Бубрежна слабост: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Акутната бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, е ненадејно губење на способно...
 
Ред 82: Ред 82:
*'''Трајно оштетување на бубрезите'''. Повремено, АБИ предизвикува трајна загуба на бубрежната функција, или терминален стадиум на бубрежна болест. Луѓето со терминална фаза на бубрежна болест им е потребна дијализа – процес на механичка филтрација на крвта за отстранување на токсините и отпадниот материјал од телото – или трансплантација на бубрези за да преживеат.
*'''Трајно оштетување на бубрезите'''. Повремено, АБИ предизвикува трајна загуба на бубрежната функција, или терминален стадиум на бубрежна болест. Луѓето со терминална фаза на бубрежна болест им е потребна дијализа – процес на механичка филтрација на крвта за отстранување на токсините и отпадниот материјал од телото – или трансплантација на бубрези за да преживеат.
*'''Смрт'''. Акутната бубрежна инсуфициенција може да доведе до губење на функцијата на бубрезите, и консеквентно до смрт. Ризикот од смрт е највисок кај пациентите кои имаат бубрежни проблеми пред појавата на АБИ.
*'''Смрт'''. Акутната бубрежна инсуфициенција може да доведе до губење на функцијата на бубрезите, и консеквентно до смрт. Ризикот од смрт е највисок кај пациентите кои имаат бубрежни проблеми пред појавата на АБИ.
== Наводи ==
{{наводи}}
{{никулец}}
[[Категорија:Болести]]

Преработка од 00:58, 17 мај 2013

Акутната бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта. Кога бубрезите ја губат филтрирачката способност, во телото се акумулираат опасни нивоа на течности, електролити и отпадни материјали. Акутната бубрежна инсуфициенција се развива брзо, во текот на неколку часа или неколку дена. Таа се јавува често кај луѓе кои веќе се хоспитализирани, особено кај критично болните луѓе кои имаат потреба од интензивна нега. Акутната бубрежна инсуфициенција може да биде фатална и бара интензивен третман. Но, таа може да биде реверзибилна состојба. Ако пациентот е во добра здравствена состојба, тогаш големи се шансите ако благовремено се реагира, да се поврати нормалната бубрежна функција.

Причини

Акутната бубрежна инсуфициенција се случува кога бубрезите одеднаш стануваат неспособни да ги филтрираат отпадните материи од крвта. АБИ се јавува кога некоја состојба ги оштетува бубрезите, или кога некоја состојба го забавува протокот на крв низ нив. Акутната бубрежна инсуфициенција, исто така, може да се случи кога отпадните материи филтрирани од страна на бубрезите, не се во можност да се исфрлат од телото преку урината.

Во болестите и состојбите кои го забавуваат протокот на крв во бубрезите, спаѓаат:

Болести и состојби кои ги оштетуваат бубрезите се:

Во состојбите и болестите кои го оневозможуваат исфрлањето на урина од телото (уринарна опструкција) спаѓаат:

Ризик фактори

Акутната бубрежна инсуфициенција речиси секогаш се јавува како придружна појава на некоја друга медицинска состојба, додека таа поретко е основна болест кај пациентот. Условите кои го зголемуваат ризикот од АБИ се:

  • лицето да е хоспитализирано, особено поради сериозна состојба која бара интензивна нега
  • напредна возраст
  • блок на крвните садови на рацете или нозете (периферна артериска болест)
  • дијабетес
  • висок крвен притисок
  • срцева слабост
  • бубрежни заболувања
  • заболувања на црниот дроб

Симптоми

Знаците и симптомите на АБИ може да вклучат:

  • намален волумен на урина, иако повремено уринарниот волумен останува нормален
  • задршка на течности, што предизвикува отекување на нозете, глуждовите или нозете
  • дремливост
  • недостаток на воздух
  • замор
  • збунетост
  • гадење
  • напади или кома во потешките случаи
  • градна болка или притисок

Понекогаш, акутната бубрежна инсуфициенција не предизвикува никакви симптоми и знаци, и случајно се открива преку лабораториски тестови кои се направени поради некоја друга причина.

