Епоним: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 28: Ред 28:
* [[Шовинист]] - (Николас Шовин, Наполеонов војник)
* [[Шовинист]] - (Николас Шовин, Наполеонов војник)
* [[Шрапнел]] - (Хенри Шрапнел, англиски стручњак за оружје)
* [[Шрапнел]] - (Хенри Шрапнел, англиски стручњак за оружје)
* [[Вулкан]] - ([[Вулкан (митологија)|Вулкан]], римски бог на огнот)
* [[Вулкан]] - ([[Вулкан (бог)|Вулкан]], римски бог на огнот)
* [[Жилет]] - (Кинг Камп Жилет, американски бизнисмен)
* [[Жилет]] - (Кинг Камп Жилет, американски бизнисмен)



Преработка од 15:54, 5 декември 2013

Епоними (гр. апонимон = „именувач“) се апелативи (општи именки) по кои нештото го добило своето име/назив. Како за пример тоа може да биде место, временски период, некое откритие, итн, најчесто по некоја заслужна личност. Епонимите се пишуваат со мали почетни букви. Во повеќето случаи употребата на нештата чие име е епоним, неутрално е прифатена. Додека постојат и случаи кога има сосема различна прифатеност за сосема слични работи – на пример луѓето припадници на христијанска религија го носат името „христијани” и се гордеат со тоа име, додека муслиманите негативно го примаат нивното именување како „мохамедани”.

Исто така важно е да се знае, дека трговските марки, кои го носат името на создателот на истите, не се епоними. „Форд” не е епоним за автомобилите од таа марка.

Под поимот епоними спаѓаат и зборови кој не потекнуваат од ниту еден стандарден јазик па истите се употребуваат во колоквијални искази, примери: дигитрон (калкулатор), калодонт (паста за заби), палома (хартиена марамица) и слично.

Список на познати епоними