Бранко Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Glaisher (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.28.245.221 (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy
Ред 39: Ред 39:
Во текот на својата политичка кариера бил [[Премиер на Македонија]] во периодот од [[1992]] до [[1998]] и од [[2002]] до [[2004]] година, како и [[Претседател на Македонија]] од [[2004]] до [[2009]] година.
Во текот на својата политичка кариера бил [[Премиер на Македонија]] во периодот од [[1992]] до [[1998]] и од [[2002]] до [[2004]] година, како и [[Претседател на Македонија]] од [[2004]] до [[2009]] година.


== Млади години ==


Роден е на [[12 октомври]], [[1962]] во [[Сараево]], [[СР Босна и Херцеговина]]. Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во [[Скопје]]. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во [[1980]] година се запишал на [[Електротехнички факултет Скопје|Електротехничкиот факултет]] во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во [[1985]] година.<ref>[http://www.sdsm.org.mk/Default.aspx?mId=49&lId=1 www.sdsm.org.mk]</ref>

== Политичка кариера ==

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во [[1990]] година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

=== Премиер на Македонија ===

Во [[1990]] година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на [[СФРЈ|СФР Југославија]], избран бил за шеф на Изборниот штаб на [[СДСМ]], а по ова и за [[пратеник]] во првиот состав на [[Собрание на Република Македонија|Собранието]]. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување [[Референдум во Македонија, 1991|референдум за независна Македонија]]. Претходно, Црвенковски бил Директор на ''Семос''.

Во [[април]] [[1991]] година Црвенковски бил избран за претседател на [[СДСМ|Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија]]. На [[5 септември]] [[1992]], тој станал вториот [[премиер на Република Македонија]] по нејзиното осамостојување од [[Југославија]]. Со 29 години, тој бил најмладиот [[премиер]] во [[Европа]] во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на [[Македонски Албанци|Албанци]]те во [[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]]. Тој успеал да формира широка коалиција со [[Либерална партија на Македонија|Либералната партија]], [[Социјалистичка партија на Македонија|Социјалистичката партија]] и [[ПДП|Партијата за демократски просперитет]], во која членувале само Албанци.

Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по [[Македонски парламентарни избори, 1994|изборите во декември]] во 1994 година. Во периодот [[1994]]-[[1998]] [[Македонија]] успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: [[ООН|Организацијата на Обединетите нации]] (ООН), [[ОБСЕ]] и [[Совет на Европа|Советот на Европа]]. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со [[ММФ]] и [[Светска Банка]].

[[Податотека:crvenkovski-papa.jpg|thumb|десно|250px|Претседателот Бранко Црвенковски со папата [[Бенедикт XVI]]]]

=== Лидер на опозиција ===

По поразот на [[Македонски парламентарни избори, 1998|парламентарните избори во 1998]] година, од [[1998]] до [[2002]] година бил лидер на опозицијата во [[Собрание на Република Македонија|македонското собрание]]. Поради започнувањето на [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт во 2001]] година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон ''Владата на политичко единство'', која била формирана со цел да запре кризата во земјата.

Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на [[ВМРО-ДПМНЕ]], [[Љубчо Георгиевски]] и со лидерите на [[ПДП|Партијата за демократски просперитет]], [[Имер Имери]], и на [[ДПА|Демократската партија на Албанците]], [[Арбен Џафери]], како и со претседателот [[Борис Трајковски]], се потписници на [[Охридски рамковен договор|Рамковниот договор]] од [[Охрид]].

=== Премиер на Македонија ===


На [[Македонски парламентарни избори, 2002|парламентарните избори во 2002]] година [[СДСМ]] повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „[[За Македонија заедно]]“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во [[2002]] година повторно застанал на премиерската позиција.
На [[Македонски парламентарни избори, 2002|парламентарните избори во 2002]] година [[СДСМ]] повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „[[За Македонија заедно]]“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во [[2002]] година повторно застанал на премиерската позиција.

