Кинески јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 260: Ред 260:
[[Категорија:Кинески јазик|*]]
[[Категорија:Кинески јазик|*]]
[[Категорија:Јазици во Кина]]
[[Категорија:Јазици во Кина]]
[[Категорија:Синологија]]

Преработка од 10:28, 10 октомври 2013

Кинески
汉语/漢語 „ханји“, 中文 „џунгвен“
Застапен воконтинентална Кина, Хонг Конг, Макао, Тајван, Малезија, Сингапур и други региони со кинеско население
Подрачје(мнозинства): источна Азија
(малцинства): југоисточна Азија и други региони со кинеско население
Говорнициоколу 1,3 милијарди  
Јазично семејство
ПисмоКинески знаци
Статус
Службен во Кина
 Хонгконг
 Макао
 Тајван
 Сингапур
 ООН
признаен како малцински јазик во делови од:
 Малезија
 Тајланд
 Филипини
Регулативен органВо НР Кина: Национален јазичен регулативен комитет[1]
Во Тајван: Национален комитет за јазици
Во Сингапур: Кампања Зборувајте мандарински[2]
Јазични кодови
ISO 639-1zh
ISO 639-2chi (B)
zho (T)
ISO 639-3Разни:
zho — кинески (општо)
cdo — мин тунг
cjy — чинји
cmn — мандарински
cpx — пу сјен
czh — хуиџоу
czo — мин џунг
gan — ган
hak — хака
hsn — сјанг
mnp — мин пеј
nan — јужномински
wuu — ву
yue — кантонски

Кинескиот јазик, наречен и синитски јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Џунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од Хан-Кинезите во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.[3] Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема.[4] Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи ву (~ 90 милиони), мински (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како сјанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.

Стандардизираната форма на говорниот кинески се нарекува стандарден мандарински „普通话 (путунгхуа); 国语 (куоју)“, кој е базиран на пекиншкиот дијалект. Стандардниот мандарински е официјален јазик на Народна Република Кина, Република Кина (Тајван), како и еден од четирите официјални јазици во Сингапур. Кинескиот—де факто стандарниот мандарински—е еден од петте официјални јазици на Обединетите Нации. Од другите варијанти, стандарниот кантонски е распространет и влијателен во кантонојазичната дијаспора, и е еден од официјалните јазици во Хонг Конг (заедно со англискиот) и во Макао (заедно со португалскиот). Јужноминскиот јазик, дел од минската јазична група, се зборува нашироко во Фучиен и Тајван (каде се нарекува тајвански или „хокло“) како и југоисточна Азија (каде предоминира во Сингапур, Малезија и на Филипините и се нарекува Хокиен).

Говорен кинески

На картата подолу се прикажани јазичните поделби („јазици“ или „дијалектни групи“) во рамките на самата Кина. Седумте општоприфатени групи, по број на говорници се:

Кинеската лингвистика во последно време разликува и три други групи:

  • чин 晉/晋 од Мандаринскиот
  • хуи 徽 од Ву
  • пинг 平話/平话 делумно од Кантонскиот

Постојат и многу други помали групи кои сѐ уште не се класификувани, како: Танџовски дијалект, зборуван во Танџоу, на островот Хајнан; сјангхуа (乡话), (не е исто што и сјанг, 湘), се зборува во западен Хунан; и Шаоџоу Тухуа, кој се сборува во северен Гуангдунг. Тунгканскиот јазик, зборуван во централна Азија, е многу сличен на мандаринскиот. Меѓутоа тој обично не се смета за „кинески“ бидејќи се пишува на кирилица и се варијанти од тунгканците надвор од Кина кои не сме сметаат за етнички Кинези. Видете Листа на кинески дијалекти сеопфатна листа на поединечните дијалекти во рамките на овие пошироки групи.

