Геја (митологија): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Bot: Migrating 58 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q93172 (translate me) |
дополнување |

Ред 5: | Ред 5: | ||
| God_of = [[Земја]]та |
| God_of = [[Земја]]та |

| Abode = |
| Abode = |

| Symbol = [[рог на изобилството]], [[цвеќе]], [[плод]]ови и [[дијадема]] |

| Symbol = |

| Consort = [[Уран (митологија)|Уран]], [[Зевс]], [[Понт (митологија)|Понт]], и [[Посејдон]] |
| Consort = [[Уран (митологија)|Уран]], [[Зевс]], [[Понт (митологија)|Понт]], и [[Посејдон]] |

| Parents = [[Хаос (митологија)|Хаос ]] |
| Parents = [[Хаос (митологија)|Хаос ]] |

| Siblings= [[ |
| Siblings= [[Никта]], [[Ерос (митологија)|Ерос]], [[Ереб (митологија)|Ереб]] и [[Тартар (митологија)|Тартар ]] |

| Children= [[Понт (митологија)|Понт]], [[Титани (митологија)|Титани]], [[Хекатонхири]], |
| Children= [[Понт (митологија)|Понт]], [[Титани (митологија)|Титани]], [[Хекатонхири]], и [[Киклопи]] |

| Mount = |
| Mount = |

| Roman_equivalents = [[Тера (митологија)|Тера ]] |
| Roman_equivalents = [[Тера (митологија)|Тера ]] |

'''Геја''' во [[грчка митологија|грчката митологија]] е |
'''Геја''' во [[грчка митологија|грчката митологија]] е мајката [[Земја]], која била родена од [[Хаос (митологија)|Хаос]], мајка на [[Уран (митологија)|Уран]]. Геја го родила Уран, кој подоцна, пак, ѝ станал сопруг. Од нивниот брак се родиле [[Понт (митологија)|Понт]], [[Титани]]те, [[Гиганти]]те<ref>http://www.theoi.com/Protogenos/Gaia.html</ref>. |

Геја имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле родени првите богови, односно Титаните. Најпрвин биле родени [[Океан (митологија)|Океан]] и [[ |
Геја имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле родени првите богови, односно Титаните. Најпрвин биле родени [[Океан (митологија)|Океан]] и [[Тетиjа (митологија)|Тетиjа]], од чие потомство, пак, се родиле Река и Океанида. |

Според митологијата, таа |
Според митологијата, таа ѝ помогнала на својата ќерка [[Реја (митологија)|Реја]], да го сокрие [[Зевс]] во една пештера во [[Крит]], бидејќи нејзиниот сопруг [[Крон (митологија)|Крон]] ги голтал сите деца кои биле раѓани од неа за да не му го заземат престолот<ref>Гилевски Паскал „Грчки митови“; „Како пораснал Зевс“; СИЛСОНС, Скопје</ref>. Подоцна, таа му помогнала на својот внук Зевс во борбата против Титаните во [[Титани|Титаномахијата]]. Сепак, во последната борба помеѓу боговите, во [[Гиганти|Гигантомахијата]], таа била против Зевс, барајќи по светот една билка која ги лечела [[Гиганти]]те. |

== Раѓање == |

Според [[Хесиод]]овата ''Теогонија'' по [[Хаос (митологија)|Хаос]], Геја настанала сама од себе. |

Според [[Орфеј|орфичката теогонија]], Геја и [[Уран (митологија)|Уран]] ги родила [[Никта]] која ја создал и оплодил [[Фан]], првиот владетел на светот. |

Во грчката космогонија Геја е основниот елемент кој настанува веднаш по Хаос и го претставува женското начело на создавањето. |

== Потомство == |

Геја сама од себе ги родила:

:[[Уран (митологија)|Уран]] (небото), [[Ореа (митологија)|Ореа]] (планините) и [[Понт (митологија)|Понт]] (морето).

Од нив, само Уран можел да го опфати целото тело на Геја, па затоа се соединил со неа и нивни деца се:

:[[Титани]]те - [[Океан (митологија)|Океан]], [[Креј (митологија)|Креј]], [[Коеј (митологија)|Коеј]], [[Хиперион (митологија)|Хиперион]], [[Јапет (митологија)|Јапет]] и [[Крон (митологија)|Крон]], титанките - [[Теја (митологија)|Теја]], [[Реја (митологија)|Реја]], [[Темида (митологија)|Темида]], [[Мнемосина (митологија)|Мнемосина]], [[Феба (митологија)|Феба]] и [[Тетија (митологија)|Тетија]];

:еднооките [[Киклопи]] - [[Бронт]], [[Стероп]] и [[Арг (митологија)|Арг]], и

:стораките џинови [[Хекатонхиреи]] - [[Кот]], [[Бријареј]] и [[Гиг]].