Преработка од 07:51, 27 октомври 2013

Бранко Црвенковски
Премиер на Македонија
На должноста
17 август 1992 – 30 ноември 1998
Претседател Киро Глигоров
Претходник Никола Кљусев
Наследник Љубчо Георгиевски
Премиер на Македонија
На должноста
1 ноември 2002 – 12 мај 2004
Претходник Љубчо Георгиевски
Наследник Хари Костов
III Претседател на Македонија
На должноста
12 мај 2004 – 12 мај 2009
Претходник Борис Трајковски
Наследник Ѓорге Иванов
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1962
Сараево, СФРЈ
денес БИХ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин
Прекар Б.Ц.

Бранко Црвенковски (роден на 12 октомври 1962 во Сараево) е македонски политичар.

Во текот на својата политичка кариера бил Премиер на Македонија во периодот од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и Претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.

Млади години

Роден е на 12 октомври, 1962 во Сараево, СР Босна и Херцеговина. Во 1963 година неговото семејство се вратило да живее во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во 1985 година.[1]

Политичка кариера

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Премиер на Македонија

Во 1990 година, на првите повеќепартиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓала во рамките на СФР Југославија, избран бил за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, а по ова и за пратеник во првиот состав на Собранието. Како пратеник во првиот состав на македонскиот парламент Црвенковски бил потписник на иницијативата за распишување референдум за независна Македонија. Претходно, Црвенковски бил Директор на Семос.

Во април 1991 година Црвенковски бил избран за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. На 5 септември 1992, тој станал вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој бил најмладиот премиер во Европа во тој период. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски ја промовирал идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Тој успеал да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет, во која членувале само Албанци.

Вториот премиерски мандат (за уште 4 години) го добил по изборите во декември во 1994 година. Во периодот 1994-1998 Македонија успеала да стане член на повеќе меѓународни организации, како што се: Организацијата на Обединетите нации (ООН), ОБСЕ и Советот на Европа. Црвенковски исто така е потписник на првиот договор со ММФ и Светска Банка.

Претседателот Бранко Црвенковски со папата Бенедикт XVI

Лидер на опозиција

По поразот на парламентарните избори во 1998 година, од 1998 до 2002 година бил лидер на опозицијата во македонското собрание. Поради започнувањето на воениот конфликт во 2001 година, Социјалдемократскиот сојуз се приклучил кон Владата на политичко единство, која била формирана со цел да запре кризата во земјата.

Црвенковски, заедно со тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и со лидерите на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, и на Демократската партија на Албанците, Арбен Џафери, како и со претседателот Борис Трајковски, се потписници на Рамковниот договор од Охрид.

Премиер на Македонија

На парламентарните избори во 2002 година СДСМ повторно ја освоил власта заедно со партнерите од коалицијата „За Македонија заедно“, при што со политичките сојузници од коалицијата освоиле 60 од вкупно 120 пратенички места во парламентот. Така по крајот на изборите, во 2002 година повторно застанал на премиерската позиција.

Претседател на Македонија

На третите вонредни Претседателски избори во Република Македонија, во вториот круг одржан на 28 април 2004, Бранко Црвенковски бил избран за претседател на државата. Црвенковски, кандидат на СДСМ и тогашен премиер на Република Македонија освоил 553.520 гласови, или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, освоил 329.271 гласови, или 37,30%.

На 12 мај 2004 ја презел функцијата претседател и се повлекол од премиерската положба и претседателската функција во партијата. За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.

Лидер на опозиција

На 24 мај 2009 Бранко Црвенковски повторно застанал на чело на Социјалдемократскиот Сојуз.[2] По јунскиот конгрес на СДСМ (2 јуни 2013), Бранко Црвенковски бил заменет со Зоран Заев како претседател на СДСМ.

Цитати

Ако дојдеме до компромис со кој се гарантира дека името на нашиот народ е македонски, дека името на нашиот јазик е македонски, тогаш привремената референца може да ја замениме со трајна која содржи географска одредница.[3]

Извори

  1. www.sdsm.org.mk
  2. Предлошка:Цитирана веб страница
  3. Македонска информативна агенција

Надворешни врски

Предлошка:Бранко Црвенковски