Видовите на кинески кои се зборуваат во НР Кина и Тајван

Општо земено, овие јазично-дијалектни групи немаат рески граници, иако мандаринскиот е предоминантен кинески јазик на северот и југозападот, а другите главно се зборуваат во цетрална и југоисточна Кина. Често, како во покраината Гуангдунг, луѓето зборуваат повеќе од една варијанта како мајчин јазик. Како и кај многу други области со лингвистичка разновидност низ голем временски период, и во Кина не е сосема јасно како различните кинески варијанти треба да се класификуваат. Ethnologue вели дава вкупно 14, но бројот варира помеѓу 7 и 17 во зависност од начинот на класификација. На пример, варијантата Мин често се дели на Севереномински (Минпеи, Фуџоу) и Јужномински (Мин-нан, Амој-Сватоу); лингвистите немаат одредено дали нивната меѓусебна разбирливост е доволно голема за тие да не бидат сметани за посебни јазици.

Општо земено, планинската јужна Кина се одликува со поголема јазична разнообразност од рамната северна Кина. Во делови од јужна Кина, дијалектот на еден поголем град може да биде само малку разбирлив за неговите блиски соседи. На пример, Вуџоу е околу 193 km низводно од Гуангџоу, но дијалектот е повеќе како стандардниот кинески кој се зборува во Гуангџоу, отколку оној на Тајшан, 97 km југозападно од Гуангџоу и од него е одделен со неколку реки (Ramsey, 1987).

Стандардниот мандарински и диглосија

Путунгхуа / Куоји, често наречен „мандарински“, е официјалниот стандарден јазик во употреба во Народна Република Кина, Република Кина (Тајван) и Сингапур (каде се нарекува „Хуаји“). Заснован е на пекиншкиот дијалект, кој е дијалект на мандаринскиот како што се зборува во Пекинг. Владите имаат за цел говорниците на разните кинески варијанти да зборуваат мандарински како заеднички јазик. Затоа тој се користи во владините агенции, во медиумите и како образовен јазик во установите.

Во Кина и Тајван диглосијата е честа појава: често луѓето знаат по два, па дури и три варијанти заедно со стандардниот мандарински. На пример, покрај путунгхуа, еден жител на Шангај може да зборува и шангајски, а ако не израснал таму, тогаш и неговиот роден дијалект. Оној роден во Гуангџоу може да зборува стандарден кантонски и путунгхуа, а тајванец веројатно зборува и тајвански и путунгхуа/куоји. Жител на тајван може често да ги меша изговорите, изразите и зборовите од стандардниот мандарински и тајванскиот, а оваа мешавина во многу случаи се смета за неприфатлива. Во Хонг Конг, стандарниот мандарински почнува да го заменува англискиот и стандардниот кантонски, неговите официјални јазици.

Јазик или јазично семејство?

Лингвистиката често кинескиот го смета за јазично семејство, иако заради социо-политичката и културната ситуација во Кина, како и заради заедничкиот систем на пишување, тие јазици по обичај заеднички се нарекуваат „кинески јазик“. Различноста на овие варијанти е споредлива со романските јазици, и е поголема од германските или словенските јазици.

Од чисто дескриптивна гледна точка, „јазици“ и „дијалекти“ се само произволни групи на слични идиолекти, и нивното разликување е нерелевантно за лингвистите кои само се занимаваат со технички опис на регионалните варијанти. Меѓутоа идејата за единствен јазик има голема аконотација на политика и културна општоодредба, па така ова е осетливо поле. Највеќето кинески лингвисти сметаат дека кинескиот е еден јазик, а неговите ограноци - дијалекти, додека други пак сметаат дека кинескиот е семејство, а неговите ограноци - јазици.

Самиот кинески има поим за единственото писмо, чонгвен (中文), додека најблискиот еквивалент за неговите варијанти е Ханји (漢語/汉语, говорен/ни јазик/ци на Хан-Кинезите) – овој поим може да се преведе или како „јазик“ или како „јазици“ бидејќи кинескиот не разликува граматички број. Кинескиот јазик има многу помалку потреба од еднообразен говорно-писмен континуум, како што може да се види од двете посебни знаковни морфеми 語/语 ји и 文 вен. Етничките кинези често ги сметаат говорните варијанти за еден ист јазик од национални причини, а и поради фактот што сите тие се наследници на еден ист класичен кинески јазик. На пример, Хан-Кинезите со мајчин јазик ву, минскиот, хака, или кантонски, може да ги сметаат нивните варијанти за посебни разговорни јазици, но самата Хан-Кинеска раса за еден (иако разнообразен) етнос. За кинеските националисти, идејата за кинескиот како јазично семејство укажува на тоа дека кинескиот идентитет е пораспарчен и поразединет отколку што тој навистина е, па така таа се смета за културно и социјално провокативна. Покрај ова, во Тајван, ова е во тесна врска со тајванската независност, каде некои поборници за таа независност поддржуваат јужомински говорен јазик.

Во рамките на НР Кина и Сингапур, владите често сите варијанти ги нарекуваат фангјен (регионални говори, преведено - “дијалекти”). Денешните говорници на кинески од било која варијанта општат на еден единствен формален стандарден пишан јазик, иако овој е заснован на мандаринскиот, современиот пекиншки потстандард.

Пишан кинески

Видете и: Класичен кинески јазик и Пајхуа

Соодносот помеѓу кинеските говорни и пишани јазици е комплексен. Неговите говорни варијанти се развивале различно, додека пишаниот кинески се има многу помалку променето. Класичната кинеска книжевност започнала за време на т.н. Пролетно-есенски период, иако пишани извори имаме уште од XIV до XI век п.н.е. за време на династијата Шанг, пронајдени на гатачки коски, напишани со коскено писмо.

Меѓутоа веќе за време на доцната династија Хан, стандардниот пишан кинески почнал да се разликува од говорниот јазик. До крајот на XIX век, само образованите класи можеле да пишуваат на овој формализиран класичен кинески, познат како венјен, кој е јазикот на Конфучиј и раните класици - многу далеку од тоа што се зборувало повеќе од два милениума подоцна. За време на династиите Минг и Чинг се напишани низа романи на вернакуларен јазик, и до XX век било јасно дека класичниот јазик мора да се отфрли. Од 20-тите години пишаниот стандард му се вратил на говорниот јазик. Денес овој стандард, заснован на современиот мандарински, се користи ширум цела Кина, надвор од неа и во сета современа литература.

Кинескиот правопис се темели на знаци, ханцу, кои се логограми напишани во рамките на замислени квадратни блокови, традиционално наредени во вертикални колони, кои се читаат од горе надолу, па од десно на лево низ колоните. Кинеските знаци се морфеми независни од фонетска промена. Така, бројот „еден“, кој е и на мандарински, јат на кантонски и цит на Хокиен (облик на Мин), има еден единствен знак за сите нив (一). Нестандардниот колоквијален кинески користи „дијалектички знаци“, како 冇 и 係 за кантонски и Хака, кои се сметаат за архаични или неупотребувани во стандардниот кинески.

Кинески знаци

Кинескиот пишан јазик користи кинески знаци (漢字/汉字, ханцу), кои се логограми: секој симбол претставува семантема или морфема (a meaningful unit of language), како и еден слог; така пишаниот јазик може да се смета за морфемо-слоговно писмо.

Кинеските знаци еволуирале од најрани облици на хиероглифи. Мислињето дека сите кинески знаци се пиктографи или идеографи е погрешно: највеќето знаци содржат фонетски делови, и се сложенки од фонетски компоненти и семантички клучеви (радикали). Само најпростите знаци како жен 人 (човек), жи 日 (сонце), шан 山 (планина), шуи 水 (вода), се можеби од сосема сликовно потекло. Во 100 н.е., познатиот учен Сји Шен за време на династијата Хан ги поставил знаците во шест категории: пиктографи, прости идеографи, сложени идеографи, фонетски заемки, фонетски сложенки и изводни знаци. Од нив, само 4% се пиктографи, додека 80-90% се фонетски сложенки кои се состојат од семантички елемент кој го дава значењето и фонетски елемент кој (можеби) некогаш го давал изговорот. Постојат околу 214 клуча признаени од речникот Кансји, кои го даваат семантичкото значење на знакот.

Современите знаци се стилизирани според стандарното писмо (楷书/楷書 кајшу). Разни други стилови се користат во кинеската калиграфија, меѓу кои и печатното писмо (篆书/篆書 чуаншу), ракописното писмо (草书/草書 цаошу) и канцелариското писмо (隶书/隸書 лишу). Калиграфите знаат да пишуваат и традиционално и упростено писмо, но ги користат традиционалните знаци за традиционална уметност.

