Маргарет Тачер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 49: Ред 49:
Раниот живот го поминува во родното место [[Грантам]]. Израсната е во куќата на Алфред и Беатрис Робертс, и двајцата методисти. Имале фамилијарен бизнис –продавница, која се наоѓала на првиот спрат во нивната куќа. Маргарет Робертс учела сновно и средно училиште во родниот град, од каде образование го продолжува на Оксфорд каде учела хемија. Но хемијата одсекогаш и се наоќала во втор план, споредено со политиката. Конзервативната политика одсекогаш заземала место во животот на Маргарет. Нејзиниот татко бил советник во Грантам, и често знаел да разговара со Маргарет за изминатиот ден. На Оксфорд била избрана за претседател на студентската комора на конзервативната партија.
Раниот живот го поминува во родното место [[Грантам]]. Израсната е во куќата на Алфред и Беатрис Робертс, и двајцата методисти. Имале фамилијарен бизнис –продавница, која се наоѓала на првиот спрат во нивната куќа. Маргарет Робертс учела сновно и средно училиште во родниот град, од каде образование го продолжува на Оксфорд каде учела хемија. Но хемијата одсекогаш и се наоќала во втор план, споредено со политиката. Конзервативната политика одсекогаш заземала место во животот на Маргарет. Нејзиниот татко бил советник во Грантам, и често знаел да разговара со Маргарет за изминатиот ден. На Оксфорд била избрана за претседател на студентската комора на конзервативната партија.


=Семејство и кариера==
=Семејство и кариера=


Два пати се кандидирала како кандидат на Конзервативците за место во Дартфурд. И иако и двата пати не била одбрана, се стекнала со голема слава затоа что била најмладата жена-кандидат за оваа позиција. Во Дартфурд го запознава и својот сопруг, Денис Тачер, локален бизнисмен. Се венчале во 1951 година, а во 1953 година им се родиле близнаците Марк и Керол. Во времето кога Конзервативците стапиле на власт, 1970, Тачер е одбрана за министер за образование, на бач толку добар период за Тачер поради постојаните протестим кои сепа успеала да ги смири. По катастрофалниот пораз на владата на Хет во 1974, Маргарет се кандидирала за претседател на Конзервативната партија, что и станала во февруари 1975 год.
Два пати се кандидирала како кандидат на Конзервативците за место во Дартфурд. И иако и двата пати не била одбрана, се стекнала со голема слава затоа что била најмладата жена-кандидат за оваа позиција. Во Дартфурд го запознава и својот сопруг, Денис Тачер, локален бизнисмен. Се венчале во 1951 година, а во 1953 година им се родиле близнаците Марк и Керол. Во времето кога Конзервативците стапиле на власт, 1970, Тачер е одбрана за министер за образование, на бач толку добар период за Тачер поради постојаните протестим кои сепа успеала да ги смири. По катастрофалниот пораз на владата на Хет во 1974, Маргарет се кандидирала за претседател на Конзервативната партија, что и станала во февруари 1975 год.

Преработка од 23:35, 6 мај 2013

Баронеса Тачер
Фотографија
Премиер на Обединетото Кралство
На должноста
4 мај 1979 – 28 ноември 1990
Монарх Елизабета II
Заменик Вилијам Вајтло
Џефри Хау
Претходник Џејмс Калахан
Наследник Џон Мејџор
Водач на опозицијата
На должноста
11 февруари 1975 – 4 мај 1979
Монарх Елизабета II
Премиер Харолд Вилсон
Џејмс Калахан
Претходник Едвард Хит
Наследник Џејмс Калахан
Претседател на Конзервативната партија
На должноста
11 февруари 1975 – 28 ноември 1990
Претходник Едвард Хит
Наследник Џон Мејџор
Лични податоци
Роден(а) Маргарет Хилда Робертс
13 октомври 1925(1925-10-13)
Грантам, Линколншир, Англија
Починал(а) 8 април 2013(2013-04-08) (возр. 87)
Лондон, Англија
Партија Конзервативна партија
Сопружник Данис Тачер
(1951–2003)
Деца Карол Тачер
Марк Тачер
Живеалиште Честер Сквер
Установа Сомервилски кол., Оксфорд
Судско здружение
Професија хемичар
правник
Вероисповед англиканство
(1951–2013)[1]
методизам (1925–1951)
Потпис Податотека:Signature of Margaret Thatcher.svg

