Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Vekip8 (разговор | придонеси)
Ред 19: Ред 19:
ОК најдов... Infobox wine grape variety--[[Корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="#00008B" size="3px">Р</font>''']] [[Разговор со корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="blue" size="3px">ашо</font>''']][[Image:Aero-stub img.svg]] 14:08, 23 мај 2013 (CEST)
ОК најдов... Infobox wine grape variety--[[Корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="#00008B" size="3px">Р</font>''']] [[Разговор со корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="blue" size="3px">ашо</font>''']][[Image:Aero-stub img.svg]] 14:08, 23 мај 2013 (CEST)
: таа е. :) [[User:Vekip8|Vekip8]] <small>([[User talk:Vekip8|разговор]])</small> 14:11, 23 мај 2013 (CEST)
: таа е. :) [[User:Vekip8|Vekip8]] <small>([[User talk:Vekip8|разговор]])</small> 14:11, 23 мај 2013 (CEST)
::Готов е (делумно). Прави статија, но параметрите остави ги како што се на англиски. И боите нека седат во оригинал. Треба да се тестира. Ќе видам попосле. Слободно сега пишувај...Позз и добредојде назад--[[Корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="#00008B" size="3px">Р</font>''']] [[Разговор со корисник:Raso mk|'''<font face="Segoe Script" color="blue" size="3px">ашо</font>''']][[Image:Aero-stub img.svg]] 14:12, 23 мај 2013 (CEST)


== >500 активни корисници ==
== >500 активни корисници ==

Преработка од 13:12, 23 мај 2013

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
↓ Кон содржината ↓       ↓ Кон разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање
Византиската чешма во с. Винце, Кумановско
Селска чешма

За да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на разговорната страница на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Гласање за воведување новини

Ако имате предлози за изменување или воведување начела и напатствија, воведување новини или постапување во врска со одделни прашања, на оваа страница може да започнете гласање за испитување на мислењето на заедницата. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Во случај да се работи за предлог за избор на едно од повеќе предложени решенија, тогаш секој може да гласа за само еден предлог и притоа е неопходно да го образложи својот глас. Времетраењето на гласањето изнесува 7 дена. Право да учествуваат во дискусијата за предложениот предлог имаат сите корисници, додека право на глас имаат корисниците со сметка постара од 6 месеци и најмалку 500 уредувања во сите именски простори на Википедија на македонски јазик пред почетокот на гласањето. Одлуката за прифаќање на предлогот се носи со примена на просто мнозинство, односно бројот на гласови „За“ е потребно да биде најмалку половина од вкупниот број на дадени гласови, и доколку вкупниот број на гласови „За“ изнесува најмалку пет.

Do not speak Macedonian?

If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.

Архиви


Инфокутија

Две години како ме немаше на Вики.. па сум за’рѓала малку.. мало потсетување за тоа како се правеше Инфокутија? благодарам :) Vekip8 (разговор) 13:39, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]

Инфокутија за што? Ако не копирај од англиската википедија и пастирај на оваа. Би требало да изпадне :) --Р ашо 13:57, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]
За вински сорти. Ама некако не испаѓа.. :) Vekip8 (разговор) 14:00, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]
Дај ми линк од англиска вики за таа статија, да пробам нешто --Р ашо 14:06, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]

ОК најдов... Infobox wine grape variety--Р ашо 14:08, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]

таа е. :) Vekip8 (разговор) 14:11, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]
Готов е (делумно). Прави статија, но параметрите остави ги како што се на англиски. И боите нека седат во оригинал. Треба да се тестира. Ќе видам попосле. Слободно сега пишувај...Позз и добредојде назад--Р ашо 14:12, 23 мај 2013 (CEST)[одговори]

>500 активни корисници

За првпат откако постои македонската википедија, во последните 30 дена имаме повеќе од 500 активни уредувачи. Ова е значаен настан кој треба да се одбележи. Оваа бројка се должи на повеќето проекти кои се во тек на факултетите и средните училишта. Па следниот праг нека ни биде >1000 активни уредувачи.--brest (разговор) 8:25, 2 мај 2013 (CEST)