Разни стилови во јапонската калиграфија, која главно потекнува од Кина

Денес постојат два система на кинески знаци. Традиционалниот систем, кој сѐ уште се користи во Хонг Конг, Тајван и Макао, по својата форма датира од доцната династија Хан. Упростениот систем пак, измислено во НР Кина во 1954 со цел за масовно описменување на народот, ги упростува најсложените традиционални глифи на помал број на потези, многу од нив на заеднички цаошу стенографски варијанти, со поголем фонд на синонимни знаци.

Сингапур, со своето бројно кинеско население, е првата – и моментално единствената – странска земја која официјално ги прифатила упростените знаци, иако истите имаат станато де факто стандард за помладите кинези во Малезија. Интернетот дава можност за вежбање на читање во другиот систем, било тој да е традиционален или упростен.

Добро образованиот кинез денес распознава околу 6000-7000 знаци; потребни се околу 3000 за читање на весник. Владата на НР Кина ја дефинира писменоста за работниците како познавање на 2000 знаци, иако ова е чисто функционално. Голем нескратен речник како Кангсји содржи над 40.000 знаци, меѓу кои и малку познати, алтернативни и архаични знаци; денес се користат само 10.000 од нив.

Историја и еволуција

Лингвистите ги сметаат сите варијанти на современиот говорен кинески за дел од синотибетското јазично семејство и сметаат дека постоел првобитен јазик, наречен прасинотибетски јазик, од кој настанале кинеските и тибетобурманските јазици. Реконструирањето на овој прајазик денес е мошне тешко заради немањето на пишани извори и непознавањето на други древни јазици освен старокинескиот.

Други лингвисти сметаат дека кинескиот јазик е од индоевропско потекло. тие велат дека синотибетски јазици не постојат, и дека старокинескиот се појавил како мешан јазик користејќи го праиндоевропскиот идиом, зборуван со локален пракинески говор. Овој аргумент се заснова на силното индоевропско присуство од Монголија до Европа за време на III милениум п.н.е. во северниот дел на умерената зона, и вели дека домородечките групи од овој регион (Тајци, Виетнамци, Мијао и др.), со слични фонетски карактеристики и еднакво едноставна граматика како кинескиот, мигрирале од северна Кина кон југот под притисокот на тие индоевропски населувања, но не успеале да го избегнат веќе темелното индоевропеизирано кинеско влијание. Тибетскиот јазик пак, се стекнал со својата површна сличност и ограничен заеднички зборовен фонд заради потслој од делумно Тохарско потекло.[5]

Категоризацијата на развојот на кинескиот јазик е предмет на расправа. Еден од првите системи бил развиен од шведскиот лингвист Бернхард Карлгрен во раните 1900-ти; денешните системи во голема мера се засноваат на Карлгреновите наоѓања и методи.

Старокинескиот (трад. 上古漢語, упр. 上古汉语, Шангку Ханји), понекогаш наречен „архаичен кинески“, бил јазикот кој се зборувал за време на раната и доцна династија Џоу (1122 п.н.е. - 256 п.н.е.), и од него имаме записи во бронзени предмети, поезијата на Шичинг, историјата Шиџинг, и делови од И Чинг. Фонетските елементи во најголемиот број на кинески знаци даваат идеја за нивниот старокинески изговор. Изговорот на позајмените кинески знаци во јапонскиот, виетнамскиот и корејскиот исто така даваат значаен увид. Старокинескиот не бил сосема нефлективен јазик. Имал богат звучен систем во кој согласките се разликувале по аспирација или дасија, но веројатно сѐ уште немало тонови. Реконструкцијата на старокинескиот ја започнале филолозите во времето на династијата Чинг.

Среднокинески јазик (трад. 中古汉语, упр. 中古漢語, Џунгку Ханји) е јазикот кој се користел за времето на династиите Суј, Танг и Сунг (VI - X век н.е.) Тој може да се подели на ран период, видлив во римовите таблици 切韻 „Џиејин“ (601 н.е.), и доцен период во X век, виддлив во римовите раблици 廣韻 „Гуангјин“. Лингвистите се повеќе уверени во реконструкцијата на среднокинескиот. За неговиот изговор знаеме од: современите дијалектички варијации, римовите речници, странските транслитерации, римовите таблици од древните кинески филолози за преглед на фонетскиот систем, како и кинески фонетски преводи на странски зборови. Меѓутоа сите овие реконструкции се провизорни и не сосема сигурни.

