет, сочувана од летописецот во 13 век, Саксон Граматик, во неговата неговото дело „Дела на Данците“ (Gesta Danorum), прекажано во 16 век од научникот Франциск де Белефорест. За него се тврди дека можеби и се инспирирал од, или дека дури и напишал порана (хипотетичка) елизабетанска драма, денес позната како Ур-Хамлет.

Структурата на драмата и нејзиното длабоко навлегување во карактерите инспирирале многу критички набљудувања, од кои едно е повеќевековна дебата околу двоумењето на Хамлет да го убие вујко си. Некои сметаат дека тоа е дел од заплетот за да се продолжи дејствието, а други сметаат дека е резултат на притисокот извршен од страна на сложените филозофски и етички прашања, кои се поврзани со ладнокрвното убиство, испланираната одмазда и оневозможените желби. Од неодамна, психоаналитичките критичари ги анализирале несвесните стремежи на Хамлет, а феминистичките критичари ги преиспитале и рехабилитирале често оцрнетите ликови на Офелија и Гертруда.

Хамлет е најдолгата драма на Шекспир, како и меѓу најмоќните и највлијателни трагедии во англиската литература. Поседува приказна што може „бескрајно да се прераскажува и приспособува од други.“ Во времето на Шекспир, таа била една од неговите најпопуларни дела, а и денес се уште стои високо на листата негови најиграни драми; на пример, на првото место е на листата на „Кралската дружина на Шекспир“ уште од 1879 година. Инспирирала писатели како Гете и Дикенс, па сè до Џојс и Мурдок, и е опишана како „најфилмуваната приказна во светот по Пепелашка“.

Главната улога речиси сигурно била создадена за Ричард Барбиџ, најпознатиот актер-трагичар во времето на Шекспир. Во наредните 400 години, таа улога ја глумеле светски признати актери и актерки од секоја последователна доба.

Ликови во драмата

Заплет

НЕ ЧИТАЈ ХАМЛЕТ ГЛУПОСТИ СЕ БРАТ

Протагонист во Хамлет е данскиот принц Хамлет, син на неодамна починатиот крал Хамлет и неговата сопруга, кралицата Гертруда.

Приказната започнува во една студена ноќ во Елсинор, данскиот кралски замок. Франциско, еден од службениците, е ослободен од должност од Бернардо, друг службеник, и заминува, додека Бернардо останува на стража. Трет службеник, Марсел, влегува со Хорациј, најдобриот пријател на Хамлет. Службениците му кажуваат на Хорациј дека виделе дух кој личел на мртвиот крал Хамлет. Откако ќе ја слушне веста од Хорациј за појавувањето на духот, Хамлет сака лично да се увери. Истата ноќ, духот повторно се појавува. Го води Хамлет во осамено место, тврдејќи му дека е навистина духот на татко му, и му открива дека тој, постариот Хамлет, бил убиен од страна на Клавдиј, кој му турил отров во увото. Духот бара од Хамлет да го одмазди; Хамлет се согласува, ги заколнува своите придружници на тајност, и им кажува дека планира да глуми лудило (за да не предизвика сомнежи). Хамлет на почетокот верува во веродостојноста на духот, нарекувајќи го чесен и доверлив. Сепак, подоцна тој почнува да се сомнева во природата и намерите на духот, оправдувајќи ја неговата пасивност со тие сомнежи.

Полониј е докажан главен советник на Клавдиј. Неговиот син, Лаерт, се враќа од Франција, а ќерка му Офелија му се додворува на Хамлет. Но и Полониј и Лаерт ја предупредуваат дека Хамлет нема сериозни намери кон неа. Набргу потоа, Офелија е вознемирена од неговото чудно однесување и го известува татко и’ дека Хамлет влетал во нејзината соба, зјапал и не зборувал ништо. Полониј претпоставува дека „екстазата на љубовта“ е виновна за „лудилото“ на Хамлет, па им пренесува на Клавдиј и Гертруда.

Вознемирен од постојаното длабоко оплакување на Хамлет за неговиот татко и се’ почестото променливо однесување, Клавдиј бара од двајца познаници на Хамлет, Розенкранц и Гилденстерн, да дознаат која е причината за тоа. Хамлет топло ги прифаќа двајцата пријатели, но набргу ги разоткрива дека се пратени да го шпионираат.

