Орце Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Инфокутија за личност
| име = Орце Николов
| портрет =
| px =
| опис =
| родено-име =
| роден-дата = 7 јануари 1916
| роден-место = [[Скопје]]
| починал-дата = {{починал на и возраст|df=yes|1942|01|04|1916|01|07}}
| починал-место =
| починал-причина =
| националност =
| наставка = <!-- ова е наставка за полињата „Роден“ и „Починал“. ако
го нема ова поле, ништо нема да се смени -->
| наставка1 = <!-- ова е наставка само за полето „Роден“ -->
| наставка2 = <!-- ова е наставка само за полето „Починал“ -->
| познат =
| занимање =
}}
'''Орце Николов''' (Јордан Николов) ([[Скопје]], {{роден|7|јануари|1916}} - {{починал|4|јануари|1942}}) бил македонски комунист, [[народен херој]]. Бил еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на [[КПЈ]] за Македонија.<ref>„Народни хероји Југославије“, „Младост“, Београд, 1975.</ref>
'''Орце Николов''' (Јордан Николов) ([[Скопје]], {{роден|7|јануари|1916}} - {{починал|4|јануари|1942}}) бил македонски комунист, [[народен херој]]. Бил еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на [[КПЈ]] за Македонија.<ref>„Народни хероји Југославије“, „Младост“, Београд, 1975.</ref>



Преработка од 15:39, 1 септември 2013

Орце Николов
Роден 7 јануари 1916
Скопје
Починал 4 јануари 1942(1942-01-04) (возр. 25)

Орце Николов (Јордан Николов) (Скопје, 7 јануари 1916 - 4 јануари 1942) бил македонски комунист, народен херој. Бил еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.[1]

Роден е во Скопје, во работничко семејство.[2] Во 1935 година станува член на КПЈ. Го отслужува воениот рок во 1937 - 1938 година во Загреб. По враќањето од војска повторно се зафаќа за работа во УРС - синдикатот и заедно со Цветан Димов ја предводи подружницата на шивачките работници.

Во есента 1938 година, по иницијатива на Орце Николов е организирана акција за запишување доброволци за одбрана на Чехословачка.

Во есента 1939 година, во согласност со решението на КПЈ за засилување на мобилизацијата во Македонија, кога во Македонија доаѓа и Светозар Вукмановиќ - Темпо, во Скопје го затекнува Орце како секретар на Месниот комитет на КПЈ и член на Покраинското раководство на КПЈ за Македонија. Тој организира повеќе штрајкови на работниците во Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Куманово и други градови.

Најголемиот успех на Орце во Македонија во август 1940 година претставуваат политичките демонстрации за Илинден. Орце учествува во Скопје во организирање на масовната екскурзија на работниците и други граѓани на Илинден.

На 9 август 1940 година паднал во полициска заседа пред неговата куќа. Во септември Орце со уште тројца уапсени е доведен во Белград, во истражниот затвор на Ада Циганлија, а оттаму во Велика Кикинда. Таму стапува во штрајк со глад за подобрување на положбата на затворениците. Кон средината на ноември изведен е пред судот за заштита на државата во Белград, каде што е осуден на две години строг затвор. Испратен е во затворот во Сремска Митровица, од каде бега на 22 август 1941 година, заедно со поголема група затворениците меѓу кои се и Бане Андреев и Богоја Фотев.

По бегството, му се приклучува на Фрушкогорскиот партизански одред, а на почетокот од октомври 1941 година оди во Ужице, каде по одлука од Врховниот штаб, сите комунисти - бивши затвореници се јавуваат на Врховниот штаб. Орце Николов таму добил задача да се пробие во Македонија, каде што се вршеа подготовки за создавање на првите партизански одреди.

На 27 октомври Николов со една група Македонци заминува за Македонија. Во околината на Лесковац чека да му бидат испратени фалсификувани документи за да може полесно да ја помине демаркационата линија низ територијата окупирана од Бугарија. Во првиот обид да ја премине граница, во декември 1941 година, не успеал, и се вратил назад. При вториот обид, ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, во пробивањето низ демаркационата линија Орце Николов загинува при заседа на бугарскиот окупатор на планината Кукавица, кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, Србија.

Во текот на НОВ, кумановскиот баталјон, формиран во декември 1943 година, го носеше неговото име.

Наводи

  1. „Народни хероји Југославије“, „Младост“, Београд, 1975.
  2. Анита Димова „На прагот на својата Македонија“