Не е за првпат. Во јануари 2011 година имаше уште поголема масовност и овој број надмина и 600 активни корисници. Сепак, ова не е нешто коешто треба да се одбележува, бидејќи како активен корисник се смета корисник којшто има направено било какво уредување. Нешто за одбележување е доколку бројот на многу активни корисници, којшто не може да биде вештачки зголемен, надмине некое рекордно ниво.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:22, 2 мај 2013 (CEST)[одговори]
Еве ја статистиката: http://stats.wikimedia.org/EN/TablesWikipediaMK.htm, во јануари 2011 година имало убедливо највеќе активни уредувачи со повеќе од едно уредување во однос на сите месеци до и после тој месец, но немало повеќе од 600 активни корисници како што ти се сеќаваш. Тоа е едно, а второ таа бројка не е вештачки зголемена, туку е реална бројка на различни корисници кои направиле барем едно уредување и нема зошто тоа да не биде настан за одбележување? Тоа е многу позначајно отколку пумпањето на бројот на статиите со бот. Повторно од посочената страница за статистички податоци може да се забележи дека во текот на март 2013 година, Kiril-bot создал 1438 статии, што е евидентно вештачко зголемување на бројот на статии, кое не е добро за градење на здрава заедница на уредувачи, но очигледно за некого е значајно за одбележување на страницата за тековни настани. Двојни аршини! --brest (разговор) 20:37, 2 мај 2013 (CEST)[одговори]
Податоците коишто се објавени во статистиките се земаат предвид на последниот ден од месецот. Јас не велам дека имало повеќе од 600 активни корисници на 31 јануари 2011 година, туку дека овој број бил достигнат во текот на овој месец. Ќе видиме кои ќе бидат официјалните статистики за мај 2013 година откако истите ќе бидат објавени. Што ако биде објавено дека немало повеќе од 500 активни корисници? Дали тоа ќе значи дека податокот којшто го имаме сега е погрешен? Навистина жалам што некој не се сетил во јануари 2011 година да води сметка за овие работи, но да се тврди нешто коешто веќе се има случено дека се случува за првпат навистина не е корисно. Понатаму, нема да вршам подетални анализи што друго се правело и која е основната причината поради којашто има најмногу нови активни корисници за да биде надминат бројот од 500 активни корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:20, 2 мај 2013 (CEST)[одговори]
Јас велам дека во последните триесет дена имаме повеќе од 500 активни уредувачи, таа бројка е видлива од параметарот {{БРОЈНААКТИВНИКОРИСНИЦИ}}, споредено со статистиките тоа е најголема бројка до сега. Тоа што никој не се сетил во јануари 2011 година да води сметка за овие работи, не треба да биде оправдување за твоето ревертирање на нешто што е факт. Иначе „Основната причината“ ќе послужи како алиби за несоодветното користење на ресурси на викимедија движењето за плаќање туѓи сметки. Се надевам дека подетално ќе им биде објаснето на студентите дека нивната работа на википедија е „вештачка“ и само одработуваат 1420 евра за гостинскиот предавач.--brest (разговор) 01:14, 3 мај 2013 (CEST)[одговори]
Не одрекувам дека е факт тоа што моментно има повеќе од 500 активни уредвачи, но тоа не значи дека ако никој не водел сметка никогаш немало и дека ова е за првпат да се надиме овој број. Веќе побарав статистички податоци од страна на одговорниот човек којшто ги работи овие анализи и се надевам дека наскоро ќе добијам одговор. Во врска со неоправданите обвинувања дека станува збор за „плаќање туѓи сметки“, мислам дека е премногу ниско од страна на еден активен корисник и администратор на Википедија на македонски јазик да се служи со вакви средства за да докаже нешто.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:09, 3 мај 2013 (CEST)[одговори]
Дали сега треба да стои податокот за 500 активни корисници во Википедија:Тековни настани или не? Дали користење на средства од викимедија движењето за плаќање на хонорар од 500 евра (compensation for the guest-speaker) на Економскиот факултет е „морално“, по препорака на еден активен корисник и администратор на Викимедија на македонски јазик и „активист“ во Викимедија Македонија? Во кој хотел ќе отседне говорникот со оглед на предвидените трошоци од 130 евра за една вечер? Кој вид на превоз ќе користи говорникот од аеродромот? Дали на студентите од Економскиот факултет им е објаснето дека се дел од „играта“? Дали говорникот ќе зборува за Википедија на економски факултет? Овие прашања ги поставувам овде бидејќи на мета/Faculty_of_Economics_Skopje сеуште чекам соодветен одговор на веќе поставените прашања. --brest (разговор) 11:05, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
За да не се расправаме за ситници, нека не стои тој податок во Тековни настани.--Никола Стоіаноски 11:12, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]

