ISSN: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 51 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q131276 (translate me)
с Бот: Поправа пренасочувања
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Issn barcode.png|мини|десно|ISSN кодиран како линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.]]
[[Податотека:Issn barcode.png|мини|десно|ISSN кодиран како линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.]]


'''ISSN''' (од [[англ.]] ''International Standard Serial Number'' = '''Меѓународен стандарден сериски број''') е единствен осумцифрен број кој служи за идентификација на печатени или електронски [[периодично списание|периодични списанија]].<ref name=Whatis>„[http://www.issn.org/2-22635-What-is-an-ISSN.php Што е тоа ISSN?]“ - Меѓународен ISSN центар {{en}}</ref> Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: '''печатен ISSN''' ('''p-ISSN''') и '''електронски ISSN''' ('''e-ISSN''' или '''eISSN'''). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен [[ISO-стандард]] во [[1971]] и објавен во [[1975]] како '''ISO 3297'''.<ref>„[http://www.issn.org/2-22643-ISSN-and-ISO-standards.php ISSN и стандардите на ISO]“ - Меѓународен ISSN центар (2008) {{en}}</ref> Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.
'''ISSN''' (од [[англиски јазик|англ.]] ''International Standard Serial Number'' = '''Меѓународен стандарден сериски број''') е единствен осумцифрен број кој служи за идентификација на печатени или електронски [[периодично списание|периодични списанија]].<ref name=Whatis>„[http://www.issn.org/2-22635-What-is-an-ISSN.php Што е тоа ISSN?]“ - Меѓународен ISSN центар {{en}}</ref> Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: '''печатен ISSN''' ('''p-ISSN''') и '''електронски ISSN''' ('''e-ISSN''' или '''eISSN'''). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен [[Меѓународна организација за стандардизација|ISO-стандард]] во [[1971]] и објавен во [[1975]] како '''ISO 3297'''.<ref>„[http://www.issn.org/2-22643-ISSN-and-ISO-standards.php ISSN и стандардите на ISO]“ - Меѓународен ISSN центар (2008) {{en}}</ref> Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.


==Формат на кодот==
==Формат на кодот==
Ред 35: Ред 35:


== ISSN Македонија ==
== ISSN Македонија ==
ISSN Центарот на Р. Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на [[НУБСК|Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“]] во Скопје.<ref>[http://www.issn.org/2-22666-National-Centres.php?id=48 ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р. Македонија] {{en}}</ref>
ISSN Центарот на Р. Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на [[Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“|Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“]] во Скопје.<ref>[http://www.issn.org/2-22666-National-Centres.php?id=48 ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р. Македонија] {{en}}</ref>


== Поврзано ==
== Поврзано ==
* [[ISBN]] (меѓународен стандарден книжен број)
* [[ISBN]] (меѓународен стандарден книжен број)
* [[DOI]] (идентификатор на дигитални објекти)
* [[Идентификатор на дигитални објекти|DOI]] (идентификатор на дигитални објекти)


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 12:58, 12 јуни 2013

ISSN кодиран како линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.

ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) е единствен осумцифрен број кој служи за идентификација на печатени или електронски периодични списанија.[1] Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.[2] Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.

Формат на кодот

Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја.[1] Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.

Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:

Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
.
Потоа се пресметува со модулот на 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот.
.
Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
контролната бројка е 5.
Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.

За да ја потврдите контролната цифра, го пресметуваме збирот на сите осум цифри на ISSN-бројот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од десно (ако контролната цифра е X, тогаш на збирот му додаваме 10). Модулот за 11 на збирот мора да изнесува 0.

Доделување на кодови

ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.[3]

Споредба со други идентификатори

Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN-кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN-кодот, ISSN е анонимен идентификатор поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.

Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).

Приена во URN

ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со префиксот „urn:issn:“.[4] На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.

ISSN Македонија

ISSN Центарот на Р. Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5]

Поврзано

  • ISBN (меѓународен стандарден книжен број)
  • DOI (идентификатор на дигитални објекти)

Наводи

  1. 1,0 1,1 Што е тоа ISSN?“ - Меѓународен ISSN центар (англиски)
  2. ISSN и стандардите на ISO“ - Меѓународен ISSN центар (2008) (англиски)
  3. Предлошка:Цмс (англиски)
  4. Употреба на ISSN како URN во рамките на именскиот простор ISSN-URNRFC 3044 (англиски)
  5. ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р. Македонија (англиски)

Надворешни врски

Странски

Македонски