Развојот на говорните кинески јазици низ историјата е комплексен. Највеќето Кинези во Сечуан и во широк лак од североистокот (Манџурија) до југозападот (Јинан), зборуваат разни мандарински дијалекти како домашен јазик. Распространетоста на мандаринскиот ширум северна Кина главно се должи на севернокинеските рамници. За разлика од ова, планините и реките на средна и јужна Кина допринеле кон јазичното разнообразие.

Сѐ до средината на XX век, највеќето кинези зборувале само на нивната родна варијанта на кинески. Бидејќи Нанџинг бил престолнина за време на раната династија Минг, нанџиншкиот мандарински станал доминантен барем до подоцнежниот период на официјално манџуројазичното царство Чинг. Од XVII век, во царството се отвориле правоговорни академии (трад. 正音書院, упр. 正音书院, Ченгјин Шујиан) за распространување на говорот од Пекинг, како престолнина на династијата Чинг, но тие не доживеале успех. За време на последните педесет години на династијата Чинг во доцниот XIX век, пекиншкиот мандарински конечно го заменил нанџиншкиот на царскиот двор. Меѓутоа за поширокото население, не постоел единствен стандард за мандаринскиот јазик. Немандаринските говорници во јужна Кина и понатаму продолжиле да ги користат нивните дијалекти и говори во секоја сфера на живеењето. Новиот пекишнки мандарински се зборувал само од функционери и чиновници и затоа бил прилично ограничен.

Ситуацијата не се променила сѐ до средината на XX век, со создавањето на (во НР Кина Тајван, но не во Хонг Конг) на задолжителен образовен систем посветен на учење на стандардниот мандарински. Како резултат на ова, мандаринскиот денес го зборуваат сите млади и средовечни Кинези од континентална Кина и Тајван. Во Хонг Конг пак, во британско колонијално време се користел стандардниот кантонски, а не мандаринскиот (заради големиот број на кантонски говорници) и денес тој е сè уште официјален јазик во образованието, формалниот говор и секојдневниот живот, но мандаринскиот станува сѐ повлијателен по неговото интегрирање во Кина во 1997.

Кинескиот бил лингва франка во источноазиските земји со векови, пред доаѓањето на европските влијанија во XIX век.

Влијание врз други јазици

Низ вековите, кинеската култура и политика имале големо влијание врз несродните јазици како корејскиот, виетнамскиот и јапонскиот. Јапонскиот и корејскиот имаат писма кои се служат со кинески знаци (Ханцу), кои се нарекуваат ханџа и канџи.

Виетнамскиот поим за кинеското писмо е хан ти. Сѐ до XIV век бил единствениот начин на пишување на виетнамскиот јазик, користен исклучиво од кинески-образованата виетнамска елита. Од XIV до доцниот XIX век, виетнамскиот се пишувал со чи ном, кинеско писмо прилагодено за виетнамските звуци и слогови. Ова писмо било сосема заменето со прилагодена латиница, измислена од езуитскиот мисионер Александар де Род, која користи систем од дијакритички додатоци за тонови и изменетите слогови. Виетнамскиот јазик е сличен на кантонскиот во извесни интонации и плозивни согласни наставки. Постои и мало влијание од мандаринскиот, меѓу кои поостри самогласки и звукот „х“ кој не го наоѓаме во други азиски јазици.

Во Јужна Кореја се користи азбуката Хангул, но наоѓа примена и ханџата, главно како печатно писмо. Во Северна Кореја пак, ханџата е укината. Од модернизацијата на Јапонија од доцниот XIX век, постојат идеи за напуштање на кинеското писмо, но тоа сѐ уште не е сторено од практични причини.