Маргарет Хилда Тачер, Баронеса Тачер (англиски: Margaret Hilda Thatcher) (13 октомври 1925 - 8 април 2013) е поранешна британска политичарка и премиер позната и како „Железната леди“.

По занимање е адвокат и хемичар. Тачер во 1974 година станува првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство и ја извршувала функцијата од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.

Маргарет Тачер се памети по својата одлучност повеќе од кој било друг политичар од тоа време. Позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган. За нејзиното владеење Британија влегува во Фолкландската војна со Аргентина, поради спорот околу Фолкландските острови 1982 година.

Ран живот и образование

Раниот живот го поминува во родното место Грантам. Израсната е во куќата на Алфред и Беатрис Робертс, и двајцата методисти. Имале фамилијарен бизнис –продавница, која се наоѓала на првиот спрат во нивната куќа. Маргарет Робертс учела сновно и средно училиште во родниот град, од каде образование го продолжува на Оксфорд каде учела хемија. Но хемијата одсекогаш и се наоќала во втор план, споредено со политиката. Конзервативната политика одсекогаш заземала место во животот на Маргарет. Нејзиниот татко бил советник во Грантам, и често знаел да разговара со Маргарет за изминатиот ден. На Оксфорд била избрана за претседател на студентската комора на конзервативната партија.

Семејство и кариера

Два пати се кандидирала како кандидат на Конзервативците за место во Дартфурд. И иако и двата пати не била одбрана, се стекнала со голема слава затоа что била најмладата жена-кандидат за оваа позиција. Во Дартфурд го запознава и својот сопруг, Денис Тачер, локален бизнисмен. Се венчале во 1951 година, а во 1953 година им се родиле близнаците Марк и Керол. Во времето кога Конзервативците стапиле на власт, 1970, Тачер е одбрана за министер за образование, на бач толку добар период за Тачер поради постојаните протестим кои сепа успеала да ги смири. По катастрофалниот пораз на владата на Хет во 1974, Маргарет се кандидирала за претседател на Конзервативната партија, что и станала во февруари 1975 год. Успешно ја водеше опозицијата од 1974-1979, кога на изборите во мај 1979 стана премиер на Велика Британија.

Премиерствување

Прв мандат

Нова влада настапи со една основна цел-подобрување на економијата во Британија. Се преземама драстични мерки, кои и беа потребни! Се скратија даноците, буџетот беше балансиран. Но економија веќе влегуваше во рецесија. При крајот на првиот мандат на Тачер невработеноста во Англија веќе изнесуваше околу 3 милиони, и почна да се намалува дури во 1986 год. Земјата се наоѓаше во инфлација. Но влада некако успеа да излезе од таа криза, со преземање на најразлични мерки, и влада донекаде успеа да ги исполни ветувањата. Но реизбирањето на владата не беше сигурно се до се до еден непредвиден настан : Фалкландските Острови. Инвазијата на Аргентинската Хунта на овие острови наиде на Маргарет Тачер на нацврст можен начин. Иако претходно се обиде на дипломатски начин да го реши проблемот, кога заклучи дека тоа нема да испадне успешно, Тачер употреби воена сила. Овај потег се покажа како успешен и Фалкландските Острови беа под Британска контрола во јуни 1982. Оваа постапка всушност и го сервира на Маргарет Тачер вториот мандат. Во јуни 1983 владата беше реизбрана и тоа со високо мнозинство од 144 пратеници.

