Крсте Петков Мисирков: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Tropcho (разговор | придонеси)
вракане на необјаснето уредување на Dalco26, види (разговор)
с Отстрането уредувањето на Tropcho (разговор), вратено на последната верзија на Dalco26
Ред 61: Ред 61:
=== Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции во Србија ===
=== Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции во Србија ===
[[Податотека:Novakovik pismo.jpg|150px|right|thumb|Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да пишуваат на македонски јазик.]]
[[Податотека:Novakovik pismo.jpg|150px|right|thumb|Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да пишуваат на македонски јазик.]]
Крсте Мисирков во [[Битола]] работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и [[Илинденското востание]], во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред се публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов ''[[За македонцките работи]]'', како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во [[Софија]]. Во тоа време доаѓа периодот кога [[Бугарија]] и [[Србија]] се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во [[Македонија]]{{се бара извор}}. Мисирков и се придружил на театарската група на [[Војдан Чернодрински]], која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „[[Македонска крвава свадба]]“ во неколку градови во Србија. Во [[Белград]] Мисирков одржал предавање за ''македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување''. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на ''Велика Школа''. Меѓутоа, забележана е реакција на [[Андра Гавриловиќ]], кој во списанието ''Бранково коло'', а под наслов ''Пред четвртата јужнословенска литература'', пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е ''проба на една нова култура'', ''почетоци на една нова јужнословенска литература''. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.<ref name="Георги" />
Крсте Мисирков во [[Битола]] работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и [[Илинденското востание]], во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред се публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов ''[[За македонцките работи]]'', како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во [[Софија]]. Во тоа време доаѓа периодот кога [[Бугарија]] и [[Србија]] се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во [[Македонија]]. Мисирков и се придружил на театарската група на [[Војдан Чернодрински]], која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „[[Македонска крвава свадба]]“ во неколку градови во Србија. Во [[Белград]] Мисирков одржал предавање за ''македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување''. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на ''Велика Школа''. Меѓутоа, забележана е реакција на [[Андра Гавриловиќ]], кој во списанието ''Бранково коло'', а под наслов ''Пред четвртата јужнословенска литература'', пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е ''проба на една нова култура'', ''почетоци на една нова јужнословенска литература''. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.<ref name="Георги" />


===Понатамошни активности и смртта ===
===Понатамошни активности и смртта ===

Преработка од 10:21, 10 август 2013

Крсте Петков Мисирков
Портрет на Крсте Петков Мисирков.
Роден/аКрсте Петков Мисирков
18 ноември 1874
Постол, Отоманска Империја (Егејска Македонија, денес Грција)
Починат/а26 јули 1926 (52 години)
Софија, Царство Бугарија (денес Бугарија)
Псевдоним„К.Пелски“ (според родното село)
Занимањемакедонист, филолог, славист, историчар, етнограф, публицист, преведувач и професор.
НационалностМакедонец
Образованиедипломиран филилог и историчар
Апсолвент наИсториско-филолошки факултет, Петроградски универзитет.
Жанрлингвистика, филологија, политика, историја, етнографија и аналитика
Предметмакедонска историја, филологија, етнографија, аналитика и политика
Книжевно движењеМакедонско научно-литературно друштво „Свети Климент“, македонска преродба
Значајни делаЗа македонцките работи“, списание „Вардар“, собрани народни творби и над 30 научни статии
Сопруг/аЕкатерина Михајловна - Мисиркова
ДецаСергеј Мисирков
РодниниКата Мисиркова – Руменова
Потпис

Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) бил македонски филолог[1], кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.[2]

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Живот и дејност

Родната куќа на Мисирков во Постол, Егејска Македонија.
Портер на Крсте Петков Мисирков, сликана во Одеса, Украина.

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија[1]

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, тој учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија речиси по ништо не се разликувало од Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија[1].

Крсте Петков Мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ке iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години[1].

Деновите во Русија

Портрет на Крсте Петков Мисирков од Одеса 1905.
Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет.

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во птероградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.[1]

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.[1]

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.[1]

Истата година било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада, па и до владите на другите европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.[1]

Соработката со Ростковски и деновите во Битола

Крсте Мисирков му станал соработник на научникот Петар Лавров. Но тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот.[1]

Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции во Србија

Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да пишуваат на македонски јазик.

