Централен Масив: Разлика помеѓу преработките

Координати: 46°N 3°E / 46° СГШ; 3° ИГД / 46; 3
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија Планински венец
{{Инфокутија Планински венец
| name=Централен Масив
| name=Централен Масив
| other_name=''Massif Central''
| other_name=''{{јаз|fr|Massif Central}}''<br>''{{јаз|oc|Massís Central}}''
| map=France Massif central.jpg
| map=France Massif central.jpg
| map_size=275
| map_size=275

Преработка од 12:36, 4 октомври 2013

Централен Масив
Massif Central
Massís Central
Пиј де Дом — највисокиот вулкан
Највисока точка
ВрвПиј де Санси
Надм. височина1886 м
Координати45°31′42″N 2°48′51″E / 45.52833° СГШ; 2.81417° ИГД / 45.52833; 2.81417
Географија
Местоположба на Централниот Масив во Франција
ЗемјиФранција
Покраини
Координати46°N 3°E / 46° СГШ; 3° ИГД / 46; 3

Централен Масив (француски: Massif central, окситански: Massís Central / Massís Centrau) — високо подрачје во средишниот дел на јужна Франција, покриено со планини и висорамнини што образуваат масив. Зафаќа 15% од површината на државата. Највисока планина во масивот е Пиј де Санси (1.886 м).[1]

Планините се вулкански но активноста згаснала пред 10.000 години. Одделени се од Алпите со длабок засек во правец север-југ создаден со текот на реката Рона, наречен „ронска бразда“ (sillon rhodanien).

Подрачјето претставувало препрека во тој дел на земјата, оневозможувајќи го сообраќајот од север на југ и обратно сè до изградбата на автопатот A75 на крајот на 2010 г.

Административни единици

Масивот се протега низ следниве департмани: Аверон, Алије, Ардеш, Кантал, Гар, Горна Виена, Горна Лоара, Еро, Корез, Крез, Лоара, Лозер, Лот, Од, Пиј де Дом, Рона и Тарн.

Во подрачјето на планините целосно се опфатени региони Оверњ и Лимузен, а делумно навлегуваат во Лангдок-Русијон, Југ-Пиринеи и Рона-Алпи.

Најголеми градови се Клермон Феран и Сент Етјен.

На северната страна на масивот, западно од долината на Рона, карпите се вулкански, додека пак во јужниот дел се варовнички, гранитни и шкрилни.

Наводи

  1. Централен Масив — Peakbagger (англиски)

Поврзано

Надворешни врски