Птоломеј II Керавн: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: hu:Ptolemaiosz Keraunosz
с Бот Додава: vi:Ptolemy Keraunos
Ред 39: Ред 39:
[[ru:Птолемей II Керавн]]
[[ru:Птолемей II Керавн]]
[[sr:Птолемеј Кераун]]
[[sr:Птолемеј Кераун]]
[[vi:Ptolemy Keraunos]]
[[zh:托勒密二世 (馬其頓)]]
[[zh:托勒密二世 (馬其頓)]]

Преработка од 05:45, 15 јуни 2008

Птоломеј II Керавн (? - 279 п.н.е.) бил крал на Македонија од 281 п.н.е. до 279 п.н.е.

Бил најстар син на Птоломеј I Сотир (владетел на Египет) и неговата трета жена Евридика (ќрка на Антипатар). Неговиот помлад брат, исто по име Птоломеј, станал престолонаследник и, во 282 п.н.е., седнал на престолот како Птоломеј II. Птоломеј Керавн го напуштил Египет и пристигнал на дворот на Лизимах, кралот на Тракија, Македонија, и дел од Мала Азија. Неговата полусестра Арсиноја II била жена на Лизимах.

За време на престојот на дворот на Лизимах, Керавн се здружил со сестра си во дворска интрига, и ја придружувал до дворот на Селевк на исток да бара помош од него. Гледајќи можност за интервенција во своја полза во политиките на Лизимахова Тракија и Птолемаидски Египет, Селевк набргу се приготвил за поход против Лизимах.

По поразот на Лизимах и неговата смрт во битката кај Курупедион во 281 п.н.е., против Селевк I Никатор, Птоломеј Керавн го убил Селевк I. Во 281 п.н.е. се сојузил со Пир Епирски. Птоломеј побарал од неговата полусестра Арсиноја II, вдовицата на Лизимах, да се ожени за него. По церемонијата ги убил двајцата помлади синови на Арсиноја и самата Арсиноја II пребегала во Египет и се омажила за сопствениот брат Птоломеј II.

Птоломеј Керавн бил убиен во војните против Галите од страна на Болгиј и Брен, кои мигрирале кон подоцнежна Галатија.

Керавн значи „грмотевица“ или „гром“.

Наворешни врски


Претходник
Лизимах
Крал на Македонија
281–279 п.н.е.
Наследник
Мелегар