Уран ги мразел своите нагрдени, монструозни деца и ги фрлал во утробата на Земјата, далеку од светлината. Геја, пак, не можела да се помири со тоа и смислувала како да му се одмазди на својот подол сопруг. Ги повикала децата да ѝ помогнат, но сите се исплашиле, освен Крон. Тогаш Геја го создала челикот и од него направила огромен срп. Кога Уран посакал да води љубов со геја, излегол скриениот Крон и му ги исекол гениталиите и ги фрлил в море. Капките крв што паѓале од Уран ја оплодиле Земјата. Така настанале [[еринии]]те, [[гиганти]]те и [[мелијадите]]. Од пената, пак, што се направила во морето кога паднале фрлените гениталии на Уран, се родила [[Афродита]]. По оваа случка, Небото (Уран) веќе не ѝ се приближувал на Земјата (Геја), а Крон станал новиот владетел на светот. |

Геја на својот син Понт му родила пет божества на морето: [[Нереј]], [[Тавмант]], [[Форк]], [[Кето (митологија)|Кето]] и [[Еврибија]]. |

Нејзин најмал син е чудовишниот [[Тифон]] (со сто змиски глави на рамењата), кого го родила соединувајќи се со [[Тартар]]. |

Во подоцнежните митови на Геја ѝ се препишуваат многу повеќе деца, како: [[Егеон]], [[Антај]], [[Атлант]], [[Ехидна]], [[Ерехтеј]] и др. |

== Наводи == |
== Наводи == |

{{наводи}} |
{{наводи}} |

{{грчка митологија}} |
{{грчка митологија}} |

==Надворешни врски== |

{{Ризница|Gaia|Геја}} |

* [http://www.theoi.com/Protogenos/Gaia.html Проектот теои, Геја] се однесува на Геја во класичната литература и уметноста {{en}} |

[[Категорија:Грчка митологија]] |
[[Категорија:Грчка митологија]] |

[[Категорија:Имиња на Бог]] |
[[Категорија:Имиња на Бог]] |
Преработка од 21:29, 18 октомври 2013
Геја | |

Земјата | |
Симбол | рог на изобилството, цвеќе, плодови и дијадема |
Сопружник | Уран, Зевс, Понт, и Посејдон |
Родители | Хаос |
Браќа/сестри | Никта, Ерос, Ереб и Тартар |
Деца | Понт, Титани, Хекатонхири, и Киклопи |
Геја во грчката митологија е мајката Земја, која била родена од Хаос, мајка на Уран. Геја го родила Уран, кој подоцна, пак, ѝ станал сопруг. Од нивниот брак се родиле Понт, Титаните, Гигантите[1].
Геја имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле родени првите богови, односно Титаните. Најпрвин биле родени Океан и Тетиjа, од чие потомство, пак, се родиле Река и Океанида.
Според митологијата, таа ѝ помогнала на својата ќерка Реја, да го сокрие Зевс во една пештера во Крит, бидејќи нејзиниот сопруг Крон ги голтал сите деца кои биле раѓани од неа за да не му го заземат престолот[2]. Подоцна, таа му помогнала на својот внук Зевс во борбата против Титаните во Титаномахијата. Сепак, во последната борба помеѓу боговите, во Гигантомахијата, таа била против Зевс, барајќи по светот една билка која ги лечела Гигантите.
Раѓање
Според Хесиодовата Теогонија по Хаос, Геја настанала сама од себе. Според орфичката теогонија, Геја и Уран ги родила Никта која ја создал и оплодил Фан, првиот владетел на светот. Во грчката космогонија Геја е основниот елемент кој настанува веднаш по Хаос и го претставува женското начело на создавањето.
Потомство
Геја сама од себе ги родила:
Од нив, само Уран можел да го опфати целото тело на Геја, па затоа се соединил со неа и нивни деца се:
- Титаните - Океан, Креј, Коеј, Хиперион, Јапет и Крон, титанките - Теја, Реја, Темида, Мнемосина, Феба и Тетија;
- еднооките Киклопи - Бронт, Стероп и Арг, и
- стораките џинови Хекатонхиреи - Кот, Бријареј и Гиг.
Уран ги мразел своите нагрдени, монструозни деца и ги фрлал во утробата на Земјата, далеку од светлината. Геја, пак, не можела да се помири со тоа и смислувала како да му се одмазди на својот подол сопруг. Ги повикала децата да ѝ помогнат, но сите се исплашиле, освен Крон. Тогаш Геја го создала челикот и од него направила огромен срп. Кога Уран посакал да води љубов со геја, излегол скриениот Крон и му ги исекол гениталиите и ги фрлил в море. Капките крв што паѓале од Уран ја оплодиле Земјата. Така настанале ериниите, гигантите и мелијадите. Од пената, пак, што се направила во морето кога паднале фрлените гениталии на Уран, се родила Афродита. По оваа случка, Небото (Уран) веќе не ѝ се приближувал на Земјата (Геја), а Крон станал новиот владетел на светот.
Геја на својот син Понт му родила пет божества на морето: Нереј, Тавмант, Форк, Кето и Еврибија.
Нејзин најмал син е чудовишниот Тифон (со сто змиски глави на рамењата), кого го родила соединувајќи се со Тартар.
Во подоцнежните митови на Геја ѝ се препишуваат многу повеќе деца, како: Егеон, Антај, Атлант, Ехидна, Ерехтеј и др.
Наводи
- ↑ http://www.theoi.com/Protogenos/Gaia.html
- ↑ Гилевски Паскал „Грчки митови“; „Како пораснал Зевс“; СИЛСОНС, Скопје

Надворешни врски
„Геја“ на Ризницата ? |
- Проектот теои, Геја се однесува на Геја во класичната литература и уметноста (англиски)