Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{во изработка}} {{Infobox musical artist |name = Андријана Јаневска |image = |caption = |imag...
 
Ред 80: Ред 80:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
*[http://andrijanajanevska.com.mk/ Официјално мрежно место]
*[http://andrijanajanevska.com.mk/ Официјално мрежно место]
*[http://www.mmm.com.mk/IzveduvaciText.asp?id=58 MMM.com.mk: Биографија на Андријана Јаневска - на македонски]


{{музичар-никулец}}
{{музичар-никулец}}

Преработка од 15:36, 5 август 2013

Андријана Јаневска
Родено имеАндријана Јаневска
Роден(а)6 декември 1981(1981-12-06)(42 г.)
Скопје, Република Македонија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, етно, класика
Занимањапејачка, текстописка, композиторка
Период на активност1998–се до денес
Мреж. местоhttp://www.andrijana.com.mk

Андријана Јаневска (роден на 6 декември 1981 година) е позната македонска пејачка и музичарка.

Биографија

Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи[1]. Редовно е вработена во Македонската Опера и Балет, како прва виолина. Свири и пијано, а првата композиција ја има напишано на 11 години[1]. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004-та година и магистрира во 2011-та година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“[1]. Дебитира на Скопје фест, 1998-ма. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000-та година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија“. За време на летото, 2000-та година, настапува низ повеќе градови во Австралија[1]. Во март, 2001-ва година на Скопскиот фестивал освојува гранд при награда со песната Носталгија[1]. Во јули, 2001-ва го промовира првиот солистички албум „Моја Библија“ кој содржи 12 песни[1]. Во 2002-ра година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери“ го освојува второто место[1]. Во јуни, 2006-та година, го лансира реге хитот „Ден“, а во Август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце“[1]. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден“[1]. Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружи со песната „Зрно“, дело на Драган Гиновски - Гино[1]. Во март 2008-ма излезе најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски - Мите[1]. Веќе следната 2009-та година излезе и продолженитето на цедето со традиционални македонски песни, овојпат насловено како „Приказна за едно моме“, повторно продуцирано од Мите Димовски[1]. Следната година во соработка со МЕД Македонија, го издава Христијанското цеде со детски Божикни песни „Ѕвездичка мала“[1]. Во 2011-та година, во соработка со Тања Веда го издава детското цеде „Кога си среќен“ кое содржи 15 песни од англиско говорно подрачје, препеани на македонски јазик[1]. Во 2011-та станува мајка на малиот Димитар, а веќе следната година повторно се враќа на естрадата со настап на Скопскиот фестивал, кадешто ја исполнува композицијата „Можеби“ на која се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот[1]. Две години беше редовен професор по виолина во музичкото училиште во Куманово, една година предаваше на Факултетот за Аудио-Визуелни Уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, од 2005-та година до денес предава солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“, а од 1999-та година активно членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“[1]. Најголемо хоби и е шахот и една година беше портпарол на Шаховската Федерација на Македонија, како член на шаховскиот клуб „Гамбит“[1].

Албуми

  • Моја библија- 2001
  • Ден - 2006
  • Македонски рози (етно) - 2008
  • Приказна за едно моме (етно) - 2009
  • Ѕвездичка мала (христијански песни) - 2010
  • Кога си среќен (детски песни) - 2011

Синглови

  • Те сакам бескрајно (дует со Пеце Огненов) - 1998
  • Доволно силна - 1998
  • Еден ден - 1999
  • Се што барам ноќва - 1999
  • Не можам да заљубам по тебе - 1999
  • Да сум јузен ветар - 1999
  • Твоето писмо, моја библија - 2000
  • Љубовен ритам - 2000
  • Љубов ти е адреса (дует со Марјан Стојановски) - 2000
  • За тебе - 2000
  • Носталгија - 2001
  • Од овде до вечноста (дует со Благој Нацоски) - 2001
  • Ден по ден (дует со Врчак) - 2001
  • Своја на своето - 2001
  • О Черие, Мон Черие - 2002
  • Остани - 2004
  • За Крај - 2005
  • Дојди Бакни Ме - 2005
  • Ѕвезда Водилка - 2005
  • Ден - 2006
  • Сонце - 2006
  • Епизода - 2007
  • Тивка ноќ (дует со Тања Станковиќ Димовска) - 2007
  • Тивка Ноќ (дует со Ева) - 2007
  • Зрно - 2008
  • Заминувам - 2008
  • Во погрешно време - 2008
  • Дрво без корен - 2009
  • 20 лета Македонијо - 2011
  • Можеби - 2012

Наводи

Надворешни врски