Хондурас: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 191: Ред 191:
[[Категорија:Хондурас| ]]
[[Категорија:Хондурас| ]]
[[Категорија:Карипски земји]]
[[Категорија:Карипски земји]]
[[Категорија:Држави во Средна Америка]]

Преработка од 10:43, 3 мај 2013

Република Хондурас
República de Honduras
Знаме Грб
Гесло"Libre, Soberana e Independiente"(шпански)
"Слободна, суверена и независна"
ХимнаНационална химна на Хондурас
Местоположба на Хондурас
Главен градТегусигалпа
14°6′N 87°13′W / 14.100° СГШ; 87.217° ЗГД / 14.100; -87.217
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  90% мешани
7% староседелци
2% црнци
1% белци
Демоним Хондурец
Уредување Република
 •  Претседател Порфирио Лобо Соса
 •  Заменик претседател Марија Антониета де Богран
Независност
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Федерална Република во Средна Америка 31 мај 1838 
Површина
 •  Вкупна 112,492 км2 (102-ра)
Население
 •  проценка за август 2009 г. 7.810.848 (93-та)
 •  Попис 2000 6.975.204 
 •  Густина 64 жит/км2 (128-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $32.779 милијарди[1] 
 •  По жител $4.275[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.001 милијарди[1] 
 •  По жител $1.826[1] 
Џиниев коеф. (1992–2007)55.3[2]
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2007) 0.732[3]
Error: Invalid HDI value · 112-та
Валута Лемпира (HNL)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .hn
Повик. бр. 504

Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) е република во копнена Средна Америка. Хондурас на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.

Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белизе.[4] Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека официјален јазик е шпанскиот јазик.

Етимологија

Шпанците имала различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.


  • Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухило кој покасно станало име за целата територија
  • Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро.
  • Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).[5]

Историја

Географија и клима

Карта на Хондурас.

Хондурас е држава во Средна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.

Територијата на Хондурас е воглавно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 km² каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.

Политички систем

Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

Карта на департманите во Хондурас

Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:

  1. Атлантида
  2. Чолутека
  3. Колон
  4. Комајагва
  5. Копан
  6. Кортес
  7. Ел Параисо
  8. Франсиско Моразан
  9. Грасиjас а Диос
  10. Интибука
  11. Заливски Острови
  12. Ла Паз
  13. Лемпира
  14. Окотепеке
  15. Оланчо
  16. Санта Барбара
  17. Валjе
  18. Јоро

Економија

Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Латинска Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија.[6] Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во Западната Хемисфера, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.

Население, јазик и религија

Сан Педро Сула.
Податотека:Tgu6.jpg
Катедрала во Тегусигалпа.

Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.[7]

Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:

Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Официјален јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.

Култура

Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондураски сликар е Хозе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондураски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.

Галерија

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски