BirdLife International: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Company | company_name = Birdlife International | company_type = заштита добротвор...
 
Ред 25: Ред 25:


==Црвен список==
==Црвен список==
BirdLife International е надлежниот орган за птици [[црвен список на МСЗП|црвениот список]] на [[Меѓународен сојуз за заштита на природата|Меѓународниот сојуз за заштита на природата]] (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „[[критично загрозен вид|Критично загрозени]]“, „[[загрозен вид|Загрозени]]“ и „[[ранлив вид|Ранливи]]“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.
BirdLife International е органот надлежеб за птици во составувањето на [[црвен список на МСЗП|црвениот список]] на [[Меѓународен сојуз за заштита на природата|Меѓународниот сојуз за заштита на природата]] (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „[[критично загрозен вид|Критично загрозени]]“, „[[загрозен вид|Загрозени]]“ и „[[ранлив вид|Ранливи]]“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.


== Поврзано ==
== Поврзано ==

Преработка од 05:20, 15 мај 2013

Birdlife International
Видзаштита добротворни активности
Основано1993 (1993)
СедиштеКембриџ, Англија
Клучни личности
Марко Ламбертини (изв. дир.)
Принцеза Такамадо (почес. претсед.)
Доход22.987.810 британска фунта (2019) Уреди на Википодатоците
Вработени
251 (2019) Уреди на Википодатоците
Мреж. местоhttp://www.birdlife.org/

BirdLife International е глобално партнерство на природозаштитни организации кое има за цел да ги запази и заштити птиците, нивните живеалишта и глобалната биоразновидност, и за таа цел работи со месните населенија за да се постигне одржливо искористување на природните ресурси. Ова е најголемото партнерство на природозаштитни организации во светот, со преку 100 организации членки од земји на сите континенти. Како такво, BirdLife е врховниот орган за контрола на состојбата на птиците, нивните живеалишта и проблемите со кои се соочуваат.

Застапник на BirdLife во Македонија е Македонското еколошко друштво[1]

Историјат

Организацијата BirdLife International е основана во 1922 г. од американските орнитолози Т. Гилберт Персон и Жан Теодор Делакур како „Меѓународен совет за заштита на птиците“ (англ. International Council for Bird Preservation). Сегашното име го добила во 1993 г.

Регионални активности

BirdLife води заштитни програми во разни региони од светот: Африка, Северна, Средна и Јужна Америка, Азија, Европа и Централна Азија, на Блискиот Исток, во Океанија и на Карибите.

Глобални програми

Во рамките ана секој регион, организацијата спроведува глобални програми: „Глобална програма за морски птици“, „Спречување на изумирања“, „Патишта на летање“, „Климатски промени“, Шуми на надежта, „Оспособување на месното население“ и „Важни птичји подрачја“.[2]

Списание

Организацијата го издава тримесечникот World Birdwatch со новости и стручни написи за птиците, нивните живеалишта и нивната заштита во светот.

Црвен список

BirdLife International е органот надлежеб за птици во составувањето на црвениот список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN). Според испитувањата од 2012 г, во светот има 1.313 видови птици што се во некаква опасност од изумирање (т.е. во категориите „Критично загрозени“, „Загрозени“ и „Ранливи“). Ова изнесува 13% од вкупно 10.064 видови на птици во светот.

Поврзано

Наводи

  1. Партнери на BirdLife: Македонија (англиски)
  2. англ. Global Seabird Programme, The Birdlife Preventing Extinctions Programme, Flyways Programme, Climate Change Programme, Forests of Hope Programme, Local Empowerment Programme и Important Bird Areas Programme.

Надворешни врски

Македонски организации