Заедно, Клавдиј и Полониј ја убедуваат Офелија да зборува со Хамлет, додека тие скришно слушаат. Кога Хамлет пристигнува, таа сака да му ги врати даровите, по што тој се сомнева во нејзината чесност и бесно и’ вика да оди во женски манастир.

Хамлет сè уште е несигурен дали духот ја зборува вистината, но пристигнувањето на група актери во Елсинор му нуди решение. Им вели да глумат во претстава, Убиството на Гонзаго, реконструирајќи го убиството на кралот Хамлет за да се докаже дали Клавдиј е виновен, преку набљудувањето на неговата реакција на реконструкцијата. Дворјаните се собираат да ја гледаат претставата, а Хамлет постојано ја дополнува со вознемирувачки коментари. Кога се случува сцената на убиството, Клавдиј ненадејно станува и ја напушта собата, што за Хамлет е доказ дека е виновен.

Гертруда го повикува Хамлет во нејзината одаја за да побара објаснување. Додека оди натаму, Хамлет го забележува Клавдиј среде молитва, но се двоуми дали да го убие, велејќи дека смртта за време на молитва ќе го прати во рајот. Сепак, откриено е дека кралот не се моли навистина, бидејќи „зборовите“ никогаш не пристигнуваат во рајот без „мислите“. Хамлет и Гертруда почнуваат да се расправаат. Полониј, кој ги прислушува криејќи се зад таписерија, а убеден дека Хамлет навистина е луд, реагира панично кога му изгледа дека Хамлет ќе ја убие кралицата и повикува помош. Хамлет, мислејќи дека Клавдиј се крие зад таписеријата, почнува диво да забодува во материјалот, убивајќи го Полониј. Кога сфаќа дека го убил таткото на Офелија, воопшто не жали, туку го нарекува „проклета, брзоплета и наметлива будала.“ Се појавува духот, молејќи го Хамлет да се однесува нежно кон Гертруда, но истовремено и потсетувајќи го да го убие Клавдиј. Неможејќи да го види, ниту да го слушне духот, Гертруда го сфаќа дијалогот на Хамлет како уште еден доказ за неговото лудило.

Клавдиј, плашејќи се за својот живот, наоѓа законско оправдување за да се ослободи од принцот: го праќа Хамлет во Англија на дипломатска мисија, придружен (и постојано набљудуван) од Розенкранц и Гилденстерн. Насамо, Клавдиј открива дека всушност го испраќа Хамлет да умре. Пред да тргне за Англија, Хамлет го сокрива телото на Полониј, на крајот откривајќи му го местото на кралот. Откако ќе замине од Елсинор, тој ја сретнува армијата на принцот Фортинбрас, на пат кон борба против Полска. Откако ќе сведочи како толку многу луѓе одат да загинат само поради дрските фантазии на еден импулсивен принц, Хамлет изјавува дека целосно ќе се посвети на убиството на Клавдиј, и ништо друго.

Во Елсинор, сè посилно оплакувајќи ја смртта на татка си Полониј, Офелија шета низ замокот, однесувајќи се нестабилно и пеејќи непристојни песни. Брат ѝ Лаерт се враќа од Франција и е запрепастен од смртта на татко им и нејзиното лудило. Таа накратко се појавува и раздава билки и цвеќиња. Клавдиј го убедува Лаерт дека само Хамлет е виновен за ситуацијата, по што следи вест дека принцот е се’ уште жив, односно се шири приказна дека неговиот брод го нападнале пирати, на пат кон Англија, па затоа се вратил во Данска. Клавдиј веднаш смислува начин да го убие внук му, но тоа да изгледа како несреќа, за да не одговара за никаква вина. Знаејќи за љубомората на Хамлет поради вештините на Лаерт во мечување, тој предложува двобој помеѓу нив двајца. Лаерт, гневен поради убиството на татко му, го известува кралот дека ќе стави отров на врвот од мечот, за дури и најмалата гребнатина со него да значи сигурна смрт. Клавдиј, несигурен дека снаодливиот Хамлет ќе се здобие дури и со најситна гребнатина, планира да му понуди затруено вино на принцот, како алтернативно решение. Влегува Гертруда и известува дека Офелија се удавила.

