Атрофија на кожата: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 25: Ред 25:


'''Атрофија - cutis senilis'''
'''Атрофија - cutis senilis'''
[[Податотека:Sldr225.jpg|мини|десно|Сенилна атрофија]]

Сенилната атрофија на кожата се јавува во четириесеттите години и се карактеризира со предвремена појава на атрофична, сува, набрчкана кожа, со намалена елестичност, а на некои места пигментирана.
Сенилната атрофија на кожата се јавува во четириесеттите години и се карактеризира со предвремена појава на атрофична, сува, набрчкана кожа, со намалена елестичност, а на некои места пигментирана.
Промените се локализирани на лице, врат, чело, подлактици и дорзалните страни на рацете (шепите). Атрофичните промени на кожата се поврзани со влијанието на светлината, типот на кожата, климатските услови и професијата.
Промените се локализирани на лице, врат, чело, подлактици и дорзалните страни на рацете (шепите). Атрофичните промени на кожата се поврзани со влијанието на светлината, типот на кожата, климатските услови и професијата.
Ред 32: Ред 32:


'''Атрофија - striae atrophicae'''
'''Атрофија - striae atrophicae'''
[[Податотека:Strii.jpg|мини|десно|Стрии кај бремена жена]]

Претставува атрофија со линеарно - тракаста форма, со различна должина и ширина. Се јавува за време на пубертетот и од 20 - 30 година од животот, почесто кај женскиот пол. Не е сосема јасно како настанува оваа атрофија, но се смета дека примарна улога има хормоналниот дисбаланс, односно зголеменото ниво на кортикостероиди, кои ја нарушуваат синтезата на сврзното ткиво во кожата. Секундарно значење има механичкото растегнување на кожата.
Претставува атрофија со линеарно - тракаста форма, со различна должина и ширина. Се јавува за време на пубертетот и од 20 - 30 година од животот, почесто кај женскиот пол. Не е сосема јасно како настанува оваа атрофија, но се смета дека примарна улога има хормоналниот дисбаланс, односно зголеменото ниво на кортикостероиди, кои ја нарушуваат синтезата на сврзното ткиво во кожата. Секундарно значење има механичкото растегнување на кожата.
Стриите се појавуваат за време на пубертетот, при нагло растење или при нагло слабеење и дебелеење, за време на бременост, како и при некои инфективни и малигни заболувања. Најчесто стриите се симетрично распоредени на места каде кожата е подложна на растегнување (стомакот, натколениците, надлактиците, горниот дел од трупот, градите и сл.).
Стриите се појавуваат за време на пубертетот, при нагло растење или при нагло слабеење и дебелеење, за време на бременост, како и при некои инфективни и малигни заболувања. Најчесто стриите се симетрично распоредени на места каде кожата е подложна на растегнување (стомакот, натколениците, надлактиците, горниот дел од трупот, градите и сл.).

Преработка од 09:21, 17 мај 2013

Атрофија на кожата
Научна класификација
Вид: Кожно заболување

Под атрофија на кожата се подразбира намалување или целосно исчезнување на поедини или сите составни делови на кожата. Овој процес може да ги опфати и епидермисот и кутисот. Атрофијата на кожата може да настане при раѓање или да се стекне покасно во животот. Во зависност од распространетоста на површината на кожата, атрофијата може да биде:

  • дифузна (општа) - промените се застапени на целиот организам;
  • локална - промените се застапени на одредена регија.

Атрофијата може да биде:

Физиолошка - значи процесот настанува со стареењето на организмот. Оваа атрофија се нарекува старост на кожата. Кожата е сува, со намалена пигментација, со поголем број бразди, нема сјај, тенка е и со видливи крвни садови, има намален тонус. Овој процес започнува после 40 година од животот кај сите луѓе, без разлика на полот. Се нарекува уште општа атрофија, бидејќи за зафаќа целата кожа.

