Метропола: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Mетропола''' претставува многу голем град или урбано подрачје кој е значаен економ...
(нема разлика)

Преработка од 19:11, 25 мај 2013

Mетропола претставува многу голем град или урбано подрачје кој е значаен економски, политички и културен центар за земјата или регионот, како и важен центар за регионални или меѓународни врски, трговија, како и комуникации. Терминот е грчки и значел "град мајка" на една колонија (во античка смисла), односно, град кој испратил доселеници. Ова подоцна било изгенерализирано во град кој се смета за центар на одредена активност, или било кој голем, важен град во една земја. Урбаните области кои имаат помалку од еден милион жители, во современиот контекст, ретко се сметаат за метрополи. Големите градови кои припаѓаат на поголемите урбани агломерации, но не се јадрото на таа агломерација, не се сметаат за метропола, туку како дел од неа . Множина од зборот е најчесто метрополи. За урбани центри, кои привлекуваат слично внимание во помала мера за нивниот регион, а се надвор од градските подрачја, беше воведен терминот Regiopolis, од страна на германски професори во 2006 година.

Древност

Во минатото, метропола било ознака за град или држава кои потекнуваат од колонија. Многу големи градови основани од страна на древните цивилизации се сметаат за важни светски метрополи на нивното време поради големата населеност и важност. Некои од овие антички метрополи преживеале до ден денес и се меѓу најстарите постојано населени градови.

Етимологија и урбана употреба

Ова е грчки збор, кој доаѓа од μήτηρ, метар што значи "мајка" и πόλις, полис што значи "град", начин на кој грчките антички колонии на ги именувале нивните автентични градови, со кои ги задржале култните и политичко-културни врски. Зборот се користел во пост-класичниот латински јазик, за главниот град на покраината, седиштето на владата, и особено, во црковна смисла за седиштето или архиепископското место на митрополитскиот епископ на кој помошниците-епископи му биле подредени. Оваа употреба ја изедначува покраината со епархијата или епископското место. Во урбаната употреба овој збор се однесува на градско подрачје, збир на соседните и меѓусебно поврзани градови групирани околу еден голем урбан центар. Во оваа смисла metropolitan обично значи "кој се протега на целата метропола" ; или "соодветен на метропола".

Светски градови

Поимот светски град претставува град кој со своите социо-економски средства има директен и видлив ефект врз светските зделки. Со подемот на глобализацијата (т.е. глобалните финансии, комуникации, и патување), овој термин стана попознат. Постои и обид, од страна Globalization and World Cities Study Group & Network, да се дефинираат и категоризираат светските градови,според финанскиски критериуми. Според истражувањето, градовите се рангирани врз основа на нивните покритија на "истакнатите производителски положби", како што се сметководство, рекламирање, финансии и закон. Поставени се три типа на светски градови и неколку под-рангирани. Метропола не секогаш значи и светски град, бидејќи може и да не биде меѓу топ-рангираните поради неговите стандарди на живеење, развој, и инфраструктура.

Австралија

Владата на Австралија ја смета за метрополска секоја област со население од над 100.000 жители и според оваа дефиниција, постојат најмалку 18 метрополски области во Австралија. Според населението најголема од овие области е Сиднеј, Нов Јужен Велс (со популација од 4.627.345, водејќи се по Пописот во 2006 г.), а најмала е Лонсестон, Тасманија (со популација од 105.445, според Пописот во 2006 г.)

Бангладеш

Во Народна Република на Бангладеш постојат седум метрополски области, Дака, Читагонг, Рајшахи, Кулна, Силхет, Барисал и Рангпур. Земјиштата се високо преценети и се смета дека жителите имаат подобар урбан начин на живот. Постојат специјални полициски одделенија во овие градови, каде има и градски совети за кои се бираат претседатели со пет годишни амандмани. Повеќето од овие градови имаат густина на население од 35.000 квадратни километри, или повеќе. Дака се смета за мега град, бидејќи неговото население надминува 10 милиони.

Бразил

Сао Паоло е главна метропола во Бразил, со над 15 милиони жители. Во поголемите градови, како Сао Паоло и Рио де Жанеиро (6,3 милиони жители), сиромашните квартови се во се поголем број, како резултат на миграцијата на жителите од руралните средини (како на пример од Североисточниот регион на Бразил), со цел да најдат работа. Термин за градското подрачје, кој се користи во бразилско португалскиот јазик е Região Metropolitana. Другите метрополи во Бразил кои се одликуваат со повеќе од еден милион жители се: Форталеза, Куритиба (над 3.000.000), Бело Хоризонте, Манаус, Гојанија (1,3 милиони евра), Жоао Песоа, Флорианополис, Кампинас, итн.

Канада

Статистичката служба на Канада ја дефинира метрополитската област како една или повеќе соседни општини кои се наоѓаат околу поголеми урбани средишта, кои имаат најмалку 100.000 жители. Најголемите метрополи во Канада се Торонто, Монтреал, Ванкувер, и Отава.

Германија

Метрополите во Германија се градови од голема важност. Важноста на градот е одмерена според три групи на индикатори, наречени и метрополски функции, кои се претставуваат клучни домени во зачувување и развивање на метрополските перформанси. Кога станува збор за просторно планирање, метрополите најчесто се проучуваат во рамките на регионалниот контекст, па затоа акцентот е ставен на метрополските области. Овие региони може да биде моно централни и мулти централни. Единаесет урбани региони се дефинирани како метрополи: Берлин-Бранденбург, Бремен-Олденбург, Франкфурт-Рајн-Мејн, Хамбург, Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург,Дрезден, Хале, Лајпциг, Минхен, Нирнберг, Рајн-Рур, Штутгарт и Рајн-Некар.

