Планински масив: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Šar Mountains, view from the Republic of Macedonia.jpg|мини|десно| |
[[Податотека:Šar Mountains, view from the Republic of Macedonia.jpg|мини|десно|300п|Поглед на масивот [[Шара]] во северозападна [[Македонија]].]] |
||
'''Планински масив''' или само '''масив'''<ref>{{дрмј|масив|масив}}</ref> — место на [[Земјина кора|Земјината кора]] со истакнати [[расед]]и или набори. При [[тектоника на плочите|поместувањето на Земјината кора]], масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група [[планина|планини]] |
'''Планински масив''' или само '''масив'''<ref>{{дрмј|масив|масив}}</ref> — место на [[Земјина кора|Земјината кора]] со истакнати [[расед]]и или набори. При [[тектоника на плочите|поместувањето на Земјината кора]], масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група [[планина|планини]] составени со ваква образба. |
||
Во [[планинарство]]то и [[алпинизам|алпинизмот]], под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од [[тектонска плоча|тектонската плоча]] и во [[геоморфологија]]та се смета за четврта движечка сила по големина.<ref>Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.</ref> |
Во [[планинарство]]то и [[алпинизам|алпинизмот]], под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од [[тектонска плоча|тектонската плоча]] и во [[геоморфологија]]та се смета за четврта движечка сила по големина.<ref>Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.</ref> |
Преработка од 11:19, 8 септември 2013
Планински масив или само масив[1] — место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. При поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба.
Во планинарството и алпинизмот, под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина.[2]
Зборот потекнува од францускиот поим massif, каде означува голема маса од планини или збиена група од поврзани планини што сочинуваат независен дел од венецот. Еден од најзабележителните примери во Европа е Централниот Масив во регионот Оверњ, Франција.
Пример за вонземски масив е т.н. „Лице на Марс“ во регионот Кидонија.[3] (40°44′N 9°28′W / 40.74° СГШ; 9.46° ЗГД)
Масивите се образуваат и под вода, во самото море. Таков пример е подводниот вулкан Таму во северозападниот Тихи Океан — најголем вулкан на Земјата.[4]
Поврзано
Наводи
- ↑ масив — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.
- ↑ Britt, Robert Roy (2006-09-21). „Mars Face Makeover: Controversial Formation Observed from New Angles“. Space.com. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ Howard, Brian Clark (2013-09-05). „Новооткриениот џиновски вулкан под морето е најголем во светот“. National Geographic. Посетено на 2013-09-07. (англиски)