Патолошка - настанува како резултат на некои заболувања на организмот или кожата. Патолошка атрофија претставува секое предвремено стареење на кожата. Причините кои доведуваат до патолошка атрофија најчесто се заболувања кои ја намалуваат циркулацијата на крвта. Физиолошката и патолошката атрофија имаат исти карактеристики. При допир, кожата е мека и може да се собере поголемо парче во раката. Кожата е без нормална архитектура, а брчките ги има најмногу околу очите, устата и вратот. Има бледожолтеникава боја, со восочен сјај и има изглед на безживотна кожа. Една од причина за стареење на кожата кај жените е намалениот број на естрогените хормони, кои се важни за убавиот изглед на кожата. Стареењето на кожата е нормален и неизбежен процес, меѓутоа со правилна нега и употреба на соодветни козметички препарати, може во голема мера да се успори процесот на стареење на кожата. Примената на современите козметички процедури овозможува подолго задржување на младешкиот изглед на кожата. Денес, дерматолозите применуваат низа третмани, користејќи ги ласерските апарати во ублажување на брчките, посебно на лицето, при што се забележуваат добри резултати.

Најчести атрофии на кожата

Најчести атрофии на кожата се: cutis senilis, striae atrophicae и дегенеративната атрофија на кожата. Во понатамошниот текст ќе бидат подетално обработени.

Атрофија - cutis senilis

Податотека:Sldr225.jpg
Сенилна атрофија

Сенилната атрофија на кожата се јавува во четириесеттите години и се карактеризира со предвремена појава на атрофична, сува, набрчкана кожа, со намалена елестичност, а на некои места пигментирана. Промените се локализирани на лице, врат, чело, подлактици и дорзалните страни на рацете (шепите). Атрофичните промени на кожата се поврзани со влијанието на светлината, типот на кожата, климатските услови и професијата.

Успешната терапија за овој тип атрофија не постои, но се препорачува кожата да се премачкува со масни препарати и да се користи заштита од UV зраци.

Атрофија - striae atrophicae

Податотека:Strii.jpg
Стрии кај бремена жена

Претставува атрофија со линеарно - тракаста форма, со различна должина и ширина. Се јавува за време на пубертетот и од 20 - 30 година од животот, почесто кај женскиот пол. Не е сосема јасно како настанува оваа атрофија, но се смета дека примарна улога има хормоналниот дисбаланс, односно зголеменото ниво на кортикостероиди, кои ја нарушуваат синтезата на сврзното ткиво во кожата. Секундарно значење има механичкото растегнување на кожата. Стриите се појавуваат за време на пубертетот, при нагло растење или при нагло слабеење и дебелеење, за време на бременост, како и при некои инфективни и малигни заболувања. Најчесто стриите се симетрично распоредени на места каде кожата е подложна на растегнување (стомакот, натколениците, надлактиците, горниот дел од трупот, градите и сл.).

Клинички се манифестираат како многубројни линеарно - тракести промени, долги 1 - 15 сm и широки 1 - 10 mm, во кои кожата е атрофична и попречно набрана. Во почетокот промените се црвени или црвено - сини по боја, а подоцна бело - жолтеникави, а поретко помалку или повеќе хиперпигментирани. Стриите претставуваат естетски проблем кај повеќето жени. Потполно отстранување на стриите не е можно, но постојат начини со кои може да се спречи нивното настанување или да се ублажат, доколку се појавиле на кожата.

Најдобри резултати со ласерска терапија се постигнуваат кај млади стрии, во фаза на настанување. Со комбинација на ултразвучен пилинг, биостимулативен ласер, вакуум и внесување на специјално формулирани препарати во подлабоките слоеви на кожата, се зголемува репродукцијата на колаген и еластин во кожата. После серија од 10 - 15 третмани, се подобрува тонусот, цврстината и еластичноста на кожата, стриите се помалку видливи, скоро изедначени со бојата на кожата.

Дегенеративна атрофија на кожата

Обично се јавува кај луѓе од одредена професија како што се морнари, работници кои работат на отворено, кои подолго време се изложени на дејството на сончевите зраци. Може да се јави и пред 50 -та година од животот. Кај дегенеративната атрофија на кожата настануваат дегенеративни промени на колагенот и еластинот. Се јавува на непокриените делови на главата и рацете, а поретко на нозете. На кожата на образите и челото се забележуваат дифузни, линеарни или ситни жолтеникави дамки. Дегенеративни промени често се јавуваат и на вратот, а се карактеризираат со плитки или подлабоки бразди. Состојбата на ваквата кожа не може да се поправи, па затоа лекувањето се сведува на локална терапија со употреба на масти, кои и ја враќаат маснотијата на кожата. Се препорачува кожата да се заштитува од сончевите зраци со соодветна облека и користење на препарати за заштита од сонце на непокриените делови од кожата.

Нега и хигиено - диететски режим на атрофична кожа

Атрофичната кожа е провидна, танка, слабо пигментирана и со брчки. Важно е да и се посвети посебно внимание на ваквата кожа и правилно да се негува. Негата на атрофичната кожа може да се врши во козметички салони (професионална нега) или да се изведува во домашни услови (домашна нега). Професионалните козметички третмани за атрофичната кожа можат да бидат различни, што зависи од возраста на клиентот и моменталниот изглед на кожата. Треба да се утврди дали промените на кожата настанале како резултат на физиолошките процеси или станува збор за предвремено стареење на кожата под дејство на неповолни влијанија.

Професионалната нега на атрофична кожа се состои во следното: најпрво кожата се чисти со соодветни препарати, најчесто со нанесување на хранливи маски, а потоа се врши рачна или апаратурна масажа. Времетраењето на масажата е околу 20 минути, со цел да се подобри циркулацијата на крвта и да се интензивира исхраната на клетките. После масажата, кожата станува зацрвенета и топла на допир, а тоа е знак дека е подобрена трофиката на кожата. На крајот, третманот завршува со заштита на кожата со соодветен крем (најчесто со биоактивни кремови).

Домашната нега на атрофична кожа. Целта на домашната нега е да се успори процесот на стареење на кожата, со правилен избор и примена на квалитетни биолошко активни козметички препарати. За атрофичната кожа, важна е редовна и систематска нега, која подразбира дневна и ноќна нега на кожата.

Дневната нега на атрофичната кожа се состои во:

  • чистење - се изведува нежно, со помош на козметички препарати врз база на биоактивни, хидратантни и масни суровини, со цел да се спречи отстранувањето на природната маснотија и влажност на кожата.
  • тонирање - се врши со благи тоници кои ја освежуваат кожата.
  • исхрана и заштита на кожата - се врши со примена на хранливи препарати со емолиентно дејство, за да се спречи дехидратацијата на површинскиот слој на кожата. За дневна нега се користат колагенски и витамински кремови. При примена на хормонски препарати, потребни се консултации со дерматолог.

Ноќната нега на атрофичната кожа се состои во:

  • чистење - треба да се врши со емулзии за чистење со цел темелно да се отстрани дневната шминка. Постапката се изведува внимателно, без растегнување на кожата, посебно во пределот околу очите.
  • тонирање - се изведува на истиот начин како кај дневната нега.
  • исхрана на кожата - се врши со употреба на хранливи кремови кои содржат витамини, колаген или липозоми. При нанесувањето на кремот, добро е да се примени блага масажа, за подобро впивање на кремот во кожата.

Освен правилната нега на атрофичната кожа, многу важно за подобрување на изгледот на овој тип на кожа се хигиено - диететските навики. Потребно е да се земаат по три оброци дневно и да се внесуваат повеќе течности (1,5 - 2 литри дневно). Во исхраната да биде застапено што повеќе овошје, зеленчук, зелен чај и сл. Исто така, важно е да се практикува физичка активност, најмалку три пати неделно, во траење од 30 минути. Сите овие фактори позитивно влијаат на здравиот изглед на кожата, правејќи ја почиста и поубава.