Википедија:Пет столба: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: szl:Wikipedyjo:Pjyńć filarůw [r5544]
Ред 69: Ред 69:
[[sr:Википедија:Пет стубова]]
[[sr:Википедија:Пет стубова]]
[[sv:Wikipedia:Grundprinciperna]]
[[sv:Wikipedia:Grundprinciperna]]
[[szl:Wikipedyjo:Pjyńć filarůw]]
[[te:వికీపీడియా:ఐదు మూలస్తంభాలు]]
[[te:వికీపీడియా:ఐదు మూలస్తంభాలు]]
[[th:วิกิพีเดีย:ห้าเสาหลัก]]
[[th:วิกิพีเดีย:ห้าเสาหลัก]]

Преработка од 10:21, 10 јуни 2008

Кратенки:
ВП:ПЕТ
ВП:5
ВП:5С
ВП:СТОЛБОВИ

Сите Википедиини официјални правила и насоки се базираат на основните пет столбови кои го одредуваат карактерот на Википедија:

  1. Википедија е енциклопедија која во себе вклучува елементи на општите енциклопедии, специјализираните енциклопедии и алманаси. Википедија не е обична збирка на податоци. Таа не е колекција на изворни документи, ниту тривијалности, ниту речник, хајд парк, весник, , ниту експеримент за анархија или демократија, ниту пак -{web}- директориум. Википедија исто така не е место за пласирање на лични мислења, искуства или аргументи – сите уредувачи мора да ја почитуваат политиката без оригинално истражување и да тежнеат кон точност.
  2. Википедија има неутрална гледна точка, што значи дека таа тежи кон создавање на статии кои не застапуваат поединечна гледна точка. Ова понекогаш бара претставување на повеќе гледни точки; точно претставување на секоја гледна точка; давање можност за претставување на секоја гледна точка, за да читателите имаат можност да разберат чија гледна точка се претставува; и непретставување на било која гледна точка како „вистина“ или „точна гледна точка“. Тоа подразбира наведување на проверливи, меродавни извори секогаш кога тоа е можно, посебно во контроверзните статии. Кога ќе дојде до спор околу тоа која верзија е најнеутрална, прогласете примирје и маркирајте ја статијата дека нејзината неутралност е оспорена; деталите околу расправата водете ги на соодветната страница за разговор и постапете според постапката за решавање на спорови.
  3. Википедија е слободна содржина која секој може да ја уредува. Сиот текст е достапен под т.н. ГНУ Лиценца за слободна документација -{(GFDL)}- и може да се дистрибуира или поврзува во согласност со оваа лиценца. Имајте во предвид дека статиите може секој да ги менува и дека никој не контролира ниту една статија; според тоа, се што првобитно ќе уредите може да биде немилосрдно уредувано и дистрибуирано по воља на заедницата. Не ги кршете авторските права или делата кои се лиценцирани на начин кој не е во согласност со -{GFDL}- лиценцата.
  4. Википедија има правила на однесување: Почитувајте ги другите Википедијанци дури и кога не се сложувате со нив. Бидете љубезни. Избегнувајте лични напади и претерани генерализирања. Останете прибрани кога ќе дојде до вжештување на на атмосферата при уредувањето; избегнувајте глупави уредувачки војни; имајте во предвид дека Википедија на македонски јазик има 143.217 статии на кои може да работите или да расправате за нив. Постапувајте според начелото на добра воља така да никогаш нема да ја нарушите Википедија за да докажете нешто и претпоставете ја добрата воља кај останатите уредувачи. Бидете отворени, не бидете исклучиви и на сите посакајте им добредојде.
  5. Википедија нема цврсти правила освен овие пет општи принципи. Бидете храбри при уредувањето, преместувањето и менувањето на статите, затоа што задоволството во уредувањето се состои токму во тоа, иако треба да се тежнее кон совршенство, совршенството не е неопходно. И не се грижете дека нешто ќе уништите. Сите претходни верзии на статиите се чуваат, така да не постои начин ненамерно да и наштетите на Википедија или неповратно да ја уништите нејзината содржина. Но имајте на ум дека што и да напишете овде, можеби ќе биде сочувано за секогаш.

Види исто така