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред се публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов За македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време доаѓа периодот кога Бугарија и Србија се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во Македонија. Мисирков и се придружил на театарската група на Војдан Чернодрински, која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „Македонска крвава свадба“ во неколку градови во Србија. Во Белград Мисирков одржал предавање за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на Велика Школа. Меѓутоа, забележана е реакција на Андра Гавриловиќ, кој во списанието Бранково коло, а под наслов Пред четвртата јужнословенска литература, пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е проба на една нова култура, почетоци на една нова јужнословенска литература. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.[1]

Понатамошни активности и смртта

Последна слика на Мисирков.
Споменикот на Крсте Мисирков на плоштадот Пела, во центарот на Скопје
Споменикот на Крсте Мисирков пред Саат кулата во Битола.
Гробот на Мисиркови во Софија, Бугарија.

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата својата нова книга, но сепак не одело сѐ така лесно. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена. Од изданието се зачувале само мал број на примероци. По таквиот настан организиран од бугарската пропагандистичка машинерија, следел организиран напад врз Мисирков[1]. Тој бил присилен да ја напушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“. Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и предал во печатница. Меѓутоа, нема доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото одушевување. Но првиот а воедно и единствен број на списанието содржи драгоцени материјали напишани на македонски јазик. Тие, речиси, во се го потврдуваат Мисирков околу книгата За македонцките работи и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација.[1]

Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во 1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво. Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишинев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име но и под псевдонимот К.Пелски.[1]

Молба на Мисирков со која бара од Белград да му се овозможи работа во Југославија.

Понатака, Мисирков го дочекал револуционарните настани од 1917 година. Бил отворен противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството романија, па поради тоа и го екстернирале од Кишинев во Одеса. Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи си имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатака му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да добие служба во соседната држава Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. Се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.[1]

Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и псмртните останки на Екатерина Михајловна - Мисиркова, Сергеј Мисирков и Борис Мисирков[3].

Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени бесвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов цел ден лежел во креветот: до него е само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, и ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десеттина души[4].

Мисиркови

 
 
 
н/п
 
 
 
н/п
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Екатерина Мисиркова
 
Крсте Мисирков
 
Лазар Мисирков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
н/п
 
 
Сергеј Мисирков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
н/п
 
 
Борис Мисирков
 
 

Борис Мисирков e познатиот уметник, фотограф и снимател од Бугарија, правнук на Крсте Мисирков.[5]

Творештво

„За македонцките работи“

Оглас за печатење на книгата „За македонцките работи“
„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

  1. Предгоор
  2. Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
  3. Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?
  4. Нациіоналниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.
  5. Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?
  6. Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Значењето на книгата „За Македонцките работи

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Списание „Вардар“

Мисирков во библиотеката во Одеса.

Списанието „Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања исцело на македонски јазик со редактор Крсте Мисирков што го печатил 1905 година во Одеса. Излегло во еден единствен број.

Започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“ . За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф.Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Статии

Други позначајни пишани творби на Мисирков се неколку статии меѓу кои[6]:

Исто така ги напишал и пробугарски дела:

  • Белешки за јужнословенската филологија и историја, објавено во Македонско-одрински преглед Софија 1907, кн. 34-401908
  • Колењето и интелигенцијата во Македонија, објавено во Одески листок, бр. 178, Одесса 2 август 1912
  • Нашиот народен епос и Македонија, објавено во Развитие, 1919, кн. 2-3, с. 80-81

Според статијата „Белешки за јужнословенската филологија и историја“, Мисирков се откажал од книгата „За македонцките работи“ велејќи дека нејзината содржина стои далеку од беспристрасната наука и дека со тоа што во неа истапил како импровизиран политичар по македонското прашање си задал удар на својата научна дејност и интереси. [7]