Мали (празни) статии

  • Сакам да ве известам дека автоматски бришам статии кои се премали. За тие статии кои се до два параграфа ќе одлучиме сите заедно дали да седат или не, а сите помали од нив delete! Да се не буните после, зошто имаме многу placeholder-и.--Никола Стоіаноски 15:09, 10 мај 2013 (CEST)[одговори]
  • Предлагам бришење на placeholder-и да оди етапно, така, како што се прават нови поквалитетни статии, да се бришат овие празниве. Така нема да имаме загуба во статистиките. Избришав статии кои имаа само по два-три збора, а предложив неколку за бришење (види тука). Дали да се бришат? Ако сакате може да се отвори и дискусија за бришење тука.--Никола Стоіаноски 17:21, 10 мај 2013 (CEST)[одговори]
Мое мислење е дека имаме голем број на статии кои треба да се избришат доколку судиме според големината (околу 200-300 бајти). Овој е голем проблем на заедницата бидејќи незнам колку статии имаме од типот:

Доколку водиме генерална дискусија сакам и за овие статии (незнам колку се на број) да се размисли дали да се избришат етапно. Што се однесува до горенаведените би гласал ЗА бришење, иако и нив ги има во голем број. Освен тоа треба да се отвори и прашањето за статии кои би можеле да го исполнуваат критериумот Статија која не укажува зошто темата е толку важна или позната. Со цела почит кон градот Битола и уредникот кој ги правел статиите, но овде ќе ја потенцијрам Список на маала и населби во Битола. Можеби некој ќе рече дека постои иста статија за Скопје, но разликата во големината е голема во споредба со БТ. Сигурно има и многу такви слични статии кои во моментот не можам да се сетам за нив--Тиверополник (разговор) 18:03, 10 мај 2013 (CEST).[одговори]

Мислам дека не треба да се бришат оти ми се чини многу ќе го осакатиме проектов. Особено ако почнат да се тргаат статиите по години.--Вик Ретлхед (разговор) 01:11, 11 мај 2013 (CEST)[одговори]

Што се однесува до статиите како сомун, метанија, бел черек и други никулци од тој тип, сметам дека може да се пренесат во Списокот на архаични зборови, кој MacedonianBoy го отвори пред некој ден. На место на споменатите статии може да стои пренасочување до соодветната буква во списокот.--Вик Ретлхед (разговор) 22:05, 12 мај 2013 (CEST)[одговори]
Се мислев за пренасочување, но мислам не е добро решение зошто тие статии заслужуваат да бидат поопширни. Мал вовед и еден параграф се доволни за еден никулец, а не една реченица. Се надевам во блиска иднина би биле исполнети. Бришењето на малите статии, како што реков ќе оди етапно, прво на ум ми беа овие статии кои не се дел од Години во историјата (и сличните на нив) - тие би ги бришеле на крај. --Никола Стоіаноски 11:05, 13 мај 2013 (CEST)[одговори]
Помина доста време откако реков дека ќе одговорам во врска со ова прашање и поради тоа се извинувам за задоцнетиот одговор. Мое мислење е дека најпрво треба да биде поставено правило коешто ќе определува кој е минимумот за нешто да се смета за статија. Понатаму, ќе треба да се утврди кои се сите статии коишто не го задоволуваат овој минимален критериум и истите да се обележат за бришење и потоа да се избришат.
Гледам дека Тиверополник се потрудил да направи список на статии за „години во нешто“. Многу од овие статии се целосно празни, но има и такви коишто имаат некоја содржина. Така на пример, јас ги пополнив сите статии за години во шахот, а се сеќавам дека се пополнуваа и статии за година во музиката. Веќе ако одлучиме дека не нѝ се потребни овие статии, тогаш ќе мора да се изземат оние коишто веќе имаат некоја содржина.
Доколку се дојде до заклучок дека треба да се брише голем број на статии, тогаш најдобро е тоа да се направи постепено, со што ќе се задржи некоја стапка на раст на бројот на статии. На пример, ако секојдневно има 20 нови статии, тогаш да не се бришат повеќе од 10 статии и слично. Сметам дека е погубно да се бришат сите статии одеднаш и со тоа да се намали бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:48, 18 мај 2013 (CEST)[одговори]

Волфганг Амадеус Моцарт

Надиов на многу неправилности во статијата, целата е преполна со грешки, со нелогичности и скоро е невозможно да се средат. Најверојатно статијата за Моцарт е преведувана од некој друг јазик, нелогичности има многу, кој ќе се нафати да ја средува не знам, но баш ќе се изнамачи. Исто така деновиве наидов на многу статии и уредувања во кои има изобилство од грешки. најверојатно професорите ги ангажираат средношколците, па во брзање при крајот на учебната година треба да се направат што поголем број нa уредувања. Катастрофа се прави на Википедија со последните уредувања.

Апелирам малку повеќе да внимаваат сите корисници на уредувањата, бидејќи не е работата да има што повеќе текст, туку работа е статијата да биде квалитетна. --User:NickyMKD (разговор) 18:10, 14 мај 2013 (CEST).[одговори]

Потполно непотребен текст, целосно преведен преку Гугл, така да целосно го отстранив. Инаку целосно се согласувам дека на Википедија и е потребен квалитет, а не само квантитет. --Ehrlich91 (разговор) 20:05, 14 мај 2013 (CEST)[одговори]

Јозеф или Јосиф?

Јозеф Сталин или Јосиф Сталин? --M4r51n (разговор) 17:25, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

Јосиф е на македонски.--Никола Стоіаноски 17:31, 15 мај 2013 (CEST)[одговори]

objava na statijata

Napraviv statija vo mojot raboten prostor, no ne znam kako da ja objavam, za da e vidliva, kako da ja pomestam vo glavniot prostor za statii?? Blagodaram mnogu, Pozdrav 46.217.75.14 (разговор) 17:56, 16 мај 2013 (CEST)[одговори]

Доколку статијата не постои пребарај ја во „пребарување“ и ќе ти излези црвена врска каде што ќе можеш да го вметнеш текстот. Поздрав! (оваа повратна порака е напишана и на страницата за разговор кај корисникот) --M4r51n (разговор) 20:49, 16 мај 2013 (CEST)[одговори]

Стомак-Болки

Мислам дека статијата Стомак-Болки има несоодветно име. Мислам дека подобро за оваа статија би било Болки во стомакот отколку Стомак-Болки. Што мислите вие? --User:NickyMKD (разговор) 20:29, 16 мај 2013 (CEST).[одговори]

Се согласувам. Болки во стомакот е најсоодветно.--Вик Ретлхед (разговор) 20:52, 16 мај 2013 (CEST)[одговори]

Коментар  Најсоодветно би било „стомачни болки“. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:23, 18 мај 2013 (CEST)[одговори]

Се користи и стомакоболка. --Никола Стоіаноски 15:49, 18 мај 2013 (CEST)[одговори]
Или Мевобол --Р ашо 17:22, 18 мај 2013 (CEST)[одговори]
Ха, да  :) --Никола Стоіаноски 17:26, 18 мај 2013 (CEST)[одговори]

Статии за бришење

Да побарам мислење од заедницата дали смета дека статиите Бел Песок, Солени Езера на Андите и Мамутска Пештера се за бришење. Колку што ги прочитав, немаат енциклопедиска содржина, туку се некој вид патопис или репортажа. И најверојатно текстот е скрос препишан од оваа книга, а плус и сликите се без соодветна лиценца.--Вик Ретлхед (разговор) 09:16, 17 мај 2013 (CEST)[одговори]

