Витилиго: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Витилигото се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени си...
(нема разлика)

Преработка од 15:58, 11 мај 2013

Витилигото се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично. На пример, може да се случи да имате речиси еднакви дамки на левиот и на десниот показалец.

Првите знаци на губење на пигментот често се јавуваат пред даесеттата година од животот и можат да се изразат како период на брзо исчезнување на бојата на кожата по кој следи период со мали или никакви промени. Периодот на мирување на болеста може да трае со години. Напредувањето на болеста се разликува од случај до случај. Кај еден пациент може да се појават неколку дамки и потоа со години не сеслучуваат никакви промени. Кај друг, целата пигментација може да исчезне во рок од 6 месеци. Емоционалниот или телесниот стрес може да придонесат за побрзо ширење на болеста.

Витилигото само по себе не е опасно за здравјето, иако понекогаш може да биде поврзано со болестите на штитната жлезда, со пернициозната анемија, со Едисоновата болест (Addison)(намалување на работата на адреналната жлезда) и со алопеција ареата (опаѓање на косата на мали овални површини). За повеќето болни најголемата опасност е губењето на самодовербата.

Причинители

Лекарите не знаат што ја предизвикува појавата на витилигото, иако болеста обично се јавува во исти семејства. Една третина од сите заболени во семејството има некој кој боледува од таа болест. Хемиските средства, како што се фенолот (често се користи како средство за дезинфекција) и катеколит (се користи за боење на косата и за потемнување на кожата), како и емоционалниот и телеснит страс можат да придонесат за појавата на оваа болест.

Проблемот е во што клетките наречени меланоцити престануваат да создаваат меланин - материја што на кожата ѝ ја дава бојата. Постојат три основни теории за причината за престанувањето на создавање на меланин кај заболените од витилиго. Според првата теорија, болните нервни клетки можат да ги оштетат соседните клетки кои создаваат пигменти. Според втората, телото може да го уништи своето ткиво (автоимунолошка реакција) бидејќи ги смета за туѓи клетките кои создаваат пигменти. И конечно, според третата теорија, клетките што создаваат пигменти можат самите да се уништат (автитиксична реакција), оставајќи отровен талог што ги уништува новите пигментни клетки. Без оглед на причината за појава на витилигото, оваа болест никогаш не го загрозува животот на заболениот, а само во ретки случаи е опасна за здрвјето.

Симптоми

  • Бели дамки (петна) на кожата кои често се распоредени симетрично на двете страни на телото. Рабовите на дамките со неправилен облик можат да бидат издигнати.
  • Дамките можат да се појават на секоја возраст во животот, а нивната појава често се поврзува со стрес.
  • Дамките најчесто се јавуваат на откриените делови на телото, како што се лицето, вратот и рацете, иако може да се појават на секој дел од телото.
  • Косата може да побели, а белките на очите мозат да ја сменат бојата.

Обратете се на лекар

Ако промената на бојата на кожата е толку изразена што негативно влијае врз самодовербата и социјалните активности. Постојат многу начини на лекување што ожат да го намалат дејството на витилигото.

Како да се препознае витилигото

На витилиго укажуваат неправилните дамки на наполно бела кожа што ќе се појават на кожата со нормална боја. Ова нарушување се јавува кога телото ќе престане да создава меланин. Од витилиго заболуваат припадниците на сите раси, но понезабележливо е кај луѓето со посветла кожа.

Лекување

Кај повеќето случаи, витилигото се лекува со доведување на поголем број пигментни зрнца на површината на кожата. Терапијата што е позната како ултравиолетов псорален А, или ПУВА, што се состои од орално примање на лекот и изложување на ултравиолетова светлина, се има покажано како ефикасна, особено кај болните со напреднат облик на оваа болест.

Алтернативните начини на лекување не ожат многу да направат за болниот заболен од витилиго, бидејќи врз развитокот на болеста може да се дејствува само со регулирање на создавањето меланин во телото или со пресадување здрави клетки на заболените места. Сепак, ако утврдиме дека стресот предизвикува периоди на зголемено губење на пигментацијата на кожата, обидете се да примените некои постапки за олабавување.

Конвенционални начини на лекување

Постојат два основни начини на лекување на витилигото: прво, обид да се обнови нормалната пигментација и, второ, депигментација на остатокот од кожата, што како последица ќе има доста бледа, но изедначена боја на кожата.

Кај полесните случаи лекарите обично препишуваат кортикостероиди за локална примена кои се ефикасни за отстранување мали дамки.

Во случаите кога витилигото ќе зафати над 20 проценти од површината на телото, обично се применува лекувањето ПУВА. Тоа се има покажано како успешно најмалку кај половина од сите пациенти заболени од витилиго, бидејќи се обновува пигментацијата на повеќето делови на кожата зафатена со болеста. Научниците се обидуваат да пронајдат други начини на лекување освен терапијата ПУВА, бидејќи таа предизвикува низа придружни појави, како што се оштетувања на црниот дроб, мержа и други нарушувања на видот, фототоксична реакција што предизвикува појава на мали плускавци на кожата и мачнина. Келинтот, материја што се добива од коренот на билката Ammi visnaga се покажа како ефикасна материја а замена. Тој не предизвикува фототоксичност, иако во поголеми количества може да предизвика мачнина, вртоглавица, несоница и зголемување на нивото на ензимите во црниот дроб.

Ако дамките прадизвикани од витилигото имаат зафатено нап половината од површината на телото, доаѓа предвид отстранување на бојата од здравата кожа. Таа постапка се нарекува депигментација. Сепак, пред да се решите на овој чекор, имајте предвид дека до крајот на лекувањето може да поминат месеци и години, а кожата ќе остане неповратно депигментирана. Постапката опфаќа уништување на меланоцитите со лек кој е смеса од монобензон и водород-квинон. Како можни придружни појави се контактен дерматитис, силен јадеж, многу сува кожа, напластување на пигменти во рожницата и побелување на косата.

Алтернативни начини на лекување

Хомеопатското лекување можеби е најдоброто решение за болните заболени од витилиго кои сакаат да ги избегнат конвенционалните лекови со силно дејство. Посоветувајте се со хомеопат за начинот на лекувањето.

За да го смалите стресот што може да ја влоши болеста, обидете се да примените психосоматски постапки на олабавување како што се автосугестија, јога и хипноза.

Лекување дома

За правилно лекување на витилигото мора да се јавите кај лекар. Единствено што можете да превземете дома е дамките на заболената кожа да ги изложувате на сонце. Притоа внимаајте здравата кожа да ја зажтитите од сонцето. Ултравиолетовото зрачење може да ја засили репигментацијата.