Свети Климент Охридски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Glaisher (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 62.162.124.161 (разговор), вратено на последната верзија на Ehrlich91
Ред 47: Ред 47:
* ''[[Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил]]''
* ''[[Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил]]''
* ''[[Похвално слово за четиридневниот Лазар]]''
* ''[[Похвално слово за четиридневниот Лазар]]''
* ''[[Поука за блудниот син]]'' блабла бла бла блабла
* ''[[Поука за блудниот син]]''


== Литература ==
== Литература ==

Преработка од 11:38, 2 декември 2013

Св. Климент Охридски
Икона на Св. Климент Охридски
Ученик на Св. Кирил и Методиј
Роден(а) 840, непознато
Починал(а) 916, Охрид
Почитуван(а) во МПЦ, СПЦ, БПЦ
Главно светилиште Плаошник
Слава 27 јули и 25 ноември
Обележја Глаголица, кирилица
Заштитништво Охрид и Република Македонија

Свети Климент Охридски (840 - 916, Охрид) е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панонија од германците и побарал спас во тогашна Бугарија[1].

По баранье на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски Универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

Дела

Споменик на Свети Климент Охридски во Охрид
Возобновената Црква „Св. Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, на местото на книжевната школа формирана од св. Климент. Денес овде се положени моштите на св. Климент.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проcветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св. Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Литература

  • Gerhard Podskalsky: Theologische Literatur des Mittelalters in Bulgarien und Serbien 865 - 1459, C.H.Beck, 2000, ISBN 3-406-45024-5
  • Nikolaos Trunte: Πρός τό σαφέστερον. Zu Reformen in der glagolitischen Schrift www.uni-bonn.de.
  • In: Glagoljica i hrvatski glagolizam, Zagreb, 2004.
  • Животопис на св. Климента, български архиепископ. От Теофилакта, Охридски архиепископ. Превел от гръцки с малки съкращения Д. Матов. Пловдив, 1896, us.archive.org
  • Люба Илиева. Пространното житие на св. Климент Охридски и проблемът за българо-византийския културен синтез. – В: Omnia vincit amor: Юбилеен сборник на НГДЕК в чест на проф. Василка Тъпкова-Заимова. Съст. В. Вачкова и Цв. Степанов. С., УИ, 2008.

Наводи

  1. „Свети Климент, архиепископ Охридски“. Посетено на 6 јануари 2011.

Предлошка:Македонска Литература