Индија

Признати метрополи во Индија се: Мумбаи, Пуна, Лудианa, Њу Делхи, Калкута, Мадрас, Коимбаторе, Бангалор, Канпур, Хајдерабад, Ахмедабад, Нашик, Сура, Џајпур и Нагпур, Лакнау. Жителите на овие градови имаат исто така право на поголема станарина. Повеќе од четири милиони жители, е квалификацијата за метропола, според Комисијата за пописи.

Израел

Во Израел постојат четири, главни метрополски области: Тел Авив, Ерусалим, Хаифа и Бир Шева. Централниот завод за статистика во Израел ги дефинираше границите на метрополите Тел Авив, Хаифа и Бир Шева, и ги подели концентричните прстени на градското подрачје.

Италија

Со уставните реформи од 2001 г., Италијанската република започна со основање на Aree Metropolitane, која ќе биде воведена најмногу заради поголемите градови како Рим, Милано, Торино и Неапол, но од 2009 г., се уште не се знае дали овие метрополски области ќе ги заменат перифериите или ќе бидат припоени со постари потподелби.

Турција

Метрополите во Турција се нарекуваат "büyükşehir belediyesi" и засега постојат 17.

Јапонија

Ознаката за метропола во Јапонија е 都. Таму постои само една, која е структурирана како перфектура, Токио. Од 2008 г., Јапонија има уште 11 други градови кои бројат население поголемо од еден милион.

Мексико

Во Мексико, терминот метропола се се однесува на урбана средина од економско, политичко и културно значење. Мексико Сити ги застапува сите три фактори, со тоа што е главен град, како и финансиски центар.

Пакистан

Во Пакистан, главните метрополи се Карачи и Лахор. Останатите се, Исламабад, кој е главен град и Фаисабалад, кој е индустриски центар.

Филипини

Метро Манила, е метрополитенска област во која спаѓаат градот Манила и неговите околни области. Таа е составена од 17 градови: Манила, Калукан, Лас Пињас, Макати, Малабон, Мандалајонг, Марикина, Мунтинлупа, Навотас, Пасај, Пасаг, Паранак, Кезон Сити, Сан Хуан, Тагиг, Валенцуела, и Општината Патерос. Оваа област е политички, економски, социјален, културен, и образовен центар на Филипините. Како што е прогласено со Претседателската уредба број 940, Метро Манила како целина е седиште на владата на Филипините, но градот Манила е главен град. Најголемиот град во метрополата е Кезон Сити, додека најголема бизнис-област е Макати.

Полска

Унијата на полски метрополи, основана во 1990 г., е организација составена од најголемите градови во земјата. Дванаесет градови се моментално членови на оваа организација, од кои 11 имаат повеќе од четврт милион жители. Најголема метрополитенска област во Полска, рангирана исклучиво според бројот на жители, е Шлезија, со 2.000.000 жители (5.000.000 жители во шлезиското градско подрачје), проследено со Варшава, со 1.700.000 жители во градот и 2,7 милиони во варшавската метрополитенска област. Неколку годишните обиди да се соединат поголемите метрополи во една официјална урбана единица, е по иницијатива на Шлезија.

Јужна Африка

Во Јужна Африка, метрополска општина или "општина од категорија А" е општина, која ги извршува сите функции на локалната власт. За разлика од ова, во руралните општини локалната власт е поделена во покраински општини и локални општини. Постојат осум митрополски општини во Јужна Африка.

Обединетото Кралство

Во Обединетото Кралство, кога станува збор за метропола, се мисли на Лондон. Терминот е земен од лондонската полиција, метрополската полициска служба ( МЕТ). Одговорниот офицер на метрополската полициска служба е официјално познат како комесар на Полицијата на Метрополата. Од 1974 г. датираат шест метрополски области (надвор од Лондон), сите поделени во метрополски окрузи. И останатите урбани области во Обединетото Кралство исто така понекогаш се сметаат за метрополи, особено Западен Мидлендс (центриран околу градот Бирмингем), Западен Јоркшир (центриран околу градот Лидс), Голем Манчестер и Голем Глазгов кои ги претставуваат поголемите густо населени области надвор од Лондон.

Соединетите Американски Држави

Во Соединетите Американски Држави, обединетите области или група на области кои имаат население повеќе од 50.000, потребно е да имаат метрополска планска организација, со цел да се олеснат големите инфраструктурни проекти и да се обезбеди финансиска солвентност. Со ова, население од 50.000 или повеќе се користи како де факто стандард за да се дефинира една метропола во САД. Слична дефиниција се користи и од страна на Бирото за попис во САД, кое ја дефинира метрополската статистичка област како "најмалку еден урбанизирана површина од 50.000 или повеќе жители." Петте најголеми метрополи во САД се Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Далас и Хјустон, со тоа што градот Њујорк е најголем. Њујорк се смета за глобална сила, "светски град", чие влијание се чувствува низ глобалните економски, културни и политички системи.

Метрополата како копнена област

Во Франција, Португалија и Шпанија, метропола (métropole (фр.) / metrópole (порт.) / metrópoli (шп.)) го означува копнениот дел на земјата, во близина или на европскиот континент, во случајот на Франција, тоа би значело Франција без своите прекуокеански области. За Португалија и Шпанија, во периодот на шпанската империја и португалската империја, терминот се употребувал за да се означат Португалија или Шпанија, без своите колонии (Ултрамар). Во Франција Metropole исто така се користи и за големите агломерации.