Во дворот на Елсинор, два „кловнови“, најчесто претставени како „гробари“, го подготвуваат гробот на Офелија, и иако нејзината смрт е прогласена за несреќен случај за да добие христијански погреб, тие расправаат дека се работи за самоубиство. Пристигнува Хамлет со Хорациј, и се шегува со едниот од кловновите, кој ископува череп на дворски шут кој Хамлет одамна го знаел, Јорик. Наближува моментот за погребот на Офелија, на чело со нејзиниот жален брат, Лаерт. Вознемирен поради отсуството на церемонија (како резултат на тврдењето за самоубиство) и совладан од чувствата, Лаерт скокнува во гробот, проколнувајќи го Хамлет како причина за нејзината смрт. Хамлет го прекинува, признавајќи ја својата љубов и жалење за Офелија. Тој и Лаерт се зграпчуваат, но борбата е прекината од Клавдиј и Гертруда. Клавдиј го потсеќа Лаерт за планираниот двобој во мечување.

Подоцна истиот ден, Хамлет му објаснува на Хорациј како ја избегнал смртта додека патувал, откривајќи му дека наместо тоа, ги пратил Розенкранц и Гилденстерн да умрат. Ги прекинува дворјанинот Осрик, кој го поканува Хамлет да се мечува со Лаерт. И покрај предупредувањата на Хорациј, Хамлет прифаќа и двобојот започнува. По неколку рунди, Гертруда наздравува за Хамлет, но и покрај итното предупредување од Клавдиј, случајно пие од виното во кое кралот турил отров. Помеѓу рундите, Лаерт го напаѓа и прободува Хамлет со отровното сечило. Во следната борба, Хамлет успешно го прободува Лаерт со неговиот, отровен меч. Гертруда паѓа на земјата и во моментите пред да умре, извикува дека е отруена.

Во неговите последни моменти, Лаерт се смирува со Хамлет и го открива смртоносниот заговор на Клавдиј. Хамлет го прободува Клавдиј со отровниот меч, а потоа и го принудува да се напие од отровното вино, за да се осигура дека ќе умре. Пред сопствената смрт, Хамлет го назначува норвешкиот принц Фортинбрас за најсоодветен наследник на круната, бидејќи данското кралство се гласа, а благородниците во државата ја имаат конечната одлука. И Хорациј сака да се самоубие со затруеното вино, но Хамлет го спречува, со цел да ја прераскажува приказната, како единствениот преживеан сведок кој е упатен во сите настани.

Кога Фортинбрас пристигнува да го поздрави кралот Клавдиј, го пресретнува смртоносната сцена: Гертруда, Клавдиј, Лаерт и Хамлет се мртви. Хорациј бара дозвола да ја прераскаже приказната на непознатиот свет, а Фортинбрас наредува телото на Хамлет да биде изнесено со највисоки почести.

Извори

Многу легенди, слични на Хамлет, се најдени на толку многу места (на пример во Италија, Шпанија, Скандинавија, Византија и Арабија), што основната тема се смета дека има индо-европско потекло. Препознаени се повеќе древни пишани претходници на Хамлет. Првиот е анонимното, скандинавско дело Сагата на Хролф Краки. Во ова дело убиениот крал има два сина, Хродгар и Халга, кои најголем дел од времето го поминуваат под маски и со лажни имиња, наместо да глумат лудило, во низа настани кои се разликуваат од оние кај Шекспир. Вториот претходник е римската легенда за Брут, зачувана во две посебни латински дела. Херојот во неа, Лусиј („блескав, светол“), го менува името и ликот во Брут („тап, глупав“), и глуми будала со цел да ја избегне судбината на својот татко и браќа, и на крајот го убива убиецот на неговото семејство, кралот Таркиниј. Нордиски научник во 17 век ги споредил исландскиот херој Амлоди и шпанскиот херој, принцот Амбалес (од Сагата Амбалес), со шекспировиот Хамлет. Дел од сличностите се глумењето лудило на принцот, неговото случајно убивање на советникот на кралот во спалната на неговата мајка, и на крајот, убивањето на неговиот вујко.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA