Социјалистичка партија на Македонија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Bot: Migrating 6 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2491139 (translate me) |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
||
'''Социјалистичката партија на Македонија''' (СПМ) е партија која себеси се карактеризира како партија со [[социјализам|социјалистичка]] ориентација. Нејзин лидер е [[Љубисав Иванов - Ѕинго]]. СПМ е дел од [[Влада на Македонија од 2011|владината коалиција]] и има три пратеници во [[Собранието на Република Македонија]]. |
'''Социјалистичката партија на Македонија''' (СПМ) е партија која себеси се карактеризира како партија со [[социјализам|социјалистичка]] ориентација. Нејзин основоположник и прв претседател [[Киро Поповски]], a лидер е [[Љубисав Иванов - Ѕинго]]. СПМ е дел од [[Влада на Македонија од 2011|владината коалиција]] и има три пратеници во [[Собранието на Република Македонија]]. |
||
== Историја на партијата == |
== Историја на партијата == |
Преработка од 01:45, 2 мај 2013
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) е партија која себеси се карактеризира како партија со социјалистичка ориентација. Нејзин основоположник и прв претседател Киро Поповски, a лидер е Љубисав Иванов - Ѕинго. СПМ е дел од владината коалиција и има три пратеници во Собранието на Република Македонија.
Историја на партијата
СПМ е основана на 22 септември 1990 година. Таа е правен наследник на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.
Првиот конгрес на Партијата се одржа во jуни 1991 година и на Конгресот беше усвоена Политичка програма и Статут на партијата. Партијата зема учество во првите плуралистички парламентарни избори во 1990 година и освојува 6 пратеници во Парламентот. На вторите парламентарни избори во 1994 година СПМ настапува во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либералната партија, освојува 8 пратенички места и станува четврта партија според бројот на пратеници во Собранието. Партијата партиципира во Владата со тројца министри и еден потпретседател на Собранието.
На Вториот конгрес на СПМ, кој се одржа во јули 1995 година, на местото на првиот претседател Киро Поповски, за претседател на партијата е избран Љубисав Иванов - Ѕинго. Неговиот избор за претседател на партијата беше потврден на Третиот конгрес на СПМ во март 2000 година.
По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапува самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапува во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена „Трет пат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005, СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание беа избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ беше застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, како министер за земјоделство.
На предвремените парламентарни избори во 2008, СПМ учествува во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освојува три мандати. Пратеници од СПМ стануваат: Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Јован Лазарев. На парламентарните избори во 2011 година СПМ повторно е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и освојува три пратенички мандати.
Раководство на партијата
Претседател: Љубисав Иванов - Ѕинго
Потпретседатели:
Јован Лазаров, Михаил Цветков
Генерален секретар: Љупчо Димовски
Извршен секретар: Владанка Авировиќ
Како дел од СПМ делува и нејзиниот подмладок, Млади социјалисти на Македонија, чиј претседател е Малиша Станковиќ.