These Are the Days of Our Lives: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Оља (разговор | придонеси)
Ред 26: Ред 26:


== Видео запис ==
== Видео запис ==
Поради крајната фаза од битката со [[сида]]та, пропратното видео било последно во кое се појавил [[Фреди Меркјури]]. Повеќето од снимките искористени во видеото се снимени од Руди Долезал и Ханс Росакер од продукцијата ДоРо на 30 мај 1991 година. За снимање на промотивното видео, Меркјури, Тејлор и [[Џон Дикон]] биле присутни, додека додатни снимки од гитаристот [[Брајан Меј]] биле направени неколку недели подоцна и додадени на оригиналната снимка, бидејќи Меј бил на радио промотивна турнеја во времето кога се снимало основното видео.
Поради крајната фаза од битката со [[СИДА]]-та, пропратното видео било последно во кое се појавил [[Фреди Меркјури]]. Повеќето од снимките искористени во видеото се снимени од Руди Долезал и Ханс Росакер од продукцијата ДоРо на 30 мај 1991 година. За снимање на промотивното видео, Меркјури, Тејлор и [[Џон Дикон]] биле присутни, додека додатни снимки од гитаристот [[Брајан Меј]] биле направени неколку недели подоцна и додадени на оригиналната снимка, бидејќи Меј бил на радио промотивна турнеја во времето кога се снимало основното видео.


Спотот бил снимен во црно-бела техника со цел да се сокрие во целост кревката состојба на Меркјури од сидата, по гласините за неговата здравствена состојба која била во центарот на многу медиуми и јавни шпекулации повеќе од една година, почнувајќи од неговото појавување во видеото за песната „[[I'm Going Slightly Mad]]“ претходно во 1991 година.
Спотот бил снимен во црно-бела техника со цел да се сокрие во целост кревката состојба на Меркјури од сидата, по гласините за неговата здравствена состојба која била во центарот на многу медиуми и јавни шпекулации повеќе од една година, почнувајќи од неговото појавување во видеото за песната „[[I'm Going Slightly Mad]]“ претходно во 1991 година.

Преработка од 19:57, 24 мај 2013

"These Are the Days of Our Lives"
Сингл на Queen
од албумот 'Innuendo'
B-странаBohemian Rhapsody
Пуштен5 септември 1991 (САД)
9 декември 1991 (Велика Британија)
Формат7" Сингл, ЦД
Снимен1990
ЖанрРок
Должина4:13
КомпанијаПарлофон (за Европа),
Холивуд Рекордс (за САД)
Текстописец/иКвин (Роџер Телјор)
ПродуцентКвин и Дејвид Ричардс
Уверение за тиражПлатинест (Велика Британија)
Queen singles chronology
The Show Must Go On
(1991)
These Are the Days of Our Lives
(1991)
Heaven for Everyone
(1995)

These are the Days of Our Lives“ е песна на англискиот рок состав Квин. Во најголем дел е напишана од нивниот тапанар Роџер Тејлор и е осма песна на албумот Innuendo од 1991 година. Клавијатурите биле програмирани во студио од сите членови на бендот, а кога перкусиите (синтетизирани конги) биле наснимани од нивниот продуцент Дејвид Ричардс (иако на спотот биле одглумени од Роџер Тејлор).

Песната била издадена како сингл во Соединетите Американски Држави, на 45-тиот роденден на Фреди Меркјури, 5 септември 1991 година, и како дупла-А страна сингл во Велика Британија три месеци покасно, на 9-ти декември, во пресрет на смрта на Меркјури заедно со знаменитата песна на Queen „Bohemian Rhapsody“. Синглот дебитирал на 1. место на Британската сингл листа, и останал на врвот цели пет недели. Песната била наградена со награда Брит за „најдобар сингл“ во 1992 година.

„These Are the Days of Our Lives“ потсетува на песната на Квин „Love of My Life“ од 1975 година, двапати повторувајќи ги зборовите „Сѐ уште те сакам“. На крајот на песната Меркјури едноставно ги изговара тие зборови, исто како што често правел на верзиите во живо на песната „Love of My Life“.

Видео запис

Поради крајната фаза од битката со СИДА-та, пропратното видео било последно во кое се појавил Фреди Меркјури. Повеќето од снимките искористени во видеото се снимени од Руди Долезал и Ханс Росакер од продукцијата ДоРо на 30 мај 1991 година. За снимање на промотивното видео, Меркјури, Тејлор и Џон Дикон биле присутни, додека додатни снимки од гитаристот Брајан Меј биле направени неколку недели подоцна и додадени на оригиналната снимка, бидејќи Меј бил на радио промотивна турнеја во времето кога се снимало основното видео.

Спотот бил снимен во црно-бела техника со цел да се сокрие во целост кревката состојба на Меркјури од сидата, по гласините за неговата здравствена состојба која била во центарот на многу медиуми и јавни шпекулации повеќе од една година, почнувајќи од неговото појавување во видеото за песната „I'm Going Slightly Mad“ претходно во 1991 година.

Снимката во боја која бендот ја снимил а се појавила подоцна, покажува колку навистина кревко изгледал Меркјури и ја оправдува одлуката на бендот да снимаат во црно-бела техника од почит кон него. Во овој музички спот, Меркјури носи елек со слики од мачки кој му го направил близок пријател, во кој тој бил вљубен. Со неговиот, поглед за збогум, гледајќи право во камерата, Меркјури на крајот на песната шепоти „Сѐ уште те сакам“, кои се и негови последни зборови пред камера.

Верзијата на конечниот запис која била пласирана на американскиот пазар вклучувала и некои анимирани снимки продуцирани од аниматорите за студиото на Волт Дизни, која како северно-американска издавачка куќа на Квин, Холивуд Рекордс, е подружница на компанијата Волт Дизни. Во Европа била издадена чиста верзија на видеото без анимираните делови. Потоа била издадена уште една верзија во 1992 година за да би се испромовирал компилацискиот албум Classic Queen во САД, комбинирајќи ги старите снимки на бендот од 1973 до 1991 година, плус и изведбите на бендот од американското видео.

Почесни изведби

Песната била изведена во живо во април 1992 година на концертот во чест на Фреди Меркјури, и испеана од Џорџ Мајкл и Лиса Стенсфилд. Оваа верзија, изведена во живо, подоцна во 1993 година, била вклучена во Five Live (EP) изданието каде изведувачи се Џорџ Мајкл, Квин и Лиса Стенсфилд, но претежно вклучувало песни во живо изведени од Џорџ Мајкл и неговите драги пријатели, а EP изданието завршувало со кратка песна испеана од Фреди Меркјури земена од албумот од 1974 година Sheer Heart Attack.

Песната била отсвирена на турнејата на Квин + Пол Роџерс во 2005/06 година со Роџер Тејлор како пејач. На бина песната била придружувана со видео на бендот од неговите почетнички денови во Јапонија, вклучувајќи многу слики фокусирајќи се на поранешните членови Меркјури и Дикон.

Песната на 1 јули 2007 година била употребена за концертот на Дајана. Концерт кој бил одржан на новиот стадион на Вембли во Лондон (Велика Британија), во чест на Дајана, принцезата од Велс, која почининала 10 години претходно. На крајот на настапите, била прикажана видео монтажа од Дајана како дете, додека оваа песна свирела во позадина.

Преработената верзија на Петула Кларк е вметната на нејзиниот компилациски албум Then & Now.

Надворешни врски