Дневникот

Во книгата Писма, во која е поместен Дневникот на Крсте Петков Мисирков, македонската историја добива нови сознанија различни од сите досегашни интерпретации на делото на македонскиот преродбеник. Тој се потпишува како македонски Бугарин и се бори за целовитоста на Бугарија. Ја застпаува тезата дека Македонскиот народ треба да биде заедно со Бугарскиот, наспроти Србија и Грција кои имале желба за делење на Македонија. Текстот изненадува со претставата на еден подруг, поинаков или поразличен Мисирков. Анализите, коментарите и предлозите на Мисирков во основа се однесуваат на последиците од Втората балканска војна и на значењето на Букурешкиот мировен договор. Мисирков изнесува редица ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како бугарски. Мисиркови позиции и ставови за македонските работи во „Дневникот“ се во спротивност со неговите претходни становишта и разбирања изнесени во книгата „За македонцките работи“. Тука К. Мисирков прави хиерархија на интересите на Македонија. Многу јасно смета дека е подобро Македонија да остане цела отколку да биде распокината и поделена меѓу балканските државички кога веќе не и е дозволено самата да претставува одделна политичка единица. Во таа смисла, тој и дава предност на Бугарија, сметајќи дека е природно да се приклучи кон Бугарија, а не кон Србија и Грција.[8] Сепак оваа ситуација со новопронајдениот „Дневник“ во македонската научна јавност и воопшто кај Македонскиот народ нема дилеми околу идентитетот на Мисирков. Имено, потписот со кој Мисирков се потпишал („македонски бугарин“) означувал македонец со бугарско државјанство, бидејќи Мисирков до смртта живеел во Бугарија и со тоа тој докажувал дека е државјанин на некоја држава но Македонец во етничка смисла[9].

Бугарски погледи

Во Бугарија Мисирков го сметаат за бугарски филолог, покрај фактот што тој бил македонист и јавно се залагал за македонската нација и култура.[1] Според одредени извори, се Мисирков се изјавувал и како македонски Бугарин.[10][11] Од 1913 до 1918 година живеел во Кишинев, Бесарабија и таму бил бугарски претставник во локалното собрание.[12][13] Во својот „Дневник“ од 1913 година по распарчувањето на Македонија Мисирков изнел ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како бугарски. Во овој период од животот јавно се залагал за националните права на бугарското население во Македонија, кои според него биле „погазени од Србите и од Грците“ и „крвта пролеана од Бугарите за Македонија ги чинели неоспорливи правата на бугарскиот народ на Македонија“.[14] Тој самиот се нарекувал македонски Бугарин.[15]

Галерија

Наводи

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 Георги Сталев- Литература на македонскиот јазик
  2. К.П.Мисирков, „За Македонцките работи“, јубилејно издание, Табернакул, Скопје, 2003. стр.5
  3. Разговор со Борис Мисирков
  4. Разговор со Борис Мисирков
  5. "Борис Мисирков, правнук на Крсте Мисирков: Не е важно каде почива Мисирков, важно е неговото дело", весник "Време", број 967, 27 jануари 2007.
  6. Книги и статии од Мисирков
  7. К. Мисирков. „БЕЛЕЖКИ ПО ЮЖНОСЛАВЯНСКАТА ФИЛОЛОГИЯ И ИСТОРИЯ /КЪМ ВЪПРОСА ЗА ПОГРАНИЧНАТА ЛИНИЯ МЕЖДУ БЪЛГАРСКИЯ И СРЬБСКО-ХЪРВАТСКИЯ ЕЗИЦИ И НАРОДИ/“ Българска сбирка, XVII, януари 1910, кн. 1, с. 39-42; февруари 1910, кн. 2, с. 100; маи 1910, кн. 5, с. 328; г. XVIII, март 1911, кн. 3, с. 197; април 1911. кн. 4, с. 265-267.
  8. Враќањето на Мисирков, но не оној што го знаеме. Виктор Цветаноски. Утрински весник, Брoj 2738 среда, 16 јули 2008.
  9. Експерти: Нема дилеми за идентитет на Мисирков - Снежана Веновска Антевска
  10. Непознатиот Мисирков меѓу Македонците
  11. СДСМ бара оставка од директорот на Архивот, Зоран Тодоровски
  12. Симов, Йордан. Националната принадлежност на Кръсте Мисирков през погледа на публичните учреждения в Бесарабия през 1916 г.
  13. Трайков, Веселин. Кръсте Мисирков и за българските работи в Македония, София, 2000, 56-60
  14. „К.П.Мисирков - Дневник 5.VII - 30.VIII 1913, стр. 65
  15. Виктор Цветаноски - Враќањето на Мисирков, но не оној што го знаеме (Утрински весник)

Дополнителни информации

  • Блаже Конески, „Вардар - научно-литературно и опшествено-политичко списание на К.П. Мисирков“, „Институт за македонски јазик Крсте Мисирков“, Скопје, 1966.
  • „Крсте Петков Мисирков. Научен собир посветен на 40-годишнината од смртта Скопје 24-25 јуни 1966“, Инситит за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1966.
  • „Крсте Петков Мисирков и национално-културниот развој на македонскиот народ до ослободувањето“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 1976.

Поврзано

Надворешни врски


Предлошка:Македонска Литература

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Крсте Петков Мисирков“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).