Втор мандат

И на почетокот на вториот мандат, Тачеровата влада наиде на проблеми-штрајк на рударите. Овај штрајк траел од 1984-1985 и е запаметен како еден од надолгите и најнасилните во Британската историја. Штарјкувачите не биле задоволни од новите економски реформи. Меѓутоа владата на Тачер уште еднаш докажала дека знае како да се справи со ваквите ситуации, и го решила проблемот. Во октомври 1984, кога штрајкот сѐ уште траел, Ирската републиканска армија (ИРА), се обидела да ја убие Тачер, и некои членови на нејзината влада, со бомбардирање на хотелот во кој престојувале, за време на конференција на Конзервативната партија. Иако Тачер била неповредена, нејзини колеги завршиле трагично, а собата до нејзината била сериозно оштетена. И покрај тоа конференцијата била одржана. Британската полиција во Северна Ирска одсекогаш била проблем за британскиот државен врв, но Маргарет особено ги налутила со тоа што одбила да излезе во пресрет на на нивните политички барања. Сепак, во 1985, го потпишала Англо-ирскиот Договор, со кој се предвидувало подобрување на односите меѓу Британија и Ирска, со цел да се добие поголема безбедност. Но исто договорот служел и за политичко признавање на Католиците во Северна Ирска, постапка која наишла на поздрав од Роналд Реган и америчкиот конгрес. Што се однесува на економијата, се наоѓала во доста добра состоја, особено по преземањето на одредени потези од страна на Тачер. Со економијата на високо ниво, Маргарет Тачер беше повторно избрана за премиер на Обединетото Кралство, овојпат со мнозинство од 101 пратеник во јуни, 1987.

Трет мандат

Третиот мандат, беше меѓу најамбициозните премиерски мандати на Британската администрација, воопшто. Имаше голем број на реформи : во образовниот систем, реформи во Националниот Здравствен Сервис, се воведе нов даночен систем … Економија цветаше во периодот од 1987-1988. Меѓутоа имаше несогласувања во рамките на владата во врска со политиката на Европскара Заедница. Говорот што го даде во Бругс, во септември 1988, го започна процесот на преод на Конзервативната партија, некогаш про-европски ориентирана, да стане евро-скептична. Тачер учествуваше и во последната фаза на Студената Војна, како зацврствувајќи ја Западната Алијанса против Советите, така и како оладувач на конфликтот кој се случува подоцна во истата декада. Советите ја нарекоја Iron Lady поради цврстиот став кој го имаше против нив во говорите кои ги даваше. Во 80тите изјавуваше голема поддршка кон Регановата политика. Но кога Михаил Горбачев стана потенцијален советски лидер, таа го покани во Британија и го декларира како човек со кој може да се води бизнис, иако сѐ уште ненамалувајќи го својот критицизам кон комунизмот. Кога во 1990, по завршувањето на студената војна, и отворањето на источните економии, Франција се обиде да ја заживее идејата за единствена европска валута. Тоа наиде на несогласување во британската влада, и доведе до уште поголеми поделби во врска со европската политика. Заменик министерот, Џефри Хау, поднесе оставка поради, како што наведе тој, политиката на премиерката во врска со европа и особено нејзиното противење на идејата за единствена европска валута. Во партиското гласање што следеше, Тачер го доби мнозинството, но беше информирана дека е потребено второ гласање. Добивајќи ја веста на една конференција во Париз, Тачер веднаш одлучува да продолжи да се бори. Но кога се вратила во Лондон, наишла на противење на колеги од нејзината партија, кои се сомневале дека ке добие четврт мандат. Немајќи друг излез, одлучува да се откажи од премиерската трка. Ја заменува Јон Мајор, кој пак подоцна бил заменет со либералната власт на Тони Блер.

Поврзано

Наводи

  1. Thatcher 1995, стр. 150.

Надворешни врски