Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 73: Ред 73:
*20 лета Македонијо - 2011
*20 лета Македонијо - 2011
*Можеби - 2012
*Можеби - 2012
*Животот е убав - 2013
*Ако ме сакаш (дует со Инфинитас) - 2013


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 00:16, 31 август 2013

Андријана Јаневска
Родено имеАндријана Јаневска
Роден(а)6 декември 1981(1981-12-06)(42 г.)
Скопје, Република Македонија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, етно, класика
Занимањапејачка, текстописец, композиторка
Период на активност1998–сè до денес
Мреж. местоhttp://www.andrijana.com.mk

Андријана Јаневска (родена на 6 декември 1981 година) е позната македонска пејачка и музичарка.

Биографија

Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи[1]. Редовно е вработена во Македонската Опера и Балет, како прва виолина. Свири и пијано, а првата композиција ја има напишано на 11 години[1]. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година и магистрира во 2011 година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“[1]. Дебитира на Скопје фест, 1998. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000 година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија“. За време на летото, 2000 година, настапува низ повеќе градови во Австралија[1]. Во март, 2001 година на Скопскиот фестивал освојува гранд при награда со песната Носталгија[1]. Во јули, 2001 го промовира првиот солистички албум „Моја Библија“ кој содржи 12 песни[1]. Во 2002-ра година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери“ го освојува второто место[1]. Во јуни, 2006 година, го лансира реге хитот „Ден“, а во Август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце“[1]. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден“[1]. Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружи со песната „Зрно“, дело на Драган Гиновски - Гино[1]. Во март 2008 излезе најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски - Мите[1]. Веќе следната 2009 година излезе и продолженитето на цедето со традиционални македонски песни, овојпат насловено како „Приказна за едно моме“, повторно продуцирано од Мите Димовски[1]. Следната година во соработка со МЕД Македонија, го издава Христијанското цеде со детски Божикни песни „Ѕвездичка мала“[1]. Во 2011 година, во соработка со Тања Веда го издава детското цеде „Кога си среќен“ кое содржи 15 песни од англиско говорно подрачје, препеани на македонски јазик[1]. Во 2011 станува мајка на малиот Димитар, а веќе следната година повторно се враќа на естрадата со настап на Скопскиот фестивал, кадешто ја исполнува композицијата „Можеби“ на која се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот[1]. Две години беше редовен професор по виолина во музичкото училиште во Куманово, една година предаваше на Факултетот за Аудио-Визуелни Уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, од 2005 година до денес предава солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“, а од 1999 година активно членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“[1]. Најголемо хоби и е шахот и една година беше портпарол на Шаховската Федерација на Македонија, како член на шаховскиот клуб „Гамбит“[1].

Албуми

  • Моја библија- 2001
  • Ден - 2006
  • Македонски рози (етно) - 2008
  • Приказна за едно моме (етно) - 2009
  • Ѕвездичка мала (христијански песни) - 2010
  • Кога си среќен (детски песни) - 2011

Синглови

  • Те сакам бескрајно (дует со Пеце Огненов) - 1998
  • Доволно силна - 1998
  • Еден ден - 1999
  • Се што барам ноќва - 1999
  • Не можам да заљубам по тебе - 1999
  • Да сум јузен ветар - 1999
  • Твоето писмо, моја библија - 2000
  • Љубовен ритам - 2000
  • Љубов ти е адреса (дует со Марјан Стојановски) - 2000
  • За тебе - 2000
  • Носталгија - 2001
  • Од овде до вечноста (дует со Благој Нацоски) - 2001
  • Ден по ден (дует со Врчак) - 2001
  • Своја на своето - 2001
  • О Черие, Мон Черие - 2002
  • Остани - 2004
  • За Крај - 2005
  • Дојди Бакни Ме - 2005
  • Ѕвезда Водилка - 2005
  • Ден - 2006
  • Сонце - 2006
  • Епизода - 2007
  • Тивка ноќ (дует со Тања Станковиќ Димовска) - 2007
  • Тивка Ноќ (дует со Ева) - 2007
  • Зрно - 2008
  • Заминувам - 2008
  • Во погрешно време - 2008
  • Дрво без корен - 2009
  • 20 лета Македонијо - 2011
  • Можеби - 2012
  • Животот е убав - 2013
  • Ако ме сакаш (дует со Инфинитас) - 2013

Наводи

Надворешни врски