Дијагноза

Ако знаците и симптомите кај пациентот укажуваат на можно постоење на акутна бубрежна инсуфициенција, лекарот може да препорача тестови и процедури со цел да се потврди дијагнозата.

Во испитувањата кои се прават за откривање на АБИ, спаѓаат:

  • Мерење на уринарен волумен. Износот на урина која се исфрла во текот на еден ден, може да помогне за да се одреди состојбата на бубрезите.
  • Тестови на урина. Анализата на уринарен примерок, постапка која се нарекува уриноанализа, може да ги открие абнормалностите кои сугерираат на бубрежна инсуфициенција.
  • Крвни тестови. Во примерокот од крв може да се открие брзото качување на нивото на уреа и креатинин – двете супстанци кои се користат за мерење на бубрежната функција
  • Тестови за визуелизација. Тестовите како што се ултразвук и компјутеризираната томографија може да помогнат во визуелизација на бубрезите

Бубрежна биопсија. Тое е земање на мал примерок на ткиво од бубрезите кое се отстранува за лабораториски тестирања. Ткивото се отстранува со помош на долга игла која се внесува преку кожата директно во бубрезите.

Лекување

Лекувањето на акутната бубрежна инсуфициенција обично бара болнички престој. Повеќето луѓе со АБИ се претходно хоспитализирани. Колку долг ќе биде болничкиот престој зависи од причината за појавата на АБИ и колку брзо бубрезите ќе се опорават. Лекување на основната болест или состојба која довела до АБИ.

Лекувањето на акутната бубрежна инсуфициенција вклучува откривање на болест или повреда која примарно ги оштетила бубрезите. Опциите за лекување ќе зависат од она што ја предизвикало АБИ. Лекување на компликации додека бубрезите не закрепнат:

  • Нормализирање на рамнотежата на состојките во крвта. Акутната бубрежна слабост, понекогаш е предизвикана од недостаток на течност во крвта. Во овој случај, лекарот може да ординира поставување на интравенски течности. Во други случаи, АБИ може да е предизвикана од вишок на телесни течности, што доведува до отоци на рацете и нозете. Во овие случаи, се препишуваат диуретици, за да се исфралат непотребните течности од телото.
  • Лекови кои го контролираат калиумот во крвта. Ако бубрезите не го филтрираат калиумот од крвта нормално, тогаш лекарот може да препише калциум, гликоза или натриум полистирен сулфонат, за да се спречи акумулација на високи ниоа на калиум во крвта. Премногу калиум во крвта може да предизвика опасни аритмии.

Лекови за нормализирање на нивото на калциум во крвта. За оваа состојба, потребна е интравенска инфузија со калциум. Дијализа. Ако се насоберат токсини во крвта, потребно е пациентот да се подложи на привремена хемодијализа, за да се отстранат вишокот на течности и отрови од телото, додека закрепнат бубрезите. Со помош на дијализата, се отстранува и вишокот на калиум од телото.

Компликации

Потенцијалните компликации од акутната бубрежна инсуфициенција вклучуваат:

  • Трајно оштетување на бубрезите. Повремено, АБИ предизвикува трајна загуба на бубрежната функција, или терминален стадиум на бубрежна болест. Луѓето со терминална фаза на бубрежна болест им е потребна дијализа – процес на механичка филтрација на крвта за отстранување на токсините и отпадниот материјал од телото – или трансплантација на бубрези за да преживеат.
  • Смрт. Акутната бубрежна инсуфициенција може да доведе до губење на функцијата на бубрезите, и консеквентно до смрт. Ризикот од смрт е највисок кај пациентите кои имаат бубрежни проблеми пред појавата на АБИ.

Наводи