Предложи ги за бришење, ако не реагира никој во рок од неколку дена, ќе ги избришеме. Колку што разгледав не може да се извади енциклопедиска содржина од текстовите, но ако е возможно тоа, пожелно би било да се видоизмени текстот. Поз--Никола Стоіаноски 10:44, 17 мај 2013 (CEST)[одговори]
Добро си забележал Игор дека се употребува една иста книга и дека најверојатно се работи за копирани текстови. Јас ги предложив статиите за бришење и искрено сметам дека треба да се избришат, бидејќи нема баш што да се извлече од нив. --Ehrlich91 (разговор) 20:13, 17 мај 2013 (CEST)[одговори]

Стари ракописи

Како резултат на соработката помеѓу НУБСК и Викимедија Македонија, добиени се 55 податотеки во pdf формат од стари ракописи со кои располага дигиталната библиотека на НУБСК, http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/, датирани помеѓу 13 и 18 век, пишувани на македонски, српски, руски и црковно-словенски. Податотеките се подигнати на Заедничката ризница. За секоја податотека НУБСК обезбеди основни податоци и тоа: Краток опис, димензии на хартијата, писмо на кое се пишувани, потекло/каде се најдени оригиналните материјали и каде се чуваат денес. Повеќето материјали се професионално скенирани а дел од нив се фототипна копија. Материјалите се подигнати под лиценца {{PD-old}}. Предадени се материјалите од следнив список:

  1. File: Акатист на Св. Јован Претеча и Патерик - крај на 18 век.pdf
  2. File: Акатист на Пресвета Богородица - крај на 15 почеток на 16 век.pdf
  3. File: Бенчевски литургиски зборник - прва третина на 16 век.pdf
  4. File: Бенчевско четвороевангелие - почеток на 16 век.pdf
  5. File: Часослов - почеток на 18 век.pdf
  6. File: Четвороевангелие - крај на 14 век и почеток на 15 век.pdf
  7. File: Цветен триод Лазаревац - крај на 18 век.pdf
  8. File: Два листа од псалтир - втора половина на 16 век.pdf
  9. File: Два листа од триод - втора половина на 14 век.pdf
  10. File: Фрагмент од четвороевангелие - прва половина на 14 век.pdf
  11. File: Фрагмент од четвороевангелие - крај на 15 или почеток на 16 век.pdf
  12. File: Фрагмент од четвороевангелие - четврта четвртина на 16 век.pdf
  13. File: Фрагмент од четвороевангелие - прва четвртина на 17 век.pdf
  14. File: Фрагмент од Цветен триод Лазаревац - крајот на 16 и почетокот на 17 век.pdf
  15. File: Фрагмент од цветен триод - трета четвртина на 17 век.pdf
  16. File: Фрагмент од литургиски текст - втора половина на 14 век.pdf
  17. File: Фрагмент од монашки правила - втора половина на 16 век.pdf
  18. File: Фрагмент од октоих - крај на 16 век или почеток на 17 век.pdf
  19. File: Фрагмент од осмогласник - средина на 17 век.pdf
  20. File: Фрагмент од посен триод - почеток на 15 век.pdf
  21. File: Фрагмент од празничен минеј - прва половина на 16 век.pdf
  22. File: Фрагмент од псалтир - прва половина на 16 век.pdf
  23. File: Фрагмент од слово - прва четвртина на 15 век.pdf
  24. File: Фрагмент од триод - крај на 14 век.pdf
  25. File: Фрагмент од октоих петогласник - првата половина на 15 век.pdf
  26. File: Фрагмент од псалтир - средина на 16 век.pdf
  27. File: Изборни неделни евангелски и апостолски читања - четврта четвртина на 14 век.pdf
  28. File: Кратовско четвороевангелие - средина на 14 век.pdf
  29. File: Литургиски зборник - прва половина на 16 век и втора половина на 17 век.pdf
  30. File: Литургиски зборник - трета четвртина на 17 век.pdf
  31. File: Одломка од апокрифот на Раѓањето Христово - крај на 14 век.pdf
  32. File: Одломка од службата на Светите апостоли Петар и Павле - крај на 14 или почеток на 15 век.pdf
  33. File: Патерик - средина на 16 век.pdf
  34. File: Поречки октоих петтогласник од 5-8 глас - средина на 15 век со дополнение од 1574 год..pdf
  35. File: Посен триод - втора половина на 13 век.pdf
  36. File: Посен триод македонска рецензија - трета четвртина на 14 век.pdf
  37. File: Поученија за великиот пост - втора половина на 16 век.pdf
  38. File: Прилепски Никифоров минеј за цела година - средина на 16 век.pdf
  39. File: Пролог стихуван за март-август - втора четвртина на 15 век и трета четвртина на 14 век.pdf
  40. File: Псалтир - втора половина на 16 век.pdf
  41. File: Псалтир со последование - средина на 16 век.pdf
  42. File: Псалтир со последование - 1546 год. со ракописни записи од 17 век.pdf
  43. File: Псалтир со последование - 1561 год. со ракописно дополнение од прва четвртина на 17 век.pdf
  44. File: Радобилски евангелски листови - прва четвртина на 15 век.pdf
  45. File: Службен минеј за јули со пролози од Св. Прохор Пчински - прва четвртина на 15 век.pdf
  46. File: Службен минеј за мај со житија - прва половина на 15 век.pdf
  47. File: Службен минеј за септември со пролози - почеток на 15 век.pdf
  48. File: Стојков празничен минеј - крај на 14 век.pdf
  49. File: Струшки зборник со творба од Св. Климент Охридски - средина на 16 век.pdf
  50. File: Струшко четвороевангелие - почеток на 17 век.pdf
  51. File: Требник - средина на 15 век.pdf
  52. File: Вруточко четвороевангелие - 13-14 век.pdf
  53. File: Зборник македонски - втора половина на 18 век.pdf
  54. File: Злетовско четвороевангелие - средина на 14 век.pdf
  55. File: Зрзевско четвороевангелие - крај на 16 век и почеток на 17 век.pdf

Најприкладна би била обработката на овие материјали на викиизвор, додека на википедија е можно создавање на соодветни статии за секој материјал посебно или во форма на список, со краток опис на материјалите.

Во план е, во блиска иднина, во соработка со НУБСК да се изврши обука за Википедија и Викиизвор на вработените во локалните библиотеки низ Македонија, кои се дел од мрежата на јавни библиотеки преку која вработените ќе бидат запознати со проектите на фондацијата.

Сите заинтересирани може да се обратат кај мене за дополнителни информации или координација на активностите. --brest (разговор) 13:53, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]

Супер, Одлично. Мислам дека сум подигал од овие некои фрагменти. Имаме и шаблон за некои ракописи и се сложувам дека требаат статии на истите. Еве јас ќе ги средам категориите на ризницата. Единствено би ставил замерка на лиценцата. Сметам дека најдобра е {{PD-Macedonia}} [1] --Р ашо 14:05, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]
OK, јас сега пробав да видам како ќе изгледа ако се помести текстот од описите во статиите на селата или црквите каде се пронајдени оригиналите. Види статијата за с. Бенче. Можеби треба да се скратат малку текстовите ако се оди со посебна статија за секој ракопис. Од НУБСК мислам дека може да обезбедиме и дополнителни информации за секој ракопис посебно, во смисла на тоа како се пронајдени, каков бил патот на ракописите додека стигнале во колекцијата на НУБСК, како се откупувале и сл. Овој шаблон за ракописи не сум го забележал до сега, еве можност да се надополнат соодветните статии. Што се однесува до лиценцата, може да се замени со таа која ја предлагаш, според договорот со НУБСК и природата на материјалите немаме ограничување во поглед на тоа која лиценца да се употреби, која сметаме дека е најсоодветна таа треба да се употребува. Колегите од Викимедија Швајцарија на следниов начин ја организирале на Заедничката ризница својата соработка со централната библиотека во Цирих, што може да послужи како урнек.--brest (разговор) 14:23, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]
Супер! :) --M4r51n (разговор) 14:25, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]
За шаблонот што го спомнав со ракописите до 14 век имам за сите материјал, ми треба само време ;) А за овие најдобро е сами да направиме лиценца и проект (еве вака е добар пример). Мислам дека сами на „своја глава“ неможе да експериментираме. Треба да се консултираме со некој од ризницата за да може да се потврдат лиценците и договорот за соработка. Исто така имам и доста материјал од ракописите од лесновскиот и марковиот манастир. Овој проект би можел да ни донесе преку 100 статии и комплетна онлајн евиденција на македонските ракописи. Дај да го изгураме некако--Р ашо 14:57, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]
А за Бенче на пример, најдобро е да се наведат во статијата и објаснение по една реченица. Другото најдобро е во сопствената статија--Р ашо 15:02, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]
Супер е ова. Немаат авторски права, и може да поченем со нивно препишување на Викиизвор. Текстовите во Бенче се долги, може од нив да се направат статии. Поз--Никола Стоіаноски 16:34, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]

