Среќна Нова ’49: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 128: Ред 128:
- Сакам да знам што ќе биде со брат ми, не може да незнајеш.
- Сакам да знам што ќе биде со брат ми, не може да незнајеш.


- Не знам. Слушај дете. Цел месец бело видело не сум видел. Работам по 24 саати на ден. Сега најдов нејоа минутка да се издишам, а ти од небо па у ребра. Па што сакате бе, да му ибам мајката, у лајна е брат ти до гуша. На него е падната тешка сумња. Се појави и сведок кој го терети дека бил заједно заврбуван со некој. Сега таа изјава ја проверујат. Ако е крив ќе наебе. Стаљин ни ја крши кичмата, сами сме, руски тенкови се на граница. Тука милост нема. Слушај синко, трошка надеж да немате, мислам дека заглаил. Доста ли е? Нели е поштено мајката?
- Не знам. Слушај дете. Цел месец бело видело не сум видел. Работам по 24 саати на ден. Сега најдов некоја минутка да се издишам, а ти од небо па у ребра. Па што сакате бе, да му ибам мајката, у лајна е брат ти до гуша. На него е падната тешка сумња. Се појави и сведок кој го терети дека бил заједно заврбуван со некој. Сега таа изјава ја проверујат. Ако е крив ќе наебе. Стаљин ни ја крши кичмата, сами сме, руски тенкови се на граница. Тука милост нема. Слушај синко, трошка надеж да немате, мислам дека заглаил. Доста ли е? Нели е поштено мајката?


- Сервус.
- Сервус.

Преработка од 21:08, 22 април 2013

„Среќна нова ’49“
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиПетар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикMакедонски
Српско-хрватски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов, со Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Душко Костовски во главните улоги. Се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај Црно семе на Кирил Ценески[4], што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Добитник е на низа награди и признанија, меѓу кои, како особено значајни се издвојуваат Гран при-то, „Голема златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм, оддржан во Пула во 1986 година, како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре од 1991 година.[2]

Содржина

Основна тема е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во нашата општествена средина.

Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, тоа е сторија за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвара сите врати ...

Негов интерес е и Вера (Владица Милосављевиќ) млада, убава и привлечна девојка на постариот брат додека овој е во затвор, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, таа се самоубива. Но, ривалската банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги "средува" работите во тогашното Скопско подземје и Коста во безизлезна ситуација се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома нема да знае каде е заминал и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Локации

Филмот е сниман на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Бисери

"- Си се прочул ептен набрзина. Кажујат све си можел.

- Шо треба?

- Пеницилин!

- Ијам.

- Кога?

- У секоје време на мој терен.

- Ха, ха. Шо е твој терен? Нов си, не знам.

- Водно, кај кршот, сабајле у 7.00

- Шес комада.

- Ијам. Два сома. Ампула.

- Шо?

- Ако ти чини, прав "американец".

- Платено."




"- Касните.

- Ги имаш стварите?

- Седите.

- Брзаме.

- Прав "американец".

- Стварно све си можел. Исплати му!"




"- Повелете друже Јоргачев,...столчето...

- Абе сто пути сум ти рекол дека можам и сам. Не туку се плеткај оклу мене!"




"- Сервус чичко Диле. Си поранил на кркушки. Нервоза, а?

- А кој си ти?

- Коста Ковачевски, на Стојан каменорезецот. Беше кај тебе.

- Да. Беше.

- За мене можеби не се сеќаваш, последен пат се видовме во Април 41 кога ми ги пенчетираше кондурите на вересија, како и на цело маало. Сила беше тогаш.

- Од далеку ги почнујеш работите. За брат ти ли дојде?

- Те барав во канцеларија, не ме пуштија да примирисам. Велат зафатен е дење-ноќе, таму и си спиел.

- И?

- Речи ми саме едно чичко Диле, како му се пише?

- Му кажав и на татко ти. Работата се испитује.

- Сакам да знам што ќе биде со брат ми, не може да незнајеш.

- Не знам. Слушај дете. Цел месец бело видело не сум видел. Работам по 24 саати на ден. Сега најдов некоја минутка да се издишам, а ти од небо па у ребра. Па што сакате бе, да му ибам мајката, у лајна е брат ти до гуша. На него е падната тешка сумња. Се појави и сведок кој го терети дека бил заједно заврбуван со некој. Сега таа изјава ја проверујат. Ако е крив ќе наебе. Стаљин ни ја крши кичмата, сами сме, руски тенкови се на граница. Тука милост нема. Слушај синко, трошка надеж да немате, мислам дека заглаил. Доста ли е? Нели е поштено мајката?

- Сервус.

- Еј сервус! Услуга за услуга. Тргни ми го оној од ондека, малер ме бие!"




"- Бугер, требе ли овој да живее?

- Требе, ама има еден услов.

- Кој е тој услов пршује Пемба.

- Да добије нешто од нас за успомен.

- Кај си бе курле? Те чекаме 4 недели...пријатељ. Еднаш се измкна, али овој пат тешко.

- Ќе убијам!

- Ако стигнеш.

- Го знаеш ли овој, Пиги? Пемба из Ниш. Корне нокти.

- Ајде бе доста паламудиме, да свршиме работа и да бегаме.

- Тако је.

- Еве ја успонемната што од сеа ќе ја носиш за дуго сечање на овој сусрет. Уместо едното ноџе, хммм... Полесно ќе се збори со тебе ако ни го оставиш твоето лево ноџе.

- Што му јебеш матер, кажи му да че да буде чопав и тачка.

- Пазете, јас не кршам нозе, јас убијам!

- Ја идам на женската, вие двајца на него."




"- Здраво Курбла! Здраво Пиги! Нешто нѝ е љут.

- Нејќе да каже здраво.

- Ќе пукам!

- Јок. Другар ти Толе сврши работа.

- Ах, извини Пиги, морално беше. ...ох...

- Ти текнује за штакава? Има да чопам како шатка за цел живот. А, и овие имаат нешто за зимање.

- Знам.

- Добро е што знаеш. Право да ти кажам брат, криво ми е што стана вака. Боље ќе беше да станеме ортаци. "Бугер & Курбла ltd". Еби му мајката. Судбина. А, ти си крив, за цело време нè запостављаше. И се курчеше.

- Ајде бе работи, не јади гомна, ќе настинам.

- Добро. Кај си бе?

- Овде сам.

- Знајеш што е ова?

- Клозетска цевка.

- Цевка од олово. Со денови сме седеле и мислеле како да те спичкаме. Ко мајка му на овој Пемба из Ниш, го знаеш. Страшна женска, ѝ текна: гоманрот со гомнарски цевки! Она така и мажот ѝ, очувот на Пемба го спичкала.

- Јесте. Тако је.

- Доџи овамо! Доџи овамо бре, што си застануо? Ајде, земи цевку и работи!"

Реакции и награди

Реакции

Среќна Нова ’49 го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Избран е за Најдобар југословенски филм за 1986 година и како таков, предложен е да биде Југословенски кандидат за Оскар. Сепак, не успева да влезе во потесниот избор.

Награди

Белешки

Надворешни врски