Борис I: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 28 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q311057 (translate me)
Ред 3: Ред 3:
{{Инфокутија за личност |
{{Инфокутија за личност |
име=Свети Цар Борис |
име=Свети Цар Борис |
портрет= Boris-Mihail of Bulgaria.JPG.jpg|
портрет= Boris-Mihail of Bulgaria.jpg|
опис=владетел на Бугарија |
опис=владетел на Бугарија |
наставка= |
наставка= |

Преработка од 13:09, 5 септември 2013

Свети Цар Борис
Роден 9 век
 ?
Починал 2 мај 907 год.
Бугарија

Борис I (? - 907) - бугарски хан од 852 година и кнез од 864 до 889 година. Познат по тоа што ги покрстил Бугарите во 864 година.

Покрстувањето

Покрстувањето на Свети Цар Борис
Бугарија при хан Пресијан и хан/кнез Борис I

Прво Борис склучил сојуз со Лудвиг Германски во 862-863г. и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа. За да го разруши овој сојуз, Византија во коалиција со Велика Моравија и Хрватска во 863 г. започнала војна против Бугарија. За Борис I оваа војна била неуспешна и тоа го разнишало значително политичкото господство на Бугарите по средниот тек на Дунав. Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез Ростислав во есента на 863 г. Византијците повторно навлегуваат во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да и пружат сериозен отпор на Византија. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Источната Римска Империја (Византија). Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и да се покрсти заедно со својот народ. Бугарскиот владетел се покрстил сам, речиси тајно, и го примил името на својот кум, византискиот василевс Михаил.

Борис I Михаил, веќе цар, се зафатил да го покрсти целиот бугарски народ. Бугарите кренале бунт и Борис наредил да се фатат болјарите, коишто го воделе бунтот, и да ги убијат. Загинале 52 болјари со целите нивни родови. Така от старите бугарски родови, што биле дошли от Азија, не останал ни еден.

Бугарската патриаршија

Икона на цар Борис

По покрстувањето Борис побарал дозвола од Цариградската патриаршија за самостојна Бугарска патријаршија(види Бугарска православна црква), но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во Ватикан. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патриарх.

Во 867 год. нови бугарски пратеници биле дојдени во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патриарх. Папа Николај I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адриан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.

Борис пак се обратил кон Константинопол со истата молба и на Осмиот Вселенски Собор (869-870 год.) се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги. Тој бил потчинет на Цариградската патриаршија.

Во 886 г. на бугарски црковен собир било решено Бугарската архиепископија да стане афтокефална (самостојна). На чело на Бугарската црква застанал Јосиф Исповедник, архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведува прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар Симеон I.

Словенската писменост во Бугарија

Како ктитор на манастирот Св. Наум покрај Охрид, фреска од 1806 година

Во истото време (краjот на 885 г.) Борис радосно ги примил учениците на Кирил и Методиј, кои што били протерани од Велика Моравија. Словенскиот јазик станал официјален јазик на Бугарија, заменувајќи го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде ja основал Oхридската книжевна школа.

По непрекинато 36-годишно управување во 889 год. царот Борис доброволно се откажал од престолот и се повлекол во манастир. Борис имал четири синови: Расате-Владимир, Гаврил, Симеон и Јаков. За свој наследник го назначил првородениот син Владимир-Расате.

Неумешната анти-византиска политика на кнез Владимир-Расате, спроводена со обид за враќане кон паганството, го принудила Борис да го напушти манастирот и да превземе решителни мерки. Тој го симнал Владимир-Расате од престолот, го ослепил го и го фрлил во темница. Потоа тој свикал народен собор во 893 г., на кој го најавил владеењето на својот трет син, Симеон I, на престолот и преместувањето на главниот град на Бугарија од Плиска во Преслав. Во истото време Климент станал епископ на Величката епархиja со центар во Охрид (според некои бугарски теории, на Охридската епископија како дел од Бугарската православна црква), а Наум дошол од Преслав во Охрид да jа води Охридската школа.

Надворешни врски

Предлошка:Владетел почеток Предлошка:Владетел Предлошка:Владетел крај