Јазиците со влијание од кинеската култура имаат голем број на позајмени зборови од кинескиот. Над педесет проценти од корејскиот фонд на зборови е од кинеско потекло, а влијанието врз јапонскиот и виетнамскиот исто така е значајно. Зборовите од кинеско потекло сочинуваат 60%–70% од вкупниот број на зборови во еден јапонски речник, а сочинуваат 18%–40% од говорните зборови. Десет проценти од филипинскиот вокабулар е со кинеско потекло. Кинескиот исто така дели многу граматички карактеристики со овие соседни јазици, особено непостоењето на родови и употребата на класификатори.

Фонологија

Поподробно за кинеската фонологија на Кинески говорен јазик.

Фонолошката структура на секој слог се состои од јадро кое се состои од самогласка (која може да биде монофтонг, дифтонг, па и трифтонг кај извесни варијанти) со изборен почеток или завршна согласка како и тонови. Во некои случаи самогласката не служи како јадро. Таков пример наоѓаме во кантонскиот, каде носните сонорантни согласки /m/ и /ŋ/ можат да стојат како посебни слогови сами за себе.

Низ сите варијанти, највеќето слогови се отворени слогови, што значи дека немаат завршеток, но оние кои имаат завршеток се ограничени на /m/, /n/, /ŋ/, /p/, /t/, /k/ или /ʔ/. Некои варијанти ги допуштаат речиси сите завршетоци, додека други, како мандаринскиот имаат само две - /n/ и /ŋ/. Согласните групи не се јавуваат ни во почетокот, ни во завршетокот. Почетокот може да биде африкат или согласка проследена од полусамогласка, но овие не се сметаат за согласни групи.

Бројот на звуци се разлкикува од варијанта до варијанта, од времето на среднокинескиот наваму, нивниот број опаѓал. Кај мандаринските дијалекти, бројот на гласовите драстично опаднал, па така имаат далеку повеќе повеќесложни зборови од другите варијанти. Така, вкупниот број на слогови во некои варијанти е околу илјада, а тука спаѓаат и тонските варијации.

Сите варијанти на говорен кинески користат тонови. Некои дијалекти во северна Кина имаат само три тона, додека некои во јужна Кина имаат 6 до 10 тона, зависно од тоа како се брои. Исклучок од ова е шангајскиот, кој ги има намалено тоновиоте на двотонски акцентен систем сличен на современиот јапонски.

Мошне чест пример за илустрирање на тоновите во кинескиот јазик се четирите главни тонови во стандардниот мандарински кои важат за слогот „ма“. Овие тонови соодветствуваат на четири знаци:

Оваа статија содржи рубинска анотација. Без правилна поддршка, може да гледате транскрипции во заграда по знакот наместо рубински глоси.
  • 媽/妈() „мајка“ — високо-рамен
  • () „коноп“ или „тром“ — високо-нагорен
  • 馬/马() „коњ“ — ниско-надолен-нагорен
  • 罵/骂() „укорува“ — високо-надолен
  • 嗎/吗(ma) прашална честица — неутрален

Романизација

Романизација е процес на транскрибирање на еден јазик во латиница. Постојат многу системи на романизација на кинескиот јазик заради немањето на свој систем на транскрипција сѐ до скоро. За прв пат кинескиот бил запишан на латиница од христијанските мисионери во XVI век.

Денес најчеста романизација на стандардниот мандарински е пинјинот (漢語拼音/汉语拼音) воведен во 1956 во НР Кина, а подоцна преземен од Сингапур. Денес пинјинот е речиси универзален во училиштата и универзитетите ширум Северна Америка, Австралија и Европа. Еден поголем проблем во системот пинјин е фактот што буквите во него, иако латинични, во поголема мера не соодветствуваат на нивните изговори на јазиците кои ја користат латиницата (на пр. b = p, g = k), додека пак други изгледаат како европски звуци, но всушност воопшто немаат еквиваленти (на пр. j, q, x, zh). Ова важи и за наставките, кои исто така се читаат поинаку. За најприближен изговор на македонски, видете ја статијата Македонска транскрипција на кинескиот јазик.

Вториот најчест систем на романизација е Вејд-Џајлс, измислен од Томас Вејд во 1859, а подоцна преработен од Херберт Џајлс во 1892. Овој систем ги приближува кинеските звуци најблиску што може до англискиот јазик, и затоа е полесен за учење на кинескиот јазик.

