Улкус: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating interwiki links, now provided by Wikidata on d:q6452285
с Bot: Migrating interwiki links, now provided by Wikidata on d:q6452285
Ред 49: Ред 49:
[[Категорија:Дерматолошка терминологија]]
[[Категорија:Дерматолошка терминологија]]


[[ar:قرحة]]
[[simple:Ulcer]]
[[simple:Ulcer]]

Преработка од 16:40, 22 август 2013

Улкус
Кожен улкус кој се појавува кај некои пациенти со воспалителна болест на цревата
СпецијалностДерматологија, Хирургија Уреди на Википодатоците

Улкусот претставува рана на кожата или слузница проследена со распаѓање на ткивото. Можат да доведат до целосно губење на епидермата, а понекогаш и на делови од дермисот, па дури и на поткожното ткиво. Улкусите најчесто се појавуваат на кожата на долните екстремитети и кај гастроинтестиналниот тракт. Улкусите кои се појавуваат на кожата најчесто личат на воспалено ткиво проследено со црвенило на кожата. Често се појавуваат и при жешко или студено време, чешање или при проблем со циркулацијата на крвта. Друга причина за нивно појавување е кога лицето малку се движи при што се создава долотраен притисок врз ткивата. Ова доведува до појава на улкус на кожата кој, исто така, е познат и како декубитус или декубитусен улкус. Улкусите често може да се инфицираат и да формираат гној.

Симптоми

Улкусите на кожата наликуваат на отворени кратери, имаат облик на круг, а слоевите на кожата се нагризани. Кожата околу улкусот може да биде црвена, отечена и кревка. Пациентите може да чувствуваат болка на областа околу улкусот од кој може и да потече течност. Во некои случаи, улкусот може и да крвари, а ретко се случува пациентот да добие треска. Понекогаш се чини дека улкусите не заздравуваат. Заздравувањето е спор процес, доколку дојде до него. Улкусите кои заздравуваат за период од 12 недели се сметаат за акутни, а оние на кои им треба повеќе време се хронични.

Улкусите се развиваат во етапи. Во првата етапа кожата е црвена со меко поткожно ткиво. Во втората етапа црвенилото станува поизразено, се појавува оток, а може да се појават и плускавци и да се загубат надворешните слоеви на кожата. При следната етапа, кожата може да стане некрозна во подлабоките слоеви на кожата, а масното ткиво под кожата може да стане видливо. Во четвртата етапа, некрозата навлегува подлабоко, масното ткиво под кожата целосно се гледа, а и мускулот може да стане видлив. Во последните две етапи, раната може да предизвика поголема загуба на масно ткиво и некроза на мускулот, а кај посериозните случаи, некрозата може да се прошири до коската, да почне да ја нагризува и може да настане и сепса на зглобовите.

Хроничните улкуси може да бидат болни. Повеќето од пациентите се жалат на постојана болка во текот на ноќта, но и преку ден. Симптомите на хроничниот улкус обично подразбираат болка која се зголемува, ронливо ткиво кое лесно крвари, непријатна миризба и рана која се влошува наместо да заздравува. Штом раната се инфицира, симптомите се поизразени.

Венските улкуси, кои најчесто се појавуваат на подколеницата, на листот на ногата или на глуждот, обично доведуваат до отечени нозе и чешање. Доколку овие улкуси се инфицираат, може да шират непријатна миризба, зголемена кревкост на кожата и црвенило. Пред улкусот целосно да се формира, не е исклучена можноста заразеното место да стане темно црвено или виолетово, а кожата исто така може да стане и тенка, сува и да чеша.

Иако улусите на прв поглед изгледаат незначајно, тие се загрижувачки, особено кај дијабетичарите бидејќи кај нив може да се развие дијабетска невропатија.

Улкусите, исто така, можат да се појават и на образите, мекото непце, јазикот и на внатрешната страна на долната усна. Овие улкуси можат да бидат болни и обично траат од од 7 до 14 дена.

Лечење

Понекогаш на улкусите им треба повеќе време за да заздрават. Лечењето обично подразбира да се внимава улкусот да не се инфицира, да се отстранува гнојот, раната и областа околу неа да биде влажна, да се контролира хидропсијата и да се олесни болката која ја предизвикува оштетувањето на ткивото и нервот.

Топичните антибиотици обично се користат за да се спречи инфицирање на улкусот, а раната преку хируршки дебридман се чисти од мртвото ткиво.

Како дел од лечењето, на пациентите обично им се препорачува, доколку е можно, да го сменат начинот на живот и да ја променат исхраната. При лекувањето на улкусите е важно да се подобри циркулацијата, а на пациентите им се дава совет да вежбаат, да ги остават цигарите и да ја намалат тежината.

Во последните години постигнат е напредок во забрзување на процесот на заздравување на хроничните рани и улкуси. Хроничните рани произведуваат помал број на хормони за раст отколку што е потребно за зараснување на ткивото, а заздравувањето може да се забрза со замена или поттикнување на хормоните истовремено контролирајќи го формирањето на други супстанци кои работат против нив. Улкусите на нозете можат да се спречат со користење на чорапи за компресија кои го спречуваат насобирањето и враќањето на крвта. Лицето кое имало улкус најверојатно пак ќе има. Користењето на чорапите за компресија секој ден најмалку 5 години откако улкусот ќе заздрави може да спречи да се појави нов.

Причинители

Раните од кои се создаваат улкусите можат да бидат настанати од голем број на различни фактори, но главната причина е слабата циркулација на крвта. Хроничните рани и улкуси се резултат на слаба циркулација која е резултат на кардиоваскуларни проблеми или на надворешен притисок од кревет или инвалидска количка. Раните чувствителни на притисок или т.н. декубитуси се причина за појавување на распространет и опасен вид на улкус. Често се појавуваат кај луѓе кои се врзани за кревет или кои подолг период користат инвалидска количка. Други причини за појавување на улкуси се бактериските или вирусните инфекции, габичните инфекции и ракот. Пореметувањето на крвта и хроничните рани исто така можат да доведат до формирање на улкуси.

Венските улкуси на нозете почесто се појавуваат кај постарите лица поради слабата циркулација или пореметување на протокот на крвта.