Ваденско Море: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q26080 |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 48: | Ред 48: | ||
== Надворешни врски == |
== Надворешни врски == |
||
{{рв|Wadden Sea}} |
{{рв|Wadden Sea}} |
||
* {{цмс|url=http://www.xs4all.nl/~ottoknot/werk/Sylt.html|title=Ваденско море: Историја на |
* {{цмс|url=http://www.xs4all.nl/~ottoknot/werk/Sylt.html|title=Ваденско море: Историја на населувањето, културните промени и пореметувањето на морската средина|author=Ото З. Кнотернус|year=2005}} {{en}} |
||
* [http://whc.unesco.org/en/list/1314 Ваденско Море] - Центар за светско наследство на УНЕСКО {{en}} |
* [http://whc.unesco.org/en/list/1314 Ваденско Море] - Центар за светско наследство на УНЕСКО {{en}} |
||
* [http://www.waddensea-worldheritage.org/ Подрачје на светско наследство Ваденско Море] {{en}} |
* [http://www.waddensea-worldheritage.org/ Подрачје на светско наследство Ваденско Море] {{en}} |
Преработка од 07:54, 4 септември 2013
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | природно: viii, ix, x |
Навод | 1314 |
Запис | 2009 (XXXIII заседание) |
Ваденското Море (холандски: Waddenzee, германски: Wattenmeer, долногермански: Wattensee/Waddenzee, дански: Vadehavet, западнофризиски: Waadsee) е крајбрежен појас во југоисточниот дел на Северното Море. Сместено е помеѓу брегот на северозападна континентална Европа и Фризиските Острови, образувајќи плитка водна површина со плитаци и мочуришта. Целото подрачје се одликува со голема биолошка разновидност. Во 2009, холандскиот и германскиот дел на морето биле прогласени за светско наследство на УНЕСКО.[1]
Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на човечките активности,[2] што може да се забележи од системите од бразди и насипи на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од Ден Хелдер во Холандија на југозапад, ги одминува големите речни устија на Германија и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од Есбјерг во Данска. Овој потег има вкупна должина од 500 км и површина од околу 10.000 км². Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото Ејселмер крај насипот Афслејтдејк.
Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население - Фризијците. Меѓутоа, фризискиот јазик не се говори во најзападниот дански остров Тексел веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров Хелиголанд етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.
Природа
Зборот wad е холандски поим за „плитак“ (долногермански и германски: Watt, дански: Vade). Подрачјето се карактеризира со пространи плитаци од тиња, подлабоки приливни брази (приливни потоци), а островите во оваа област постојано се потопуваат и излегуваат на површина. Пејзажот во голема мера е создаден од бурни приливи во периодот од X до XIV век, преплавувајќи и носејќи ги тресетните површини зад крајбрежните песочни дини. Денешните острови се остатоци од некогашните дини.
Островите имаат со дини и широки песокливи плажи кон Северното Море и низок приливен брег кон Ваденското Море. Брановите и струите постојано однесуваат наноси, постепено менувајќи го обликот на островите. На пример, островите Влиланд и Амеланд низ вековите се поместени источно, губејќи го копното на една страна и добивајќи ново на друга.
Ваденското Море е значајно по богатата флора и фауна, особено птиците. Местото е зимувалиште за стотици илјади крајбрежни птици, патки и гуски, богато живеалиште за галеби и рибарки.[3]
Поврзано
- Национален парк Ваденско Море
- Национален парк Ваденско Море (Хамбург)
- Национален парк Ваденско Море (Долна Саксонија)
- Национален парк Ваденско Море (Шлезвиг-Холштајн)
- Национален парк Ваденско Море (Данска)
References
- ↑ Место на светско наследство Ваденско Море пров. 29 април 2010 (англиски)
- ↑ C. Michael Hogan. 2011. Wadden Sea. eds. P. Saundry & C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC
- ↑ Предлошка:Цитирана книга
Надворешни врски
„Ваденско Море“ на Ризницата ? |
- Предлошка:Цмс (англиски)
- Ваденско Море - Центар за светско наследство на УНЕСКО (англиски)
- Подрачје на светско наследство Ваденско Море (англиски)
- Здружение на општините на Холандија, Данска и Германија во Ваденското Море (англиски)