Македонска транскрипција

Утврдена транскрипција на кинескиот во македонски јазик сѐ уште не постои. Како и при транскрипција на сите други јазици, македонскиот го користи сопствениот фонетски систем на пишување за најблиско доловување на звуците на кинескиот јазик. Ова сепак, не е стандардизирано и често наоѓаме недоследности.

Општо земено, македонската транскрипција се темели на системите пинјин и Вејд-Џајлс како писмено најблиски до вистинскиот кинески изговор. Таа се базира на српската транскрипција создадена (но сепак неофицијализирана) во 2005, но со извесни прилагодувања и измени во согласност со карактерот на македонската фонологија и правопис.


[6]

Граматика и морфологија

Кинески јазик
Писмо кинеско писмо
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст 人 人 生 而 自 由, 在 尊 严 和 权 利 上 一 律 平 等。 他 们 赋 有 理 性 和 良 心, 并 应 以 兄 弟 关 系 的 精 神 相 对 待。
Транскрипција Rén rén shēng ér zìyóu, zài zūnyán hé quánlì shàng yīlǜ píngděng. Tāmen fùyǒu lǐxìng hé liángxīn, bìng yīng yǐ xiōngdì guānxì de jīngshén xiāng duìdài.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Како и виетнамскиот, современиот кинески честопати погрешно се класификува како „едносложен“ јазик. Додека највеќето кинески морфеми имаат по еден слог, денешниот кинески е многу помалку едносложен во тоа што именките, придавките и глаголите се главно двосложни. Тенденцијата за правење на двосложни зборови кај современиот мандарински е видлива во споредба со класичниот кинески. Класичнит кинески е високоизолирачки јазик, со тоа што секој поим (морфема) има свој слог и по еден знак; Современиот кинески има тенденција да прави нови зборови со двосложни, трисложни и четири-знаковни кованки.

Морфологијата на кинескиот јазик е строго врзана за за даден број на слогови од прилично крут состав, кои се морфемите, најмалите смисловни единици. Додека многу од овие едносложни морфеми ( цу², 字) можат да стојат засебно како поединечни зборови, тие почесто обликуваат повеќесложни сложенки, познати како цу (词/詞), што се послични на западниот начин на зборообразба. Кинескиот збор може да се состои од повеќе од еден знак-морфема, обично два, но можат да бидат три и повеќе.

На пример:

  • Јин 云 - „облак“
  • Чигуанг 激光 – „ласер“
  • Ханпаопао 汉堡包 – „хамбургер“

Сите варијанти на современиот кинески се аналитички јазици, и зависат од синтаксата (зборовниот ред и реченичниот состав), наместо од морфологија, промени на обликот на зборот, за назначување на значењето на тој збор. Со други зборови, кинескиот нема флексија – нема времиња, нема залози, нема броеви (еднина и множина, иако има бележници за множина), и само неколку случаи на членови и нема родови.

Кинеските јазици во голема мера употребуваат честици за искажување на вид и начин. Во мандаринскиот за ова се користат честици како ле 了, хаи 还, ичинг 已经 и др.

Зборовниот ред во кинескиот јазик е Подмет Глагол Прирок, и како многу други јазици во источна Азија, често се користи со темокоментарни конструкции за обликување на реченици. Кинескиот има и опширен систем на мерни зборови, уште една карактеристика која ја дели со јапонскиот и корејскиот. Поподробно на оваа тема на Кинески мерни зборови .

Други значајни граматички карактеристики на сите кинески варијанти се употребата на сериска конструкција на глаголи, испуштања на заменки и сродни бесподметност.

Иако граматиките на сите варијанти делат многу карактеристики, тие имаат и разлики. Видете Граматика на кинескиот јазик за граматиката на стандардниот мандарински, и статиите за кинеските варијанти за нивните поединечни граматики.

Тонови и хомофони

Официјалниот говорен мандарински има само 400 говорни едносложни зборови, но над 20.000 пишани знаци, па така постојат многу хомофони кои се разликуваат само по четирите тонови. Често дури ни ова не е доволно, доколку не се назначи контекстот и точниот израз.