Коментар  Секоја чест за ова и навистина сметам дека соработката би требало и понатаму да се продлабочува. Мојата идеја, којашто ја споменав уште во текот на месец јануари, е дека треба да се избере човек којшто би работел како „Wikipedian in Residence“ во некоја од овие институции. Потоа, ќе побараме парични средства од Фондацијата со коишто ќе бидат финансирани активностите на ова лице. Тие вклучуваат одржување на предавања, обуки, преговарање за ослободување на материјали и сл. Слични проекти веќе постојат во многу други земји, а Фондацијата е отворена истите да ги подржува доколку навистина постои потреба од нив. Инаку, јас сум заинтересиран да се вклучам во овие активности.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:17, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]

Tech newsletter: Subscribe to receive the next editions

Tech news prepared by tech ambassadors and posted by Global message deliveryContributeTranslateGet helpGive feedbackUnsubscribe • 22:55, 20 мај 2013 (CEST)
Important note: This is the first edition of the Tech News weekly summaries, which help you monitor recent software changes likely to impact you and your fellow Wikimedians.

If you want to continue to receive the next issues every week, please subscribe to the newsletter. You can subscribe your personal talk page and a community page like this one. The newsletter can be translated into your language.

You can also become a tech ambassador, help us write the next newsletter and tell us what to improve. Your feedback is greatly appreciated. guillom 22:55, 20 мај 2013 (CEST)[одговори]

 

Обука за википедија

Денес (22 мај 2013 г.) од 11-16 часот ќе се одржи обука/работилница за википедија на вработените во бесплатните интернет клубови во Македонија. Обуката ќе се одржи во ОУ „Браќа Миладиновци“ - Скопје, општина Аеродром. Повеќето од слушателите се регистрирани на Википедија и веќе имаат дадено свој придонес во рамките на проектот Википедија:БИКМ. Идејата е слушателите да се обучат за да можат понатаму да спроведуваат обуки во интернет клубовите каде работат на сите заинтересирани граѓани пријавени на конкурсот објавен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација за бесплатна обука на граѓани за изработка и објава на содржини на википедија. Во текот на обуката практично ќе се работи на википедија и пожелно е активните уредувачи на википедија пред/за време/после обуката внимателно да пристапуваат кон нивните уредувања имајќи ги предвид основните начела: 1, 2, 3 и др. Потребно е во рамките на нашите ограничени ресурси да извлечеме максимум. Поздрав. --brest (разговор) 07:30, 22 мај 2013 (CEST)[одговори]

Помош

Пробувам да преведам страница од англиски на македонски. Го најдов црвениот линк на нашата википедија и видов дека не е преведена статијата. Е сега, според упатсвата за превод, го ископирав од англиската страница само инфобоксот откако стиснав едит, и ја ископирав на мојата страна со црвениот линк. Ги преведов само оние зборови кои треба и стиснав зачувај (поради тоа што претходно исто направив за друга статија и се беше во ред) ама не ми дава ништо, само празна страна како да не сум внел ништо. Линкот веќе не се води како да за него нема превод на македонски.Каде грешам?