Едносложенката чи, првиот тон во стандардниот мандарински, соодветствува на следниве знаци: 雞/鸡 кокошка, 機/机 машина, 基 основно, 擊/击 удри, 饑/饥 глад и 積/积 збир. Во говорот, глифирањето на едносложенката кон нејзиното значење мора да биде одредено според контекстот или по нејзиниот сооднос со другите слогови (на пр. „некои“ како обратно на „никои“). Кога луѓето си го кажуваат името, тие велат во кои зборови или фрази тоа може да се најде, за полесно пишување: 名字叫嘉英,嘉陵江的嘉,英國的英 Мингцу чиао Чиајинг, Чиалинг Чианг те чиа, Јингкуо те јинг („Се викам Чиајинг, Чиа како во Чиалинг Чианг и јинг како во Јингкуо“).

Јужнокинеските варијанти како кантонскиот и Хака имаат задржано повеќе рими од среднокинескиот и имаат повеќе тонови. На пример, зборовите со звучност чи, за „стимулиран“, „кокошка“ и „машина“, имаат посебни изговори на кантонски. Поради ова, јужните варијанти имаат помалку повеќесложни зборови.

Зборовен фонд

Целиот корпус на кинески знаци од антиката наваму се состои од околу 20.000 знаци, од денес само околу 10.000 вообичаено се користат. Меѓутоа знаците не треба да се помешаат со зборови, и има многу пати повеќе зборови отколку знаци бидејќи највеќето зборови се пишуваат со два или повеќе знака.

Податоците за севкупниот број на зборови и фрази се разликуваат во голема мера. Едни извоти даваат 54.678, додека други велат 85.568.

Најсеопфатниот кинески лексикон, дванаесет-томниот Ханји Та Цутиен 汉语大词典 наведува повеќе од 23.000 главни знаци и наведува над 370.000 дефиниции.

Најновото петто издание (2007) на Ханји Та Цутиен 现代汉语词典, меродавен еднотомен речник на современиот стандарден континентален кинески, има 65.000 наведувања и дава дефиниции за 11.000 главни знаци.

Изучување во Македонија

Во Република Македонија кинескиот јазик се изучува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје[7], а за пошироката јавност достапни се курсеви во Домот на кинеската култура во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ [8], во Центарот за странски јазици [9] и Културно-едукативниот центар „Илинден“ во Општина Илинден. [10]

Поврзано

Наводи

  1. http://www.china-language.gov.cn/ (кинески)
  2. http://mandarin.org.sg/html/home.htm
  3. *David Crystal, The Cambridge Encyclopedia of Language (Cambridge: Cambridge University Press, 1987) , стр. 312. “The mutual unintelligibility of the varieties is the main ground for referring to them as separate languages.”
    • Charles N. Li, Sandra A. Thompson. Mandarin Chinese: A Functional Reference Grammar (1989), стр. 2. “The Chinese language family is genetically classified as an independent branch of the Sino-Tibetan language family.”
    • Jerry Norman. Chinese (1988), стр.1. “The modern Chinese dialects are really more like a family of language.
  4. Предлошка:Цитирано списание
  5. Tsung-tung Chang, 1988 Indo-European Vocabulary in Old Chinese
  6. Активни студиски програми, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
  7. Активни студиски програми, Филолошки факултет „Блаже Конески“ (македонски)
  8. Дом на кинеската култура во националната библиотека, Дневник, 11 февруари 2010
  9. Центар за странски јазици - Други јазици (македонски)
  10. Курсот по кинески јазик вистински хит на Бесплатните курсеви во Општина Илинден

Литература

  • DeFrancis, John (1984). The Chinese Language: Fact and Fantasy. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1068-6.
  • Hannas, William C. (1997). Asia's Orthographic Dilemma. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1892-X.
  • Norman, Jerry (1988). Chinese. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29653-6.
  • Qiu, Xigui (2000). Chinese Writing. Society for the Study of Early China and Institute of East Asian Studies, University of California, Berkeley. ISBN 1-55729-071-7.
  • Ramsey, S. Robert (1987). The Languages of China. Princeton University Press. ISBN 0-691-01468-X.

Поврзано


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Кинески јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).